Мене ситуацијата со Јована премногу ми е глупа претходно сите ја гласаја сега на сите му Чини и се е океј. Според мене да не добиеше Мина имунитет таја ќе беше на местото на Наџа.
Едвај чекав да почне,гледам на српската Нова и да не ве прочитав сега сеуште ќе се чудев зашто хрватскиот водител само стои и ништо не коментира Баш ја имам и хрватската нова па ај од утре таму ќе ги гледам,да ги слушам малку и хрватите. Дома сме поделени јас за црвените а другиве за плавите па доста ние возбудливо додека гледаме А од сите навивам за Милица Дабович
Јас навиваме за хрватите. Атмосферата кај нив според мене е многу подобра. Инаку мислам дека шоуто е супер, не дека нема пропусти но за разлика од Задруга и останатите во тој стил ова е феноменално! Уште еднаш ПОБЕДУВААТ СИНИТЕ!!
Гледам од првиот ден, прво бев за црвените еден-два дена ама се сменив. Се заљубив во Роко и се сменив хаха. Повеќе ми се свиѓа плавиот тим и комуникацијата им е океј. Толку гледам што можам за секој член реферат мое видување ама друг пат. Сега дојдов да си кажам само дека навивам за плавите
Од црвените, Стеван е единствена личност која ми остава позитивен впечаток. Другите ми се онака, meh. Милица ми е па единствена од сите генерално во Surviver што ужасно ме иритира. Едвај чекам да и ја видам фацата ко ќе изгуби. Од плавите женските сите позитивно ме изненадија. Буквално им го држат тимот. Највеќе можеби како Еф и мене Ника и Тена ме изненадија позитивно. Тена со тоа колку е добра во игрите, а Ника мислев ќе е напорна у кампот, ама делува баш онака смирено и сака да се шали. Хрвоје е цар. Ептен позитива носи, а и супер е во игрите. Роко ми е напорен, ама уште не е на ниво на Милица напорен. И останатите се онака смирени. Баш ми е попријателска и реална атмосферата кај плавите. Мислам дека баш поразите ги зближуваат. Не се убиваат кој што потфрлил. Да почнат да губат повеќе црвените, ќе им се распадне инстантно таа вештачка атмосфера што ја држат.
Aбе го видов овој линк, го постиравте и горе. Реков некој пофункционален да не има, што нема pop ups и не кочи.
Потегот на Кристијан во дуелот со Наѓа Покажа голем квалитет како лик а ова беше врвот.Секоја чест. Ивона уште на почетокот многу ме иритираше и мило ми е што испадна.Се надевам ќе и дадат шанса сега црвените на Јована. Стефан исто ми е омилен,заедно со Милица,пред се поради борбеноста и жарот со кој се натпреваруваат во игрите.
А бе има многу работи што ме иритираат кај неа како карактер ама како играч ми е многу борбена. Е не ми се допаѓа кога губи како реагира,сепак тоа доаѓа од успехот што го постигнувала со репрезентацијата. Плус дека кога влегуваа на почетокот само неа ја знаев
Темава Барав пред некој ден, гледам нема тема, си викам можда никој не гледа. Го гледам редовно, едвај чекав да почне. Навивам за црвените, ама алал да му е на Кристијан како им го сплеска. Сеа Роко нека им се бори. Најјак момент ми беше кога раскажуваа за сендвичите какви им биле…
Во колку часот се емитува на Нова? Не гледам пошто немам време ама оној пат на интернет го видов потегот на Кристијан во дуелот со Наџа и испадна прав џентлмен.
Обично е тогаш, но има денови кога почнува и во 22:20. Треба да пратиш, обично накрајот кажуваат кога ќе игра наредниот ден.