Невена - царица... кралица... секоја чест! Дефинитивно ми беше најомилена и искрено ми е криво што таков натпреварувач не беше од првиот ден, туку отпосле се приклучи.... дефинитивно покажа како се игра со срце! Алал вера уште еднаш им покажа и на женските, а особено на машките!
Невена губеше од Наџа, Горан ги носеше на грб цело време и она победува??! Глупости! Гоги е за мене победник!
Глупости. Горан е најдобар. И воопшто не ми се допаѓа прогласување победник на овој начин. Со гласање е многу подобро, како што беше претходните години.
Со гласање не е реално. Дури тогаш ќе победи некој/а што врска нема. Вака барем изиграа до крај. Видовме во полуфиналето какви глупости се прават. Сите си прават лица, сојузи и слично. Ако гледаме така, кога беа номинациите... сите беа против Горан и го изгласаа во дуел... и ако не победеше многу порано ќе испаднеше... вака барем играат за себе и стигнаа до крај, што искрено сметам дека требаше многу порано да почнат со индивидуални игри.
Таа беше реална, си призна на прашањето на Томислав (мислам дека од него беше) и тоа еднаш го направила за Горан (токму затоа е добро победникот да се одлучи вака по пат на игри) отколку на гласање (пошто еве видовме што му спремаа на Горан тогаш и го пратија во дуел со натпреварувач/ка (не се сеќавам кој беше) од црвените. Секако, не се оправдува фактот што го направила тоа, ама сепак призна, реална, искрена, и тоа Томислав го ценеше доста позитивно и затоа ја гласаше да влезе во финалето.
Како бе Гоги не победи? Јес да Невена беше најјака од женските, ама тој убедливо ги носеше цело време на грб плавите, нонстоп беа во дефицит со машки натпреварувачи, беше каде каде подобар од Руби. Значи аман.
Како и да е,браво. Кој и да победеше од сите четворица во финале,реално сите заслужено беа таму. Сега од како заврши многу работи ќе излезат на виделина што претходно не се "гледаа". Само наградава некако ептен мала. Јас разбрав дека по 15000 ќе земе секој победник. Освен нели ако имаат плус и некој дневен буџет што го добива секој од нив.
Од авион се гледа дека кланот против Горан беше од Сумеја, али карма ис а бич,на Сумеја дупло му се врати од то шо го планираше за Горан.
Само јас не сум воодушевена од победава на Невена…?! Супер ми е што победи жена еднаш, прв пат, ама баш Невена не. Имаше подобри такмичарки и реално, од овие двајца Горан повеќе заслужуваше. Ама тоа е што е. За Стефан немам коментар, од секој аспект заслужено. Топ такмичар, и како човек, личност и од аспект на физичка спремност. Алал.
Искрено навивав за Горан воглавно преку целото шоу, меѓутоа кога видов како Невена игра против него, алал да ѝ е Заслужено победи и испиша рекорд За Стефан ми беше очекувано во секој случај А велико вече...кој од кој по-дволичен, подмолен. Сѐ се виде сега и допрва ќе си ги разгледаат меѓучовечките односи по финалето.
Шо има да разгледуваат? Не ни мораат да се видат уште еднаш во животот. Никој не оди на Сарвајвер за најдобри другари да бара, сите одат за пари (иако премалку годинава). Чича мича готова прича. Можда некој ќе остане во контакт со некого ама дека треба да се објаснуваат кој што како зошто, ич не треба.
Мене ми е искрено мило шо победија Стефан и Невена. Јас повеќе навивав за Горан, ама искрено прав победник треба да биде способен на секаков терен, а тоа го покажаа победниците. Ќе ми беше помило Горан да победеше ама ете Невена се покажа подобра и тоа е тоа. Баш на крајот сите четворица беа најспособни и баш е тоа топ. Пак ке повторам не ми се допаѓа што има два водители и по еден победник од племе. И што во различно време се емитуват во Србија и Хрватска. И што терените беа скоро идентични 95 проценти од времето. Ако не знаеш да маваш или рамнотежа тоа е. Плус со наградите изгледа повече пари потрошиле па сега главната награда малку им стои н многу луѓе. И поголема глупост со Велико Смече немаше. Некој ќе си направи клан и ти способен неспособен ќе си излезеш. Дали биле платени да кажат некои работи или прашат не знам. Ама подобро да си ќутеа. Да гласаше публиката Наџа ќе победеше. И Горан. Се надевам другата сезона ќе биде подобра и стварно не морат да стват ,,славни" личности или толку големи награди. Сакаме да видиме како јадат црви, дека не се на одмор и повеќе од островот снимки. Не знаевме многу работи оти не ни ги покажаа. Како и да е заврши и не морам сега на тоа да трошам време. Гледајте Survivor во другите држави на јутуб. Не малку лошо ми падна ќе си полежам додека моето племе ќе се бори за мене ама јас пак ќе гласам за кој сакам. Не е фер воопшто.
Точно, сезонава многу малку работи прикажуваа од самите племиња - како го поминуваат денот, што јадат, како готват храна... даваа само инсерти и многу малку. Затоа, мислам дека требаше да го прикажуваат во два термини. Преку ден да даваат само од островот од племињата како го поминуваат денот, додека пак во вечерниот термин да бидат игрите.