Википедија малце избрзале со објавување на финалистите.. Објавиле за сите кој кога ќе испадне. За плавите горан и ника пишува дека се победници, а кај црвените наџа и стефан.. изгледа за нив ќе се гласа
https://hr.m.wikipedia.org/wiki/Survivor:_Dominikanska_Republika Сега го имаат избришано.. Којзнае дали е вистина. Викаат во недела ќе било финалето, ќе видиме Вечер Маша ќе испадне изгледа.
^И јас барав ама гледам сега го нема,инаку истото го видов за тие четворица за во финале А финалето да,во недела сега ќе биде.Кажа Иван И. во неговата емисија.
Многу ми е ќејф шо Наџа стигна до овде и покрај сите номинации и критики и “она је најслабија карика” јебала ги карика.
Сега ја гледав репризата Маша ми беше омилен лик но ептен ми е мило за Наџа не беа фер спрема неа но мали моќни миш ја покажа својата моќ.Браво за Наџа мада криво ми е и за Маша но што е тоа е...
Исто,викам како не траеше бар 6 месеци. А за Наџа од една страна супер што стигна вака далеку, реално нели сепак има многу појаки играчи од неа ама кај неа и факторот среќа си играше улога. А од друга страна не ми е баш јасна. Претходниот племенски буквално имаше шанса да ја исфрли Милица,го номинираше Владо а сега кога нејзиниот глас немаше баш некоја важност гласаше за Милица А Маша после повредата дефинитивно не беше на исто ниво во игрите како на почетокот.
Мислам дека позади камери Милица доста влијае на Наџа,а она колку и да е зрела,сепак нема доволно години за стекнато искуство околу меѓусебните односи,лабилна е и го дозволува влијанието на Милица. Гледаш вчера Владо и Мина? Не за џабе и се ставија дека не е искрена воопшто. Сепак позади камери мислам дека има и нешто друго.
И јас мислам дека позади камера има друго. Плус Наџа не е најјака колку што ја прават, едноставно и иде баланс игриве. Треба нешто да сменат цел полигон да е а не само баланс за испаѓање.....
Баш се изненадив од Владо, делуваше ко на мрава да не гази ама испод мира триста вира. Јас не сметам дека Наџа е дволична туку напротив. Ама сепак, моето мислење е од 1 саат гледање, тие се 24/7 заедно.
Многу ми е криво што испадна Маша, аѓа воедно и многу мило на Наџа. Многу ја напаѓаат и омаловажуваат а девојката и не е толку слаба, доста победи има земено и на полигоните, плус индивидуалните игри баш и одат од рака. Маша ми беше фаворит од почетокот, но после повредата и она потфрли што е и очекувано. Само не би сакала да ја видам Милица во финале, уште помалце како побединк. Такво хистерично сторење не заслужува.