Taskforce

Discussion in 'Барање работа' started by GirlLove, Aug 3, 2023.

  1. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Joined:
    Mar 7, 2016
    Messages:
    12,247
    Likes Received:
    148,707
    Gender:
    Female
    Поминав доста интервјуа се со странци, не со Македонци пред да се вработам тука, плати што нудеа беа измислени за нас, друг е менталитетот, ама и мн се поладни од нас.
    Е сега дај боже да успееме сите еден ден да влеземе во таква фирма, баш каде ти ќе си очи и мозокот на тој од надвор ( имав таква ситуација) каде имаш преубава плата, хибридно раб време и нема кој да ти виси над глава.
     
    Mother of 2boys and eliesaab like this.
  2. inception

    inception Истакнат член

    Joined:
    Jan 24, 2020
    Messages:
    273
    Likes Received:
    806
    Gender:
    Female
    Конкретно за кодер те обврзуваат една година, не две. Ако раскинеш пред време плаќаш пенали.

    Се е убаво кажано и објаснето на интервју, луѓето се фини и коректни. Три месеци имаш обука, полагаш, ако положиш те обврзуваат една година. Сертификатот е твој, на твое име и е интернационален, значи можеш утре да си тераш во друга фирма.
    Според мене тотално коректно е да те обврзат. За гратис обуки не сум разбрала до сега некој да е бил.
     
    Harper, Калатеа, Pixi5 and 3 others like this.
  3. Hoss Delgado

    Hoss Delgado Истакнат член

    Joined:
    Aug 16, 2021
    Messages:
    84
    Likes Received:
    86
    Gender:
    Male
    За најтешка позиција ако збораме на ниво на ТФ да, кодер е после билер па осигурање, ама пак не е нешто претешко да не можи секој да го совлада и да се сертифицира, затоа е таа платата во тф. Горе долу сите земаме исти плати плус минус некоја иљадарка, општи работници велам не асистенти/тим лидери.
    Платата е таа оти лесни се позициите и си лесно заменлив кој да седнат можи да научи, затоа не можиш да постигниш повеќе од другите и да сакаш.

    И јас бев без врски пред 3 ипол години влезен ама тогаш фирмата беше топ, сега со факти знам дека влегуваат со врски, дури и си се фалат самите признаваат без око да им трепни така да то е.
    Иначе и јас знам што учат сегде, во сите дивизии имам пријатели дека пола Битола е вработена таму, да имавме повеќе избор да, да одиш на др место, ама Бт нема избор фирмите можиш во една недела сите да ги поминиш и после тоа да останиш без работа. Затоа дури не излези нешто подобро ќе се седи, мора да се има прилив на средства во оваа скапотија.
     
    sj *O*, Abel, Hinebrra and 2 others like this.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,355
    Likes Received:
    9,315
    Gender:
    Female
    Не сум работела во фирмава и иако имам некое искуство во остава дејност нема да навлегувам во коментарите за конкретнава фирма.

    Извинете за долгиот пост, ама не можам да пишувам повеќе одговори за секоја тема, вака ми е полесно да се испукам. Многу ме фати лутина кога ве читам..:@

    Ме тригернаа ставовите на некои од членките општо за релацијата меѓу вработените и фирмите како работодавци па ќе го кажам следново:

    1. Фирмите МОРА да обезбедат здрава работна средина и нормални просторни услови за вработените. Ако не можат, нека не ги тераат да работат од канцеларија и нека им дозволат да работат од дома каде што ги имаат тие услови.
    Овие услови се законска обврска на работодавачот. Жалосно е што кај нас не се почитува законот од сите работодавачи и што не се казнуваат дури ни кога ќе ги пријават.

    Воопшто не е во ред работниците да немаат оптимални работни услови, да седат 8 ч. и повеќе во простории без сончева светлина, чист воздух или можност за вентилација. Ефектите од долгорочно престојување и работење во вакви услови има психички и физички последици по луѓето кои може да се со сериозни последици.

    И не треба да се нормализира тоа непочитување на своите вработени или пак да се префрли вината на вработените зошто не прашале на интервју за работните услови.
    Нормата би било дека нормални работни услови се подразбираат, а само во ненормални системи како нашиов, треба да проверуваш пред да се вработиш за да не се најдеш во некоја ќелија.
    Така да не е воопшто во ред тоа да му се каже на вработениот дека самиот си е крив што тоа го очекувал и што е затекнат. Victim blaming е тоа.

