Значи колку што разбрав, фирмава е америчка инвестиција во МК со македонско раководство и македонци назначени за шефови/тим лидери? Се е јасно тука нема што повеќе дискусија. А тоа со уредување бироата, незнам што сакате стварно, еве веќе седум години работам по фирми, имам некое искуство, единствено ако е ваша лична канцеларија, а претежно иде друг после моја смена, треба да се знае ред и дисциплина
Дур бев јас, бироата беа персонализирани, имавме стики ноутс ставано, тетратки, календарчиња,маус пад.. Еве пред 2 месеци му рекле да не ги персонализираат. А никој не седеше пред и после нас. Секој си имаше свое биро. Друга вест имало што пушеле трева надвор и тоа некои си тим лидери и така иделе на работа. Сепак, нема странска фирма со странски менаџмент. Се знае дека мора да е македонски, со заостанат мкд менталитет. И ред др работи шо ги пишев. Ама веќе одамна реков нит да пишувам, друго се што знаам ни ништо, оти одма јас виновна испаѓам.
На почеток е океј, но за кратко време смената здосадува и е напорна бидејќи работиме само втора. Слободни денови се сабота и недела, 1 месечно се работи во сабота но следната работна недела си земаш 1 ден слободен ден одмор. Мислам дека единствено што ме задржува е платата, многу подобра за почеток од секаде кај сум работела. Искрено не би препорачала за луѓе кои сакаат да се социјализираат во текот на денот бидејќи НЕМА ШАНСИ! Завршуваш со работа во 22:00 23:00 немаш време за ништо. Има опција за работа од дома или од канцеларија. Плус немаш никаква активност цел ден се седи пред компјутер и се земаат повици
Лошо прво искуство и од мене за Taskforce - Скопје. Интервјуирачите пренадуени, дрски, демотивирачки настроени. Аплицираш за една, те симнуваат на друга позиција. Во мојот случај - Medical Coder. Позиција за која од одделот на психологија/психијатрија знам многу, но тоа наводно не им требало, па не се ,,земало предвид". Како ниту продажба на лекови (што имам работено исто така кратко). Интервјуирачката дури се обиде суптилно да ја навреди позицијата на која имам работено. Па, кулминираше кога фати да се објаснува како наводно имало кандидати кои немале медицински факс, (читај меѓу редови со врски) a сепак биле повикувани за даденава позиција, ама тоа било реткост. Ахам, сигурно. Реално, природата на работата сама по себе не верувам да е толку тешка колку што претстави дотичната интервјуирачка, и дека се учи по три тома книги за да се земе сертификат, ама ајде, let it be. Може и стварно е така. Јаготка на шлаг беше предлогот за Customer Care каде е буквално најлошо, ти се јавуваат луѓе од секакви профили, и ај да е само прва смена ок, ама втора константно е големо no no. Како вработена во првиов сектор во македонска фирма знам колку е напорно постојано да примаш outsourcing повици, особено втора смена... Сепак да напоменам дека ова е мое субјективно искуство за фирмава, други може имаат поинакво и тоа е во ред.
Да, учат огромни книги и полагаат испити 3-4 месеци. Тие што прават интервју се мн фини и тоа што ти го имаш работено нема врска со позицијата кодер. Бараат со медицинско средно знам ради тоа што е пуно медицински изрази, а ако те интересира што е medical coder отвори и види и на јутјуб кои се книги ги учат. Дај не плукајте за се нешто поготово ако немате блага веза, не ширете шпекулации... П.с. не знам како било порано, ама не ти требаат врски да влезеш, а да, ако си вработен можеш да направиш referral.
Колку е отприлика платата за Medical Coder? Би требало да е повисока од просечната поради специфичноста на позицијата?
Убао им кажа, се е точно од точка до точка. Се праат надмени и користат формални изрази и реченици, демек на висок стил знаеш уау. Фала Богу, што им се отвараат очите на луѓево. И да, влеваат преку врски. И, да, сето ѓубре го собраа од по сите градови. Придонесите за ПИО им се 14.000. Платата е 40. 000. Ете тоа е. Пиши ми ЛП.
Леле начека истомисленичка, живи радости. Ах бе девојче. Не работиш таму, ама едвај чекаш да се пише на темава. Инаку платата ако е 40.000 денари, вкупно придонесите ќе бидат околу 16.000 денари, не знам зошто е спорна математиката. @Oriental И јас знам дека испитот не е воопшто лесен, за тоа мислам дека се во право, ама па не е нешто недостижно. Си можела да се обидеш и со друга позиција, па од внатре да ја извидиш ситуацијата и да видиш дали ќе добиеш прилика за кодер. Како и да е. Со среќа во потрагата Си ја имаш ГрлРоуз за оговарање ако ништо друго. Пс. "Ѓубре од сите градови" ич не е океј муабет, ама вие си знаете.
Ти сериозно ме следиш кога и пишувам? Од Италија се загрижи ле? Математиката е таа, и докази имаме. Не е убав муабет, коа ќе видеш дека е така и дека имаше неправди и непотизам е сето. Не можеш да стигнеш до повисока позиција и фала Богу што се откажав навреме. Да работеше во фримава и да видеше што се не се дешаваше, ќе правевме муабет. Тоа е вистината, за жал.
Булшит, 80 посто од тоа шо е во книгите нема да ти треба, џабе прат филмој дека се многу квалификувани позициите ко не се, секоја позиција се учи за две до три недели макс ако имаш просечна интелегенција, а ако немаш можи да ти изгледа ко квантна физика. И да, со врски се влегува во фирмата, сепак зависи во која дивизија бараш ама во глобала да, непотизам пукнато на макс, една фамилија сите тим лидери некако станаја а не знаат компјутер да уклучат. Ама то е сегде во МК е така, on the bright side барем не е фабрика.
Математиката е таа, и точна е, не ти треба никаков доказ, доволно е да отвориш бруто калкулатор, ќе ти искочат бројките, докази кому му требаат? Зошто те интересира толку многу што се случува во фирма во која не работиш, ккако придонесуваш кон решавање на било чии проблеми врзани за фирмава, освен оговаранции и оговаранции? Дека си се откажала не верувам, веројатно нешто многу посериозно се случило штом си толку револтирана. Не можеш да ја преболиш фирмава, никако. Не разбирам што имаш толку против Италија, али може и Италија тебе ќе ти испадне крива. И не си ласкај, не те следам тебе, ги следам темите за работа, што е мое право исто како што е и твое. Да заклучиме дека ништо конструктивно не си пишала во нив, освен дека ништо не чини, никој не чини, сите не чинат, само ти чиниш.
Ама јас имам капацитети за сите да се грижам, не ми е тешко. Пошто гледам дека многу те тишти фирмава и сѐ што е врзано за неа, затоа ти дадов идеја.
Мило ми е за тебе. Јас ја кажвам реалноста, позитивна, негативна. Што се ти нервираш? Сеа ќе идам у Sales Matic каде што иам и работено. Дојди таму ајде. Ајде доста од мене тука.
Не се нервирам, чудење е моево. Како може некој да биде толку емотивно опседнат со фирма во која не работи и со која нема никаква врска. Оди каде сакаш, нека ти е со среќа Само каде и да отидеш, на себе ќе налеташ секогаш.