Цело време примаат бидејќи цело време си одат. Еден влегува, а тројца си одат. Овдека има цело време огласи аплицирај слободно ама немој да ми се лутиш после оти сум те зафркнал да се вработиш овде https://apply.taskforcebpo.com/jobs/
Не ми се заблагодарувај оти јас овдека идам од шо ми требаат пари, шо е до мене ни мрсулот не би го фрлил овдека. Дно од колеги.
Батица секаде е скоро истото, посебно во помаливе места како во Прилеп. Помал град, скоро секој се знае од некаде, дали од училиште дали од чаршија, или преку овај-онај. Како човек со повеќегодишно искуство како што спомна ти Гентерм, истово го доживував, само посматрај и тоа е. Имав колега викаше "како се залепени во фирмава, ништо не ги одлепува"
Таскфорс во Прилеп имам слушано, посебно пошто другар ми работи таму и сме преблиски и ми кажува. Во однос на плати се доволно големи за град со стандард како нашиот, не како што викате мал град, би рекол средно голем. Платите се добри, навреме исплатени, а во однос на работата Customer care е најнапорна ама затоа и најплатена. Во врска со непотизмот е точно дека се ставаат шефој и други улоги повисоки на луѓе што не заслужуваат и се многу напорни во поглед на времето. Горе долу кога работиш со луѓе, разбирам да ти е битно да припазуваш на времето, ама има и луѓе што многу злоупотребуваат. Така да треба да има една граница и фер однос и од една и од друга страна. По мое вака психолошки гледано и економски, со колку повеќе луѓе работиш секогаш множи ги проблемите x2 затоа што на секого се нешто му смета, не му одговара итн... Пред некој пост или друга тема @Abel спомна да го лоциравме проблемот ама решение, во смисла каде има подобри услови и плата?
Психички те измачуваат ако има многу повици, не смееш да станеш од столица ни за до ВЦ. Сите во Customer Care се burnout. Се надеваме дека во иднина дека, вештачката интелегенција ќе го заземе овој дел и ќе видиме колку и таа може да издржи. Нема решение, нас американците не третираат како Филипинците. Ние како народ не се цениме, пазарот на трудот не продава за испод просечна плата на оваа позиција, па што очекуваш друго? Сами си го запаливме народот.
Која е таа плата што ја барате, еве према нашиов стандард платата што ја даваат таму е добра. Има ли на друго место со подобри услови и плата?
Ај сеа за плата се фати. Услови еј услови, пожар да фати таму во Прилеп, богами и во Битола нема од каде да се излези еј. Прозори нема. Има закони во Мкд само не се почитуваат и гледаме до каде стасавме со Кочани. Нормално ти е тебе од погреб да те вратат истиот ден да возиш Бт Ск и обратно?
Те прашувам општо, не си барај причини и према тоа да релативизираш. Општо онака при нормални стандардни моменти, каде има подобри услови и плата и се останато и јас би размислил би пошол да работам.
Ох најде кај да прашуваш, гледаш дека овде е повеќе "најди ми решение, да ти најдам проблем". Ако имаш искуство и имаш ќеиф за работата, да нагазиш да учиш германски, највисоки се платите, некаде може и 50-60 илјади +- (Транском имаат на кариера за англиски нешто реконекшн спешалист, ама пак платите се тие + бонуси, мислам може од дома), инаку горе - долу основицата е таа, 40-45, некои фирми имаат бонуси, некои не, некои повеќе бонуси, некои помалку.
Гледај сегде има некој проблем, нема идеално. Ова е мкд, не владее кај нас право и правна држава за да ри одговорам. Нека поминат инспекции сега по фабриките и по фирмиве, па ќњ видите кои недоследности има и колку секој работник е на некој начин загрозен.
Јас не ја работам оваа работа, ама знам кои се минуси, а кои плусови. Во глобала ако гледаме на државно ниво, не се толку лоши во поглед на плата..
Па ајде оди работи. Ако ти се свиѓа. Убо ќе ти е тебе да земаш 40.000 и да не смееш да стануваш од столица за ВЦ ако има много повици? Убо ќе ти е, ако ти речат иди на погреб, ама врати се, пази во друг град а немаш слободен ден да земеш? Убо ќе ти е тебе, да немаш прозори за провев и да доаѓаш до онесвестување? Убо ќе ти е тебе, шефот да ти има 20 год, а врска нема од живото, па ќе дојди да ти шефува? Убо ќе ти е ако 4 години не можеш да мрднеш од агент со иста плата? И ред др работи?
Можам да ти кажам и полошо за делче од тие 40000, и луѓето одат. Не затоа што им е убаво, туку затоа што мораат. А гледам не си се нашла во ситуација навистина да МОРАШ (искрено се надевам дека нема ни во иднина), затоа збориш како што збориш. Ама да им збориш на други што и како, без притоа да си им во кожа...
Тоа е проблемот шо сите одиме од шо мораме и со сила и со нервози и само прашање на време е кој кога ќе му дојди редот да си дај отказ. Како на Hunger Games дојде Taskforce. Никако да се среди некоја фирма да се цени трудот и работата. Една фирма немаме во Прилеп каде што нема корпуција и да се води со системот овај му бил на овај она,. онај му бил на онај она.
Хаха ти знаеш дека јас никогаш не сум се нашла во ситуација да морам? Од каде тој заклучок? Како прво, моите беа само на моја плата јас работев за 20.000 в бутик, факт кој малку го знаат. Јас не знам како еднаш не рековте доста е, имаме права како работници и само го знаете тоа ќути има и полошо. А во фабрика знаеш како е? Нека појдат инспекции бе во фабрики, зошто да страдаат работници, м? Како што идат по кафиќ у кафиќ со случајов. Сеа замисли, фабрика да изгореше со 1000 вработени. Знаете дека само 10% од фирмите во Мкд работат според закон и нормални услови. Пак, ќе речам сами сме си криви и како што се виде случајот Кочани. Нема да се оправиме 100 год.
Знам појќе отколку што мислиш. И јас на мои 19 години морав да бидам мајка, татко и сестра со двајца болни легнати дома и еден ученик. И во фабрика знам како е. Фабрики, множина, да бидам поконкретна. И тоа од различни бранши ќе ти ги кажам. Знам како е и да се копа јаглен со чекан за 50 денари дневница. Знам како е да се крои половина планина насад за 6000 месечно, непријавено, додека роднините на газдите се начукани во едно сопче колку да земаат пари. Добро, мислиш ли дека сум умноболна и дека мислам дека сето тоа е ОК? Сериозно? Исто така, мислиш ли дека ништо се нема сменето во последните 30 години? Охоо, колку се лажеш! Има, и те како, само, не е нагол. Треба малку поголема ретроспектива. Ама, ако мислиш дека, прво, промената доаѓа преку ноќ, со погласно пискање, се лажеш. Друго, научи малку да ставиш на вага одредени услови пред да коментираш. Прво, научи да го цениш она што го имаш, и научи да се бориш за подобро. А, да, од искуство, први спрепка ќе ти стават оние кои сметаш дека се со тебе против газдата, иако сте исто експлоатирани. Во таква околина, не можеш ништо, освен да си наштетиш на здравјето. Смири ги тоа страстите, оти со плукање отров може само ти да се отруеш. Фирмата ќе си биде ама скроз ОК.