    ЕУ земјите имаат уште подетални и построги правила за работните услови, кои не се однесуваат само на основните работни услови како чист воздух туку и ги пропишуваат до детали согласно видот на работата. Точно се знае колку треба да е на пр. јако осветлувањето, од која страна да му паѓа, каде треба да е поставена работната маса во просторијата во однос на светлина, вентилација и сл. Се мери, се контролира и се казнува за непочитување. Плус, независно од стравот од казни, постои и фактот дека на фирмите им требаат задоволни, здрави и среќни вработени за да имаат поголема ефикасност (профит) и лојалност и помало осипување (читај одлив) на работници.

    2. Аман за паузите...|(

    Факт е дека некогаш некој ќе ги злоупотребуваати тоа сегде се случува, ама да му браниш некому одење во вц по потреба е рамно на тортура. И недозволувајте некој да ве убеди во спротивното!
    Не може никој да ми каже дали треба да одам 3,5 или 10 пати во вц во тие 8 часа. Може имаш физичка или физиолошка причина зошто често имаш потреба да мокриш, не се сите забушанти. Не може да им се мери на луѓето на штоперица кога одат во вц и не може да се дресираат кога во денот да вршат нужда.
    Знаете, некој спомна кога има многу работа или многу повици не може да одиш во вц...Знаете дека тоа не е ваш проблем како вработени?
    Како работодавец за работните места на кои мора да имаш цело време вработен, ти си тој кој треба да организираш смени и да обезбедиш замена за секој човек во секоја смена, за да може да си оди во вц или на пауза по потреба едниот, па другиот.
    А ако не е од таква природа работата тогаш сигурно не е ни толку голем проблем таа да почека пет минути.
    И истото важи за СИТЕ физиолошки потреби, како и за жед и глад!

    За работните места каде се работи исклучиво на компјутер, постојат посебни правила за работните услови и за паузите. Многу поинакви од другите места зошто си имаат свои предизвици и ризици.
    На пример, на одреден период (45 минути) да се прави пауза, таа да биде со физичко дистанцирање од монитор, раздвижување и со промена на погледот кон подалечна околина.
    Имав прилика да работам со колеги од ЕУ земји и тие ова си го почитуваа, не го најавуваа и не им го бранеа.
    На секој час си стануваа, си се раздвживаа и си се протегнуваа, ќе си отидеа до прозорецот да погледнат и ќе си се вратеа на биро за некоја минутка. Пример ни беа како треба. Менаџментот не охрабруваше да земаме паузи и не го прифаќаа тоа цинкарење меѓу колегите дека некој долго пауза правел пример за кафе или прво пиел кафе пред да седне на биро наутро. Ако некому му треба кафе да се освести наутро и да даде 100 посто на работа дај му го кафето на човекот, аман! Иако по наши закони 30 минути е минимум пауза за осум часа, инсистираа да имаме голема пауза за ручек од еден час, како што имаа и тие колеги вон мк, што беше доволно долга да јадеме како луѓе и без брзање и со задоволство да се вратиме на работа и да бидеме максимално посветени на работата.
    И верувајте, поефикасно се работеше зошто луѓето не беа стресирани од незадоволени физиолошки потреби и си имаа баланс во денот.

    Во оваа категорија и телефонот - освен ако не работите во затвор, за што знаете дека е посебна работна средина и со посебни правила, тогаш не знам зошто да не можете да ги имате телефоните со вас во канцеларија. Да не сум достапна за децата и блиските ми е голем проблем. За мене тие се приоритет и секогаш креваме кога се бараме.
    Заштитата на податоците се прави на друг начин и тоа сега не би го разглабала.

