Облеката од „Зара“со опасни хемикалии Oд еколошката организација Гринпис откриле хемикалии опасни по здравјето на луѓето во облеката на „Зара“, „Метерсбонви“, „Келвин Клајн“ и „Левис“.Организација истражила најмалку 20 светски модни брендови и тестирала 141 парче облека. Сите производи се тестирани на нонилфенол етоксилати кои се штетни за хормонскиот систем. Исто така дел од производите се тестирани и на канцерогените амини од т.н. азо бои. Станува збор за хемикалии, кои се штетни за човековот здравје и за животната средина, пишува хрватскиот весник „Нови лист“. Во дел од производите на Зара се пронајдени фталати, траги на канцерогените амини, покажале резулатите од истражувањето. Гринпис побара од тие компании да не ги третираат ткаеинините со опасни хемикалии. Компаниите како Зара ги игнорираат апелите за промени, предупредува Гринпис. Spoiler Превземено од http://faktor.mk/
На оваа информација јас гледам само како на типична антиреклама. Во целиот текст пишува Седум гооеми светски брендови, Пума, Најк, Адидад, ХиМ (HиM), МиС (MиS), ЦиА (CиA) и Ли-Нинг одлучија еколошки да го унапредат начинот на производство на облеката, бидејќи тоа од нив го побарале потрошувачите и еколошките активисти. Но компаниите, како Зара ги игнорираат апелите за промени Може и да е точно, но штом вака јавно се именуваат фирмите, многу е очигледно што стои зад ова и која е намерата...
А дали има продавница на woman secret??? Јас бев еднаш али немав баш време за се да посетам,а сега ја видов рекламава на Фемина и има убави работи на сајтот гледам,некој ако знае нека пише Ве молам.
Бев пред некој ден, одев случајно натаму, беше околу 20.30h навечер, ајде си викам - да му дадам шанса. Прво влеговме во Карфур, зашто немаше гужва, мојот впечаток е дека е малку хаотично, немаше вработени кои би можеле да ви помогнат и да ве упатат околу некои производи, изместени цени, некаде фалеа, а што е најчудно - има човек што пакува на каса, покрај касиерката. Па истите може да ги стават за помош околу пазарењето, ама нејсе, ок. Мирисаше инаку одвратно внатре, на расипано месо, на неколку места забележав оставени производи (а веќе премерени, со цена), и некако раскашавено, никакво ... културата за пазарење ни е на нула. Купив неколку ситници. Го прошетав само првиот кат, толку имав сила и волја, не влегов во ниту една продавница, си глеткав по излози и смешно-патетични суми од 3000ки за џемперче или сукња, се посмеав, извртев очи и си го потврдив првичното мислење - трговскиот мене лично не ми прави никаква разлика во животот, освен киното кое допрва следува со отварање. Не би отишла повторно наменски да купам што било, не му се радувам, ниту ме воодушеви, далеку од фасцинирана, онака... просто индиферентна сум. Не знам чуму беше радоста, ама ок, сите сме различни, ниту ми е сфатливо да се дотерам и од Н.Лисиче да испијам едно кафе во новиот Сити Мол, накитена ко елка.
И јас бев во Молот и никакво воодушевување не ми остана. Напумпана фама,цените високи до плафон,како да земаме плати од по 2000 евра Во Карфур нула организираност,несреденост,растурени производи,хаос.
Да не знае некој дали во киното ќе се дава Breaking Dawn Part 2? Една другарка ми кажа дека ќе има сега премиера ама на репертоарот на интернет не најдов ништо
Го има филмот,денеска се даваше од 16ч ама има и во друг термин. Битно го има јас идам деновиве да го гледам
AAA затоа тие вчера пуканки даваа? Kино ќе отворат, епа супер, се надевам дека нема да бидат ко другине кина кај нас, филм од пред 1 година на репертоар . Aма, најсериозно, да сака човек во кино да оди, што ќе гледа, ако не се лажам уште и Kунгфу панда го покажуваат, а кога излезе е работава инаку, цените изгор, у Tели фистан 2000 и кусур, на немој да ме јебеш бре, јас лани за некое евренце си го купив
може да ми ја дадете страната на киното бидејќи таму сакам да славам роденден па да видиме дали има неки попусти фала однапред!
Јас бев вчера на кино, сакав да го гледам Скајфол, ама стигнав точно пред да започне филмот и немаше веќе карти, што значи доколку сакате да го гледате треба или однапред да си резервирате или да отидете порано да си купите
Мое мислење Солун ми е поблиско отколку Скопје па затоа продолжувам во Солун да идам.Сепак ми се свиѓа и сакам да го видам и сити молл
Ајде и јас да пишам во темава и да кажам дека вчера бев во сити мол и денеска сум болна.Абе се разболев кога ги видов цените Во Зара дефинитивно ги имаше најдобрите работи,но претерале со цени.Си купив само фустан 2990 ден.,а палтото со боцки од 6000 ден. и сандалите од 7000ден. ке ги сонувам и ке чекам попусти А во Bershka,stradivarius,pull&bear...имаше убави работи со нормални цени,но не бев нешто воодушевена па не си ни купив нешто. Од Suiteblanco си купив штикли со метален врв од 2690 на 2150 ден.имаше 20 % попуст на сите чевли. Јас си се подновив и сум спремна за на свадба во сабота,а за другите работи ке чекам попусти