Дали некој знае што документ да прикачам за да можам да го искористам студентскиот попуст на Spotify?
Spotify користам долго време. Години со впн па после ко дојде кај нас се префрлив на регионов. Се претплатив и на премиум. Можам и со кракната верзија за да можам да одбирам песна али не можеше сепак да се симнуваат. И ко веќе толку ја користам апликацијата се претплатив. И си симнав тон песни за ко ќе ми паѓа нетот ко ќе патувам да можам да вајбам.
Скроз ја заменив со ViMusic. Ја немам уклучено со месеци. Сега пак кога ја апдејтнаа ViMusic да ти дава и suggestions, не знам зошто воопшто Спотифај ми зафаќа место во телефон. Никогаш нема да видат денарче од мене, кога истото можам да го добијам бесплатно!
Барав да видам дали има тема за Spotify, мислев да отворам и еве ме овде. Користам Spotify, за Deezer немам ни слушнато. Ја користам само за слушање музика, поткасти не сакам. И интересно ми е на крај на година што покажува што било најслушано. Ја користам без претплата, нема шанса да плаќам за вакво нешто.
Ни едно ни друго. Не знам како не ве нервира да не моеш песна да си одбереш, да ги меша песните и слично. Премиум ја имав на кратко, не можам да се навикнам и не, хаотична е многу. Никој и ништо не го заменува Јутјуб Мјузик, си плаќам и ќе си плаќам и во иднина, тоа е.. Аудиото ко да е со подобар квалитет, плус погласно се слуша музиката, и општо се' поубаво ми е. Не би да мењам.