Хеј хејј долго време барам стикли со метален врв и пристојна цена ако не ти е тешко можеш слика во лп плс
Еве ги цените: http://www.cineplexx.mk/sodrzina/kina/detalizakinata.aspx?i=589#preise Вчера бев со резервирани карти, и навистина е добро што може да се бираат и местата
Тоа е од понеделник до петок до 18 часот. После 18:00 е 210 ден. Сабота и недела има големи гужви па треба благовремено да се резервира.
^ Има капутчиња во сити мол, имаш убави во бершка еве ти линк па разгледај си Spoiler http://www.bershka.com/webapp/wcs/stores/servlet/category/bershkamk/en/40109502/31528/Coats%2B%26%2BJackets#all:true,page:0,cat:0,price:0:7990,special,size,color
Следува...специјално известување за феминската заедница ! Баравте места за седење во трговскиот, но надвор од кафиќите и рестораните за храна? *На ваше барање , денес, во skopje city mall во тек е поставување на клупи за седење и одмарање во средишниот простор помеѓу продавниците!
Девојки киното само со резервации преку интернет е? Неможе на лице место да се купат карти? Бидејќи видов на страната дека мораш да испринташ тоа со резервацијата ама немам принтер неможе од киното карти да се купат?!
Што што зборам?! Па прочитај реков дека на страната видов кога се трудев да направам резервација дека морам со принтер да ја испринтам резервацијата за да биде валидна, прашував ДАЛИ може во киното да се купат карти или се е преку интернет со резервациите.
Конечно вчера бев, убав е трговскиот, ми се допаѓа што има паркинг и што тој е бесплатен, има добар избор на фирми што досега ги немаше во државава така да нема да морам да одам во странство да пазарам. Но, тотално се скроз забегани со цените не знам кој планираат да им купува. Јас ќе купувам само кога ќе има попусти и тоа ако попустите се големи како насекаде во светот! Во маркетот не бев, касно беше...
Овде ги има моменталните попусти, понуди и промоции во сити мол. Попусти на сегашниве колекции низ сите продавници сигурно треба да се очекуваат кога ќе почнат попустите сегде на друго место, крај на јануари и февруари-март.