Стрпете се, ПОПУСТИ ќе има кон крајот на есента,сега не се будали да дадат,и тие мислат нешто да искористат.Како сите останати продавници што даваат,ќе има и таму попуст,ама ќе има подобри понуди и обично има и 1+1 или 2+1 бесплатно,такви некои.Вие мислевте одма ќе ги стават со попусти? Тие си се марки и си имаат високи цени нормално.Како на Тера Нова што новата колекција и е со повисоки цени,така и на овие. А ДМ и Карфур секогаш ќе имаат некакви попусти,секој месец различни,во маркетот можи и секоја недела,а и плус специјални попусти.
Не издржав, сабајлево отидов претпладне. Морам да кажам дека сум пријатно изненадена. Голем е, но не најголем на Балканов како што се пропагираше. Лесно може да се снајде човек во него, убаво изгледа, модерно, и имаш онакво чувство како да си во Космос. Цените, нормално, високи. Дури и повеќе од што очекував. Со стоте евра што ги понесов можев да си купам само две парталчиња. А за чизми, за тоа и првично ми беа наменети, да не правиме муабет. Ама трпеливо ќе дочекам попуст, од интерес да видам колку ниско е ниско, во нашиве услови. Браво за Алдо, фантастичен избор на чевли со висок квалитет и цени, сепак добредојден. Се полигавев 10 минути за да сфатам дека ми е потребно да ограбам банка за да ги задоволам желбите. Космо Тинкес пријатно ме изненадија со убави промоции, а и просторот изгледа фантастично. Во Зара нема ни 60% од новата колекција којашто е моментално на веб страната на Зара-Грција. Бершка ми дојде комично кога ги видов парталите со цена над три илјади, а кои на попуст би требало да се продаваат под илјадарче. Поготово нереални цени за еко-кожни јакни и фејк-кожа обувки. Ама изборот е одличен. Да испереш очи од секојдневно истите парчиња што се вртат низ градот. Нема што нема, а ако имаш и подлабок џеб ќе си дозволиш ултра плакар. Патем, само 6 локали беа со плакат Opening soon, а два во процес на редење на роба. Во Керфур и ДМ не пробав ни да влезам. Се тепаа луѓе, да. Имаше и такви што се тепаа за леб, шеќер и други основни продукти. И тоа не е од што народот има пари за шопинг во нов мол, туку од што нема. И не гледам зошто е толку лошо сфатено и исмевано. Има луѓе на кои и заштеда од 3 денари им менува многу. Само ќе кажам дека хејтањето на социјалните мрежи е веќе толку мејнстрим, што нема потреба од солење памет и истакнување со мрчење.
Spoiler А во молов Пренди и Певекс ко за мене и некои остали нема бе, а? Па и то е марка бе! Во рок од месец стана мега бренд в Скопје па пошироко бе ејј Фино изгледа... Епа ајде да ги одврзаме ќесињата
Певекс е топ деновиве, ќе нема гужва, сите се во Сити Мол сеа Иначе јас си имам Зара фармерици за 300 денари и ги најдов на страната на Зара летово истите, беа 10 пати поскапи. Замисли идеш до Солун и ги купуваш, а потоа истите во Певекс ги наоѓаш. Мене срце ме боли за такви работи. Луѓе денес имаше реакции еве пример во Тутунска банка во главната експозитура работел еден шалер, другите вработени ги немало, имаше слика на интернет ,,сите се во Сити мол". Каква работа, битен догаѓај се дешава Да ви кажам денес почуствував еден бран на љубомора, срцево ќе ми скокнеше од градиве, се полигавев, се тоа кога видов цура со две кеси Алдо како помина покрај мене. Тоа беше силен нагон на љубомора, добро е што не и ги грабнав и не избегав
Кои ќесиња? Негде прочитав дека купувањето во странство било шопинг-навика на модерното време. Така да ние пак по попусти во Cosmos, а овој mall добро ќе им дојде на цуре из београду кои не штеде на гардеробу...
Страдивариус има? Јас го сакам повеќе од Бершка. Туку од Алдо ќе си купам чизми, мора, ќе ми се посреќи на спортска еден ден . Ај хоуп соуу .
Има Страдивариус. А чевлите, поготово чизмите од Алдо се добра инвестиција ако ме прашувате. Кожни, преубави модели, мешавина на класично и модерно. Ми даде идеа и јас да ставам ливче, може ќе се посреќи.
Такви ми требаат, со години да си ги носам, и така низ обичните продавници чизмите се околку 2000 денари па и повеќе, а не траат цела сезона, и плус се враќаш со мокра чорапа . Алдо му е мајката .
Јуле и Страдивариус има. Јас луѓенца денеска во Алдо дури 4 пати влегов, се исполигавив и си излегов со празни раце а и стандард празен џеб. Розевите штикли и плавите до глужд чизмички ми прираснаа за срце, а богами и гоооолем дел од накитот што беше изложен. Готово сега се заинатив, ќе штедам па мајка Јана, ееее .
Не сте свесни колку посетители има темава. И мене не ми смета што се радува народ, не одам деновиве зш е гужва и не сакам да се буткам. Планирам јас во сабота да одам да си испазарам нешто од Керфур (Керфор или Керфур, дај некој нека ме просветли ), пример, мали јогуртчиња по 9 денари, со по 3-4 лажици овес насабајле, супер појадок. Или перничињата беа симпатични, си имам од грчкото купено три перници за пет евра, декоративни, супер се. На сестра ми нешто ќе и купам, гледам има и детски маички и играчки. Малку офтопик, ама има нов бренд, веројатно од самиот супермаркет, на сирења и млека, Вардарско се вика. Добро име. Ако продолжат вака со цените, имаат веќе еден редовен муштерија. А за другите продавници, па ќе си ги прошетам, што да не. Демек секој ден на интернет не гледам мал милион работи што не можам да ги имам. Уште едно место каде што ќе можам да одам и да се полигавам по излози и да отепам некој саат. Пренди и Певекс мислам ако отвореа овде ќе беше баш профитабилна идеја.
До тие шо беа денес во циту малл како цените во зара,ну јоркер, и да не ги набројувам другите продавници за облека...планирам сабота-недела да отидам али ме интересират предвреме цените да знам дали да си понесам некоја паричка во џеб или да си чекам попусти..
Многу. Во Манго видов едни преееееееееееубави, ама брате 7500. Ту мач, ту мач. Исто едни Uggs што видов 13490.
Јас денеска требаше да одам натака,ама испадна нешто не планирано,па утре ќе одам.Планирам да си направам арен шопинг во ДМ,пошто одамна ништо не сум си купила.Само утре да нема гужва како денес што имало
Морам,морам,морам да престанам да гледам по страниве облека. Ама неможам.. Срцево ми се пара кога ке видам некоја кошула 6990'.. Ах,да имав во мене барем 5000 евра,мамата ке им ја спо**бав кога ке влезев во Молов..До денар! Само ова P&B има онака асални цени... Не,појке не смеам да гледам никако!!!! Си давам сама на себе наредба !