Исто кај шо наоѓаат за камери, озвучување и сл. Нели сфаќате колкав труд е вложен и каква организација е направена за целово шоу?!
Не сфаќавме ама сега од ко кажа ти сфативме. Ти благодариме многу. Чисто информативно, во Survivor се борат натпреварувачине, а не камерманине.
Ako gledase nekoj vecerva dali kje moze da mi kaze sto se sluci na plemenskiot, deka ne ja dogledav vecerasnava epp?
Ја номинираа Ивана, не смееле веќе машки да номинираат им кажаа од продукција. Следно мислам ќе кажат 4-5 души што не смеат до финале да ги гласаат, а во финалето конкретно ќе им кажат за кои двајца само смеат. Кога мислиш дека не можеа да пробушат ново дно од продукција.
Мене ми е пресмешно со нивниве повреди и неиграње. Милица ја следам две епизоди, скока, навива, се радува ама не игра. Маша, Роко, Виктор. Ајде него го избркаа веќе. Не е интересно. Ако не можеш да се натпреваруваш, иди дома. Лакрдија.
Им направија услуга црвениве на плавиве со испаѓањето на Јована. Повеќе победи им носеше таа него ли Бранко и пак ја изгласаа
Јас не знам зошто за Јована викаа “на принцеза не ѝ е местото во џунгла”, девојката се бореше, не приговараше за ништо, носеше поени, кога беше повредена не сакаше во болница, за разлика од други, не сакаше да си оди… Можда во кампот нема придонесувано едино. Во секој случај, при Мина и Бранко, исфрлија јак играч.
Незнам зошто ја штитат Мина толку одамна требаше да ја изгласат, искрено немав ништо против Јована, ама некако имав осеќај дека е следна на список. Наџа мене во последно ми е топ и заслужва да остани, сигурно поќе од Мина.
После вечерашнава емисија мислам дека сите треба да ги голтнат зборовите за Наџа. Иначе, ептен се претера со повредиве и неиграњево. На физичко во основно олку не ни попуштаа…
Сѐ оке ама малце забораваат дека сепак се дојдени за себе да се борат. Прво тоа, после останатото. Воедно имам впечаток дека Наџа ја третираат како бебе, на иста возраст се со Тена, а она не е така третирана.
Мене ама ич не ми се допаѓа што многу неспособни луѓе дојдоа до овде. И што ја номинираа на невена дека покасно дошла, па и ивана исто. А сумеја и тена мислам се дека дека послаби од ивана и невена. Се надевам дека од сега ќе е секој сам за себе, мада мислам црвените/сините ќе се држат заедно или у кланови. Мина не ми е јасно како си го довлечка неспособниот газ до овде и ниеднаш номинирана. Стеван исто катастрофа у последните игри едвај се мрда. Некои при крајот си искористија да си одморат пред да ги спојат заедно. Катастрофа. А најиритантни ми се Стефан и Милица и Сумеја. Ќе сум среќна ако у финале ги видам Горан, Невена, Владимир и Ника.
Мене Милица колку и да носи победи ми е страшно иритантна, од авион се гледа дека де упикува на сите жени кајо "мајка" да и е. Како тоа суте се преблиски со неа и сите ја сакаат неа највеќе на сите дава совети дрн дрн јариња. И плус кога победува како се фолира рипа црка очите ококорени, мене ми е баш исфорсирана.
Потполно се согласувам. Најмногу ме нервира, преголем нарцис е. Што се днесува до Мина, точно е дека им е најслаба карика и незнам зошто упорно не ја номинираат, од каде е лоша во игрите од таму пак е и досадна. Ама тоа им оди во прилог на сините така да и мене ми одговара. И уште нешто, стварно се изнервирав кога ја номинираа Невена, а е најдобра. Ова беше преголема глупост, но добро што остана!
Заради оваа Милица одвратната готова сум да прекинам да гледам Survivor. Многу ме нервираат и во живо гласни и преиритантни луѓе, гледам да ги избегнам. Јес да е способна, ама ми се повраќа кога ја гледам буквално. И до кај сум стигната со гледање, само Мао победуваат. Досадно ми станува за гледање, безвезно ми е тоа. Горан ми е срцка.