    3. Сертификатите се потврда дека некој нешто знае и умее. Некаде се услов за да се селектираат едни од други и тоа е ок. Но да бидеме реални, ниту еден сертификат не е гаранција дека некој ќе биде одличен и во пракса. Само ја зголемува веројатноста дека е.
    И јас знам за фирми каде се поттикнувале вработените да се дообучуваат, им се плаќало делумно или целосно за обуките па и за доедукација. За мене ова е многу позитивно е и е за пофалба. Двете страни добиваат и вработените и фирмите. Некои вработени на овој начин добиваат дипломи кои инаку со свои финансиски средства не би си ги дозволиле и не би ги добиле. Оние вработени кои сакаат да се надоградуваат, да учат и се амбициозни ќе напуштат друга работа за иста таква што ги нуди ваквите можности.
    Така фирмите градат лојалност, а не со обврзувачки договори на повеќе години. Искрено мене не ми се допаѓаат такви договори зошто тоа веќе кажува дека во минатото фирмата имала одлив на работници во кои инвестирале. Треба да се запраша зошто? Дали платата била прениска, средината токсична за работа, часовите прекумерни или нешто друго заради што вработените биле незадоволни.
    Надградбата треба да е екстра или да е бонус на веќе постоечките нормални работни услови, а не компензација за нив.
    Ако некој мора писмено да има согласност од тебе дека нема да си одиш, значи тие се во очајна состојба. Сфатете дека во вакви ситуации реалноста е дека вие им требате нив, повеќе од тие на вас!
    А што е уште поважно:
    Никој нема право да ви ограничи слобода да бирате што да работите, за кого да работите и каде да работите. Не за ниту една обукa, плата или пара или некаков бенефит. Со вашата слобода и опции за избор не треба да тргувате никогаш!
    Еве тоа би ви го рекла.

    Сум имала и такво работно искуство - на ти обука ама за возврат еве ти мизерна плата и прекувремени саати. И верувајте многу се свесни што прават, се е искалкулирано однапред, знаат дека брзо ќе им заминуваат вработените и тоа им е ок. Имаат ниски трошоци за плати за вработените, за сметка на тоа што не инвестира финансиски инвестира со малку повеќе труд и се во состојба на постојано обучување на нови вработени. Свесно вложуваат менаџерите труд во учење на новајлиите, за да не вложуваат пари во нивните плати и тие пари на крај да си ги подели менаџментот.
    Обично тоа се приватници, сопственици на свои фирми кои имаат за цел лично да се збогатат тие и евентуално тие што се до нив најгоре, користат глупи мотивациони фрази или закани и притисок врз вработените да дадат максимум, ги прегоруваат од работа. Тоа е чиста експлоатација на трудот.
    Такви фирми не нудат можност да напредуваш, никогаш нема да бидеш косопственик и во менаџментот или да бидеш добро платен. За нив секогаш ќе си заменлив. И колку порано тоа го сфатиш и немаш лажна надеж (зошто ќе ти ја даваат) толку подобро.

    И тоа job hopping -
    Едно е цвто да ти биде салата и одраз на тоа дека не знаеш што сакаш па си работел во сосема различни области а друго е да имаш цв кое е одраз дека си бил на повеќе работни места и фирми од струката, тоа е израз на стекнато искуство и амбиција. И нема ништо лошо ако на прашање зошто си заминал од претходната фирма ја кажеш вистината дека нси заминал затоа што си немал основни хумани работни услови или ти бил злоупотребуван трудот. Тоа не е оговарање, тоа е ставање до знаење дека бараш фер однос од нив и дека имаш одредени очекувања и ти од нив и поставуваш граници кои се реални.
    Една работа ја напуштив зошто ме тераат да бидам чистачка и иако немам проблем да си чистам кај што работам, ова беше баш чистење со тоалети и се...и беше далеку од она за што аплицирав. Си дадов отказ и кога одев на интервју за новата работа однапред се плашев што да им одговорам ако ме прашаат зошто сум заминала од претходната работа така брзо.
    Конечно, си реков а зошто јас да се срамам и да измислувам други причини кога треба да си ја кажам вистината? Која нелојалност кон фирмата јас ја демонстрирам јас на интервјуто, кога фирмата сакала да ми смести да работам две работи за една плата? Ќе си кажам дека ми барале да работам и како чистачка покрај другата позиција и тоа е тоа. Срамот е нивни.

    Освестете се дечки, не прифаќајте некој да ве злоупотребува вас и вашиот труд.
    Ценете се себе си, за да ве ценат и другите.
     
  5. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Joined:
    Mar 7, 2016
    Messages:
    12,247
    Likes Received:
    148,707
    Gender:
    Female
    Абе доста зборите за врски, јас сум remote medical biller и немам врски , никој не познавам , а од одма кажаа дека referrals прифаќаат .
    Дали некој ќе напредува или не, тоа нити се замарам моментално ни нешто слично. Платата е редовна, е сега јас имам одлични услови за работа, ама јас сум со мн стаж, богато искуство и може и тоа си влече, а влече зашто плаќаат минат труд.
    Абе кој не му се свиѓа нека си оди, секој е заменлив и фирмите и работниците.
     
