Eпа ако утре е отварањето за вип персоните тогаш тие ќе имаат вип можност да купуваат со најголеми попусти
Гледав на страната на грчкото Бершка имаат мнооогу убави фустани и ич не се скапи, и кај нас да се поскапи пак се прифатливи. Се надевам ќе ги има истите и кајнас
Мојот сопруг ќе биде таму за ВИП отварањето (утре), па ќе видам баш што ќе ми каже. Секако нема да му пратам список за да ми купува партали хаха. Инаку колку што знам, за да се привлече Зара, скопје сити мол им понудил три години бесплатна кирија. На тој начин Зара како бренд си привлече и други кираџии. Да биде ефтино не може да биде, Зара е Зара, а и кај нас во Македонија како по дифолт високи цени секогаш. Знам кога има попусти во Манго кај нас и во други Европски земји, разликата е смешна. Кај нас ќе најдеш нешто од нешто за пристојна цена, а на други места баш супер партали за ниски цени.
Можете и во Зара да разгледате, не има има преубави работи, а кошулите и не се толку скапи, барав едни тексас кошули во манго 3200 беа тука се на пола
Колку од 0 до Сити Мол во моментов си неспремен? Да. Дечки, не знаете што се случува пред градилиштево, да не речам. Нервоза на сите страни, работат под норма, глава да те заболи,човек не може ни такси ни автобус да фати. Брзаат, лепат, буквално ко макета да прават. Многу ми е несериозно, конзумерски, неврозно и параноично. Аверзија, аверзија имам и не знам дали воопшто ќе му дадам шанса првиве денови, ми се одмили некако. Подобро да го отвореа некаде крај на октомври, ова нема шанси да се заврши целосно барем за уште еден месец. Секоја чест што прават нешто за населбава, ќе има пари, ќе има вработувања, ама бадијала, македонски синдром, сечи уше, крпи пизда, со опроштење! Не се работи така. Мислам, дај. Правиш најголем балкански шопинг центар, а целиот зјае со дупки, има шут и смет на околните места, се маскираат одредени недоправени локали и ајде, терај. Голем палец надолу за сето тоа.
Не би рекла дека е најголем ГТЦ поголем е, него ако живееш тамо ке може да ни сподеш некоја свежа слика...
http://maxim.mk/foto-galerija-glamurozn ... C-odvnatre Потполно се сложувам со Шилеа, во денот минимум 3 пати поминувам покрај него и што да кажам... Сe' убаво, само што ептееееен прерано се отвори. Можеа барем уште месец дена да почекаат се да се среди. Вака стварно се работи се' набрзинка, само да се замачкаат очи. Има мал милион луѓе кои работат моментално, премногу динамично се работи на него и не знам искрено како ќе биде се стокмено до вечер, до официјалното отварање во 7ипол. А има уште доста работа, како надвор така и внатре.
Јас си купив карта од 50 евра. Се изнакупував денеска. Во Зара 50% попуст капути, чизми, фустани купив неколку. Супер е. Даваа шлемови на влез бидејки уште се гради ама нема врска, има 10тина продавници отворено само ама и тоа нема врска, не е средено ама и тоа нема врска, друго е супер Spoiler Шалим се нормално Беа сабајлево колеги и кажаа дека дива лига е начисто и надвор а и внатре, се чудеа како ќе средат. А сега најсериозно во Carrefour ќе има до 21ви Октомври одлични промоции, од најобични работи како леб на 50% и други грицки па се до до апарати за домаќинство, фенови, пегли, лаптопи ... има многу работи на попуст.
Деновиве ќе има некој попусти во ДМ во City Mall, па ако планирате да купувате козметика и такви ствари поминете тука
Девојки, ако идете утре ќе може да си извлечете купон со попуст во ново отворената продавница на Бела во Skopje City Mall. Spoiler Ова го напишале оние самите на нивната официјлна фб страна Посетителите на бутикот во четврток ќе имаат можност да си извлечат купон. Бројот на достапните купони зависи од бројот на новите фанови. Иначе слушнав и за некои промотивни цени на carfour кои ќе важат од 04.10 до 21.10. Па еве да споделам и со вас Леб-14 денари, чоколади 29 денари, 2 вина 99 денари, ориз 35 денари, пегла 999 ден, фен Филипс 399, тафче 129 ден, енергетски пијалок Карфур 19 денари, крем за мачкање 99 денари, маслиново 189 ден, кафе 19 денари, пиво германско пола литро 29 денари, грав 79 денари. Техничка: телевизори на 10 рати со 0% камата, почнуваат од 799 до 3399 денари рата, лап топи исто на 10 рати- 1499 денари рата, дигитален апарат Самсунг 6299 денари, таблет 4999 денари, греалки 449 денари и 1099 денари итн.. За крај еве и неколку слики: Сликите се превземени од: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=833&PN=34
bershka http://www.bershka.com/webapp/wcs/s.../45009579/en/40109502/31528/Blazers+&+Jackets massimo dutti http://www.massimodutti.com/webapp/wcs/stores/servlet/category/35009529/en/30359453/262502/WOMEN цените се во МКД
Глеам полиции по градов, си викам што се дешава, се додека не дознав дека Грујо наш ке одел, да сече лента Го натерав татко ми од таму да поминеме, дека успат нели , ај поминавме, лом гужви,гужви само од кола видов.Поназад на раскрсница една некоја кола мавнала мотор, џунгла беше. Едвај си дојдов дома, па и на тоа и без бензин ке останевме.Пуста среќа наша, сите затворени семафори ги фативме Легенди сме..