Ако си на телеком мора да ја има. Барај по името - nova tv, не по број. Бројот може да е секаде различен.
На телеком обично на ист број се програмите. Ама барав и така по име, сите ги поминав 2 пати, и нема... Или јас ќорава ако сум
Леле Роко... Па два пати би го гласала јас да бев, ги направи сите од племено будали. Тежок манипулатор.
Сега им беше шанса да го мафнат, не знам шо толку го чуваат. Хрвоје одвратен ми е ама барем во игри е добар
Горан требаше да гласа за Роко, многу нефер спрема Хрвоје испадна. Во онаква ситуација најфер е да гласаш за двајцата да се номинирани. А и што го замразиле толку Хрвоје, иритантен можеби е ама барем не е манипулатор ко Роко.
Само мене ли ми е жал Игор што испадна? Мислам дека беа многу неправедни према него. Човекот даваше максимум на игрите, во племето, имаше позитивен дух и работаше на себе. Ептен ми падна жал ама мислам дека беше пренаивен и добрица за таква средина. Јас до 13та епизода сум некаде ама морам да кажам дека Стефан иако на сите им е фаворит мене ми стои малку на префриган и се на крај да си тера во своја корист ама препаметен е за да се издаде и има голема самоконтрола. Плус, се гледа дека му се допаѓа Јована уште од самиот почеток и иако не ги покажува неговите гласови мислам два пати ради тоа ја гласаше Наѓа. Владимир и Мина се цело време еден до друг, си чуваат леѓа, се надевам дека ќе има интересни моменти со нив во иднина. Иако на почеток бев за црвените сега не знам за кого да навивам, мило ми е Ивона што испадна, можеби до крај фаворити ми се Стева и Мсша бидејќи до сега се најрационални и прибрани, иако до крај може мислењето да ми се смени.
Ние шо сме на а1 на шо програма да го гледаме? Пробав на тас страната за онлајн гледање тука шо ја постиравте ама се збудалив од реклами.
Гледав сега во најава за утрешната емисија...колку е иритантна оваа Милица, фуј Не мора да ги сака тие шо се поразлични од неа ама не е фер да искажува погрдни зборови кон некој шо не го ни познава од без причина! п.с. Хрвоје е баш океј за мене, позитивен лик онака Иначе јас навивам за поединци, не за тим. Од црвените за Маша, Стеван и Владимир, од плавите за Горан и Тена (и за Кристијан, ама го исфрлија...)
Како сме навлечени цела фамилија гледаме Ја навијам за Србе Незнам бе зошто ама толку ми се сите мили, ептен ми се посрцкасти од плавите. Плавите не ги сакам баш искрено многу ми се ладни никакви, црвените имат подобра конекција меѓу себе и баш ме радува то. Жал ми е периодов за Хрвоје, мене баш ми е скроз океј и весел и насмеан и мислам дека ова шо го гласаја баш океј го прифати. За Кристијан пак ќе речам јас мислам намерно самиот се повлече пошто се изнервира со нивниот потег шо го изгласаја, стварно нефер према Хрвоје и него. Милица ваква таква, мене ми е скроз океј и обожавам директни луѓе шо немат влакна на јазикот. Глупо ми е за Наџа цело време и трубат најслаба карика а Мина според мене е полоша од неа,утре незнам кој би го гласале, Сметам дека се тука Наџа,Рамиз или Мина. Следиме...