    Abel likes this.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,547
    Likes Received:
    8,899
    Gender:
    Female
    @Cosmic Girl си напишала супер пост, во кој нема ништо реално.
    Агент за корисничка поддршка кој работи на телефон не може да оди во веце кога сака, мора да се договори со својот тим на смена, затоа што линија не смее да остане непокриена (ако си се јавувала на А1, за интернет, телефон, закажување за пасош или било која друга услуга и си чекала по 15 минути, епа тоа е така затоа што или линијата е пребукирана или непокриена, ама кога чекате повеќе од дванес секунди, сите се буните и пишувате приговори и превртувате очи и дуќан, а овде фермани изнапишани дека не било во ред, да не е, ама клиентот е секогаш во право и затоа се овие правила, секаде на планетва земја, сами сме го направиле тоа, па сега не чинело). Кој не сака да работи така бидејќи му е понижувачки, слободно, има мал милион други професии со кои може да се бави. Не можеш да се вработиш и да кажеш дека не е твој проблем? Зашто воопшто би барала таква работа? Никој не вели да стискаш, ам акао сакаш повеќе време да поминуваш во веце, на јадење и за грицкање и пиење кафе, тогаш снјади се на поинаков начин у животот, ниту една фирма не може ова да го толерира. Ако линија се отвара во осум а ти во осум и три секунди имаш повик, не можеш да сркаш на линија, ќе си пиеш кафе во 7 ипол и нема да има проблем. Повторно, ако не можеш до десет очи да отвориш, ќе си бараш работа во втора смена, или ќе си работиш во државна администрација каде сите се расонуваат до десет, ама пак само се жалиме/жалите од нив, ама изгледа сите потајно би сакале да бидете како нив. Половина од луѓето кои работат дома немаат елементарни услови за работа како соодветно биро, маса или засебна соба каде би работеле непречено, ама затоа за секое влкно на фирмата мора да се фатат. Иако да, фирмата треба да обезбеди услови за работа. Ама колку повеќе вработени, толку повеќе мислења и желби, ансите не може да се исполнат.
    За колегите од ЕУ и станувањето од биро не би да коментирам, затоа што тоа не е темата, луѓе кои работат на телефон ретко го имаат тој луксуз и во ЕУ и на Марс. Едноставно е, одберете нешто што сакате да го работите за да не го поминете цел живот во наоѓање маани и замислување како нешто треба да изгледа според вас, иако тоа што вие го замислувате навистина го нема никаде. Изуми да кажеш што работиш и каде работиш. Еве ме во ЕУ, не работам на телефон, ама охрабрување од шеф да паузирам на саат време не ми се десило у 25 години работа. Ова пак ничим изазвано некоја ИТ фирма опишувате и споредувате работи кои не се споредуваат.
     
    Harper, sj *O*, LadyC and 1 other person like this.
  7. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Joined:
    Dec 6, 2023
    Messages:
    279
    Likes Received:
    977
    Мене ми е само жал колку дозволивме да сме покорни на системот, до степен што истиот почна да не дефинира и дава валидација, вредност.

    Работата треба да е продуктивна, но не смее да уморува и зима здравје. Тоа ниту еден човек не го заслужува, со високо образование или не.

    Никој не е робот, па ни луѓето во Customer Care/Support.

    Косми убаво напиша, за линијата да не гори треба работодавачот убаво да ја направи математиката.
    Така што или ќе вработи повеќе агенти за да може луѓето да имаат време и за работа и паузи, уредно да ги покриваат смените, што подразбира фер распределба, или едноставно ќе го намалат обемот на работа како outsourcing компанија и толку.

    На крај од денот, човекот пред се е човек, а дури потоа (работник) и други епитети редум. Се надевам сеуште го немате заборавено тоа.
     
