Сум заборавила да пишам ама еве кажа Дала Иначе најефтини чизми беа 2.890 (барем од тие јас што ги видов) во Urban Jungle се заљубив во едни црни или сиви со внатре розево, прекрасни беа, ама иди купи ги 5.690 , бев и во Котон, колку се збореше за него од типот - Ееееј едвај чекам да го отворат, па ке се изнакупам , а внатре едвај 3 души (незнам за тие вака што викаа, беа некои мои познанички не зборам на форумов) . Влегов, видов чао - пријатно, 8.500 една јакничка, а овие се помочаа од среќа што ке купувале од таму, ццц.. будала работа. Ги глеам од тие пола што викаа дека којзнае што ке купувале, не ни влегоа во Котон. Што мислеа они, којзнае колку ке е поефтино од Бершка или некои други. Е сеа коа ке ги видам коа ги прашувам што изнакупувале толку од Котон ко семафор се вцрвенуваат и нормално одговорот е - Ништо . Добро бе што се замислуваа они, којзнае колку ке биде ефтино? Па се се тоа некои фирми , брендови најнормално дека нема да биде по 1.000 -ка една јакна. Не зборам за сите туку за овие што кажав , другаркиве мои, демек се ке изнакупеле, а дали еден пар чорапи имаат купено од тој сити мол, освен од карфур нормално.Така да само еден поздрав до сите нив, иста им беше реакцијата за други трговски центри или продавници што ке се отвараат (зборам за некои поесклузивни) ,и на крај усрамено ке те гледаат и коа ке ги прашаш што купиле нормално ништо, пошто ваквите продавници се за некои со подлабок џеб.
Ги има на нивната официјална страна сите цени (за секоја држава) повели линк : Spoiler http://www.massimodutti.com/webapp/wcs/stores/servlet/category/duttigr/en/massimodutti/374514/Suits п.с. покасно видов дека веќе ти одговориле нема штета од две
Јас уште не сум била а поради обврските најверојатно ќе можам да одам во недела па ме интересира дали сите продавници работат и во недела
Бидејки испадна недела да одам во Скопје , дали работи Сити мол во недела? , или некој други од трговските дали работат?
Зависи во кое време ќе појдиш таму. И дали ќе ги погодиш гужвите. Јас бев пред некој ден околу 10-11ч одутро и немаше гужва. Потоа наеднаш стана навалица. Мене ми пречи што нема повеќе клупи за седење (нели намерно немало, за да шетаме по продавници и да седиме по кафичите) и што внатрешниот простор во ходникот е некако празен, штур... Можеби допрва ќе стават нешто, кој знае...
Јас сум заразена со Бершка, пола колекција ја купив и едвај чекам да донесат нова роба Иначе ми се допаѓа и долната облека во Woman`s secret
Тие што биле во Страдивариус... Дали ја има забележано јакнава (colour: pale camel)? Или да ми посочите каде во молов може да се најде слична по прифатлива цена до кај 30 евра?
Штотуку вратена од молов.Не сум нешто разочарана што е за право,очекував по продавнициве поскапо да е .Зара да , има скапи парчиња ама не е толку колку што мислев има џемпери по 1000ка и фармерки за 1300-1500 што според мене не е многу.Бершка и Пул& Беар исто се наогаат кошули до 1300 што во споредба до другите породавници низ град не се многу поскапи.Се на се горе доле нормални ми се цените.Влегов во Алдо е таму да, изгор некако ми беа чевлите ,барем јас тие што ги гледав се беа од 7000 па нагоре.Се на се имам позитивни впечатоци со оглед на тоа што отидов со мислата дека само очи ке плакнам и дека ке немам пари за ништо.
Мол, ко мол. А и ништо посебно не е. А и веројатно до мене е, јас се ежам од вакви затворени простории, ме обзема неубаво чуство на гушење. Не издржувам долго време помеѓу продавници, да бидам искрена. Не е допраено, ниту довршено. Нема клупи внатре, нема декорација некаква, растенија, нешто бре! Ужасно ми пречи онаа празнотија, ама ајт веројатно има време дури да го досредат. А цените...ах бре Македонче, абе зашо бре?! Со другарка ми влагаме во Страдивариус, ја гледам цената во денари и и велам - чекај ме интересира цената во евра. Едвај ја најдов, нели прелепена, со причина. Мхм, по којзнае кој курс ја пресметале ама секако дека во денари е поскапо Пошто нашиов народ има сметки у Швицарска, а? Како што реков порано, ок е што има избор сега во градов. Ама моментов со цениве страшно ме иритира. И баш ме интересира дали на попусти ќе се најдат маиците у Зара за 2 евра, или јакнулињата за по 5 евра како што имам купувано на попусти во други Зари. Најсветол момент ми беше тоа што си купив книга. Другово, мање више. А било, а не било. Исто ми се фаќа.