Ги читам мислењава за фирмава. А ќе прашував дали има оглас. А што работаат конкретно таму? Само корисничка поддршка?
А како треба да се поставиш баш тие први дена? Јас летото работев во фирма во мојот град, поточно туристичка агенција. Две три чавки само дрдореа за било кој што ќе влезеше. Знаеја де да кажат и по некој божем убав збор за некого, ама поголемиот дел беше речник составен од погрдни зборови, озборување, омаловажување и тоа на физички изглед. Зборуваа и за мене, погледот им беше циничен. Не дека беа нешто прелоши, издржав, среќа ме отпуштија.
Уште се замарате со нив? Пола од вработените им заминаа. Плата : 10 000 аванс, кој наводно е кажано дека е даден за патни трошоци и за јадење. Пошо немаат менза нит организиран превоз. На 15 ти ви даваат уште 33.000. Нека не ве лажат со тоа дека 43.000 ќе е платата. Со среќа на сите.
Гледам доста зачестија огласи од нив ги има скоро кај и да отворам,на фб, маил реклама од нив ми излегува Им фали кадар или замена на стари со нови?
Да не се повторувам, доста работи се веќе напишани. Во глобала никаков однос од надредени, опомени за секакви ситници. Пренатрупани се со работа, посебно лето. Вработуваат тогаш со привремен ангажман луѓе што прават премногу грешки, па уште толку работа им се отвара на вработените и на сето тоа уште толку опомени за утната буква или повик што траел малце подолго од тоа што они замислиле. Некои си излегуваат на пауза кога и да им текне и цела работа се префрла на новите. Знам неколку што работеа таму и сите се жалат.
@Tam4yy @GirlLove Здраво девојки! Ве молам пишете како се движат платите за сите работни позиции. Дали е точно дека почетна плата е 700евра? И во колку смени се работи? Ви благодарам многу.
Јас искрено не знам ИТ компанија што плаќа посебно патни трошоци и хранарина. Се ти е вкалкулирано во платата.
Taskforce има 400 вработени во Македонија, што е солидна бројка за ваква фирма. Просечно 2ипол години работа е во фирмата, што пак не е лошо. На Joberty сите рецензии им се добри, само на форумов лоши коментари има. Да бегаат сите секој месец, Linkedin одма статистика ќе извади лоша, посебно ако “пола” избегале.
Секој има различно искуство. Ај прашај наоколу и види убаво за LinkedIn. На Joberty кој што сака може да пиши. Ако тебе ти е убаво, баш ми е мило, уживај си.
Значи платата е 43 000 денари. Ништо погрешно не сме разбрале. Освен нели, ако сте осигурани на минималец, па другиот дел го добивате на рака, што воопшто не е во ред.