  8. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2024
    Messages:
    1,131
    Likes Received:
    7,272
    Gender:
    Female
    Кај мене има неколкукратна пауза ама и никој не ти мери колку пати во вц ќе одиш. Како може да се дискутира на таа тема кога се работи за физиолошка потреба. Ако ми се оди во вц ќе одам, а тој некој што чека на линија нема да умре за 5 минути. Освен ако работиш во хитна служба. Или во тој случај ќе вработиш уште едно лице, за да нема прекин во работата. Има решение, поскапо е, ама добиваш вработени мотивирани, да не се чувствуваат како роботи, туку живи битија. Смешно е што читам и што се дискутира. Нема кога ќе ти текне да одиш во вц:D Епа важи, ќе му кажам на мочниот меур да почека затоа што тој што чека на линија за живот или смрт му се работи. Викаш ќе ме послуша?

    И треба да се фатат за влакно на работа. Дома и на земја ќе работам, ама дома никој не ме гледа дали лежам додека сум на лап топ или не ми мери на штоперица пешачење до вц и назад и испуст на млаз во секунда. Дома и никој не гледа каде и што јадам. Можам трошки врз лап топ да ронам и сок да си истурам ако сакам. Кога веќе ја немаш таа слобода во канцеларија, па не ги третирај вработените како да се роботи.

    А ти стискај на работа, за шефот да не се налути. Да дојде до тоа да не можам да се измочам, ќе си барам друга работа. Не е последна секако.

    Инаку разбирливо ми е за соковите и грицките. Од повеќе аспекти. Меѓутоа да станеш вода да сакаш да се напиеш, мора. Особено во кол центар каде е барано постојано да комуницираш.
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,547
    Likes Received:
    8,899
    Gender:
    Female
    Супер, штом си нашла фирма што има разбирање ако денес триесет пати отидеш во тоалет, драго ми е за тебе, иако тоа не е во рамките на нормалните потреби човечки реално. Истово разбирање верувам дека го имаш и во банка кога тој/таа на шалтер ќе ѝ се примоча и ќе те остави да си чекаш за да си ја заврши работата или си срка кафе пошто рано ѝ е за муабет или сака да си грицне нешто, или пак на линија ете кога чекате вас некој да ве услужи, или пак недајбоже кога е пуштена само една каса во супермаркет, бидејќи другиот вработен е во веце. Во овие ситуации одма се разгоруваат тензии, иако никој нема да умре, вака на форумов сите најфини и најразбрани луѓе се собрале. Инаку никој не спомна штоперица и никој не спомна забрана за веце, ама дека фирма ќе ти дозволи непокриена линија со оправдување "никој нема да умре", тешко. Сподели ете која е таа фирма која дозволува пропуштени повици и дозволува вака лефтерно однесување, и сите незадоволни од Таскфорс може да се префрлат таму. И да, може секако да се вработат повеќе луѓе, ама сите ако сакаат денес сто пати да отидат во тоалет, вработените никогаш доволно. И ти секако нема да умреш ако не јадеш осум пати во осумчасовна смена или ако прво примиш повик, па отидеш во тоалет. Вода комотно се носи во шише, не знам зошто е тоа проблем. Во огромни канцеларии со океан систем најчесто апаратите за вода се во ходник кај лифтовите, па ти додека искочиш, дур се куцнеш, дур наполниш вода, дур пак се куцнеш и се вратиш назад, не е практично, ама велам кој е навикнат повеќе да шета на работа отколку да работи ова можеби му изгледа нормално. Јас сум сам свој газда, така најмногу си го ценам своето продуктивно време и немам потреба на секои пет минути да одам де до веце де по вода, зашто продуктивноста ја наплаќам, а непродуктивноста не.
     
    Mother of 2boys, Amellie13 and Mary88 like this.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,547
    Likes Received:
    8,899
    Gender:
    Female
    Ова е една од работите која е толку смешна или тажна, без никаков контакт со реалноста. Како малку постара од вас, која ја памети државата пуна со стечајци, ќе ви кажам дека овие фирми (десетина се можеби, од оваа бранша) вработуваат повеќе од дваесет илјади луѓе во Македонија. Ти да си свесна за математикава, ќе знаеш дека овие филозофски муабети во реалноста не се точни, и Таскфорс или било која друга компанија, утре да рече важи грицкајте вие на биро слободно, ја ќе идам у Индија, Бангладеш, Мароко, Тунис, Полска, Србија, Чешка, Хрватска итн итн, државата истата секунда ќе потоне, комплетната економија ќе колабира, пошто ние немаме ништо друго освен вакви фирми, сите фабрики се затворени, сите наши фирми се купени од воени профитери и сведени на минималец. Така да пред да мислиш дека ние им требаме ним, кажи прво кај ќе одат дваесет илјади луѓе без работа, најди им решение, па после пишувај вакви мотивирачки говоранции.
    Пс. И можеш слободно да споредиш како се заштитуваат податоци, пошто правилата за ова прашање се многу строги, ама веројатно не би зборувала така доколку ти си оштетена и твои податоци се злоупотребени.
     
