Порачав онлине ама платив преку карго и како оди рефундирање на пари дали преку трансакциска или преку карго ќе ми ги вратат парите? На каса девојката ништо не ми објасна и викам преку транскакциска ќе ми ги вратат не преку телефон ми вика.
Две порачки направени преку нет и платени. Едната на 26 ноември, стигна со доцнење од 3 работни дена. Втората направена 27 ноември, денес 02.01.2026 уште нема стигнато, во истата се наоѓаат новогодишни работи, кои веќе не ми се ни потребни. Дали некој знае каква е процедурата за враќање на парите? Кога ќе стигне( ако стигне пакетот), адреса е ставено дуќан, дали морам да го подигнам и вратам пак во дуќан или воопшто и да не го земам, ако некој има некое искуство? Во меѓувреме се пријавени во државен пазарен и им се пишани маил на сите од службата во Полска на LPP. Ова веќе им ги надмина сите граници на трпение. Безброј пати јавувања на броевите од курирска, неколку пати идење во дуќан и само си ја префрлаат топката од една на друга.
Имам нарачки од 05.01 и 10.01, прв пат одбрав да бидат со достава во продавница. Абер нема да стасаат, колку време се чека вообичаено вака? За достава до дома се ми се чини побрзо било...
Имам земено лани летото, не се покажале лоши. Ама сè на сè двапати сум ги облекла за конкретна комбинација, зашто светол тексас. Ако земеш во скоро време, сподели.