    Stark likes this.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2024
    Messages:
    1,131
    Likes Received:
    7,272
    Gender:
    Female
    Да не хиперболизираме и да одиме во крајности. Одењето во вц треба да е достапно во секој момент. Нормално ако веќе си на повик, ќе се воздржиш. Но, кога ќе завршиш, не гледам како е проблем. Секако повикот ќе се пренасочи кај друг. Зборуваме за физиолошка потреба, не аздис и грицкање на чипс. Значи човекот има потреби, може да заклучиме. Дали тоа значи дека и на работниците кои градат згради, особено во лето, не треба да им дозволуваме да пијат вода, затоа што зградата има рок на изградба и секоја секунда е драгоцена?

    Инаку барем во денешно време, куп фирми имаат чат-роботи. Нит мочаат, нит серат, нит вода пијат. Зошто се уште преферираме да комуницираме со човек? Во ред, на сите времето ни е драгоцено, нетрпеливи сме, но таа нетрпеливост е проблем на фирмата. Која треба да има повеќе вработени. А не да создава несоодветна средина за помал број на кадар.

    Не можеш да ме убедиш. Факт е дека во МК и сите останати земји со ниски примања се рај за експлоатација. Еве кај мене, си искачаат од работа ако имаат обврска, си одат во вц кога сакаат, не смее шефот да им зуцне. Само јас будала од балкан почитувам. Да ти чита некој тукашен, ќе ти се изнасмее. Паузата си ја пролонгираат, па пак никој не смее да им каже ништо. На крај пак се е сработено. Така да, зошто такви строги правила, кога и вака и онака ќе се сработи. Има ли потреба?

    И еве таквиот вработен нема да напушти. А воедно и ти имаш ќар со тоа што држиш стручен кадар, и вработениот е задоволен и мотивиран за работа. Кај маж ми е уште полабаво. Затоа што тука повеќе се цени животот, него работата. Не се слуги твоите вработени. Туку лица преку кои остваруваш профит. Сакаш профит, дај услови.
     
  12. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Joined:
    Jul 23, 2015
    Messages:
    101
    Likes Received:
    102
    Gender:
    Female
    Дај им време на твоите газди да им текне дека можат да си направат outsorcing со помали трошоци и иста, ако не и зголемена ефективност, па ќе разговараме. И никој не смее да им зуцне поради силните синдикати, кои одат до степен да не можеш да избркаш од работа човек, макар и истиот да прави очигледна штета. А, во моментот when the tables will turn, ќе пострадаат сите, но ти како Балканец, прва.
     
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2024
    Messages:
    1,131
    Likes Received:
    7,272
    Gender:
    Female
    Кадар секаде нема и има недостаток на вработени. И да, фала им на синдикатите. Треба да функционираат. Затоа и се наменети. Инаку си имаат outsorcing и пак го толерираат тоа. Не треба ти да дојдеш да им кажеш како да скратат трошоци. Пресметано е до детал. Но и тие се луѓе и ние сме луѓе. Нема што да се дискутира понатака.
     
  14. Merten

    Merten Истакнат член

    Joined:
    May 31, 2020
    Messages:
    670
    Likes Received:
    1,102
    Gender:
    Female
    И еве го уште еден од проблемите. Некој ќе стане 10 пати во тоалет, 20 пати на цигаре, па вода, па грицки, а некој друг цело време ќе ги презема повиците. И не е само да е заштитена компанијата, бидејќи најчесто имаат доволно агенти, но се прави фрустрација на тој што има осет колку пати треба да стани, затоа тоа е најчесто тимска работа. Јас ако толку пати станам нема директно проблем на газдата да му направам, повикот ќе виде одговорен, туку на колегата.
     
    Abel likes this.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,547
    Likes Received:
    8,899
    Gender:
    Female
    Ти одиш во крајности со штоперицата, јас кажав дека за физиолшка потреба секаде е дозволено, но ако тоа значи повеќе тоалет, отколку работа (си има на крај на месец KPI па фино се гледа кој седи во тоалет, кој работи), тогаш не, никој не дозволува. Сподели кои фирми имаат чет роботи, јас не знам такви, сигурно не овие за кои се зборува на темава (повторно муабетите ги терате буквално надвор од тема), Таскфорс сигурно не, а не ни Транском, Мајорел, Таскас, Телеперформанс, Концентрикс и слични аутсорсинг фирми (претежно се француски или германски, истиве правила важат и таму), првичниот welcome чет е робот, натаму презема човек и тоа се знае за колку секунди треба да се одговори, пошто автоматски се затвара четот. Може да дискутираме колку е напорна работата и слично, ама повторно, ако не сакаш да работиш како агент, не мораш, има други професии. Зошто е толку тешко на конкретно прашање да се даде конкретен одговор, кои се тие фирми кои ги фалите и зошто не се зборува за нив, во тајност се чуваат? Комуникацијата со човек нема никогаш да биде заменета, бар не дур сме живи јас и ти. Јас работев во Германија и Италија и тоа пред петнаес години, не во Македонија, правилата се тие и стануваат сѐ построги затоа што аздисуваат луѓе, а не шефови, затоа што нетрпеливоста не е проблем само на фирмата (како ќе имаш ти вработување ако не постои фирма), за да задржиш клиент (аутосорсиг фирми се нели, имаат клиенти и проекти) и немаш начин да му објасниш зошто линијата не е покриена и сите вработени ти се у веце, го губиш клиентот, губиш кредибилитет, отпушташ вработени, не е тешко да се замислат последиците. Овие фирми не работат само во земји како нашата, напротив, најголем процент се во своите матични земји, така да и тука не си во право. Зборуваш општо, без познавање од ваков тип аутсорсинг индустрија и зборуваш веројатно за твојата струка, која не е агент. Вака и онака нема да се сработи, бидејќи мене у десет години работа како агент и бекофис и човечки ресурси, никој не ми пререкол за одење во тоалет, ниту на многу мои колеги, така што да се договориме дека можеби постои некоја друга причина поради која "тоалетот" станал проблем. Да се молиме Полска да не го преземе приматот, Варшава е на ниво на Њујорк, и од бизнис аспект, многу брзо ќе си ги земе во најголем процент овие компании, па после ќе видиме на кои теми ќе се пишува.
     
  16. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Joined:
    Jul 23, 2015
    Messages:
    101
    Likes Received:
    102
    Gender:
    Female
    Кажи која фирма е, па ќе видиме.
    Едит: и синдикатите треба да се контролирани, затоа што секој, извини вака на речник, морон, да не можеш да го избркаш од фирма и те како не е добро.
     
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2024
    Messages:
    1,131
    Likes Received:
    7,272
    Gender:
    Female
    Ама зошто претерувате. Цигарата не е физиолошка потреба. Мочањето е. Пиењето вода е. Чипсот не е. Зборувам јас конкретно за пренасочување на повик ако колегата отиде до тоалет. Па он ќе отиде, па после јас ќе отидам и тој ќе превземе на следно.
     
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2024
    Messages:
    1,131
    Likes Received:
    7,272
    Gender:
    Female
    Зошто да ти кажам која фирма е и да си штетам на предноста на анонимност:D Не е фирма од МК.

    За бркањето не е точно. Баш напротив, има услови во кои може да избркаш човек. Имав таков на работа. Избркан е. Не си ги исполнуваше обврските, штетеше на фирмата и вработените. Многу лесно може да избркаш некој ако имаш докази за некомпетентноста. А имаш.
     
    Cosmic Girl, eliesaab and Oriental like this.
  19. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Joined:
    Jul 23, 2015
    Messages:
    101
    Likes Received:
    102
    Gender:
    Female
    За да знаеме каде да се пријавиме, многу нормално. Не знам колку луѓе досега само велат овака или онака за Х фирми, ама од некоја мистериозна причина, никој не кажува ни збор кои се тие перфектни фирми, да му се сневиди!
     
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2024
    Messages:
    1,131
    Likes Received:
    7,272
    Gender:
    Female
    Затоа што немам никаква потреба ниту бенефит да ти кажам;)
     
    eliesaab likes this.