Ситници за 600 мкд мислам беа, по пратките од 2000 што ги нарачав се out for delivery Е стварно се надевам ќе ги достават
Јас денес зедов пратка, не платив ништо дополнително, инаку нарачката последна нарачана стигна прва, а првата е заглавена на царина како и на останатите што читам, така да не верувам дека ги држат намерно за да се изгласа законот зошто ако беше така во тие ќе беше и оваа последнава денес што ми стигна.
Прв пат нарачувам од Тему, пишува дека ќе ми стаса околу 25 Ноември до 26 Декември, дали на апликацијата ги пратите нарачките или ви стасува преку мејл?
На апликацијата ги пратам иако стига и на маил известување. Само што на апликацијата не секогаш се точни со ажурирање, каснат. Рачунај во просек стига од првиот датум, во твојот случај 25.11 стај уште едно 7-10 дена+. Бар мене така ми стигаат.
Дали плаќате дополнително ддв за праткиве од тему над 22 евра? Имам неколку пратки околу 2000 ден., па ако знае некој да ми каже? Инаку за тие под 22е што ми стигнаа ништо не доплатив.
Ќе се воведе ддв на пратките од Тему или што е работава? И тоа ли стигнаа да го прават цицачите на државата?
Некој да ми каже за патики ако има порачувано од таму. Ве молам. Еднаш порачав 38,5 но бројот што стигна беше голем во наши патики мислам дека 40. А иначе носам 38 број. Некој да ми објасни како идат бројките? Дали би 37 или 36 би ми биле добри?
Тему е подготвен веќе, се е скапо. И да се воведе цените се плафон, поевтино наоѓам на наш пазар некоо работи. Вас евтино ви е тему?
За децата имам купувано. Гледај во сантиметри а не по бројот. Пример ќерката носела 29, по димензии гледам 30ка дека одговара и таа ја нарачувам, стигнаа со број 28 ама точни. За мене нарачав патики за вежбање, носам 40 обично, по димензии си бирав 42 и таман ми се.
Предлог закон е, а дали ќе се се усвои никој не знае ни кога и како. За сега нема ништо. Јас имам порачано и за мене и за татко ми еднаш. Многу се убави и квалитетни и лесни за носење и точни броеви. Бројките ти ги пишува во лентата кога ќе одбериш, пример CN 43 одговара на EU 42 иако на патиките ќе стои 43.
Значи и по моја логика се разликуваат за два броеви од нашите. Тогаш би порачала следен пат 36. Па ќе видиме.
Видов и бев во право. 36 бројот е 22 цм, а мене ногата ми е 21. Значи точна претпоставка. Фала што ми кажа тоа да проверам. Зашто стварно има преубави патики.
Сакам да прашам уште нешто. Дали знаете како се мерат броевите за прстените? Не сум порачувала до сега прстени ама сакам да пробам.
Има некои големини веројатно според дијаметар да израчунаш, но јас отпрво ризикував и порачав поголема големина сфатив дека 9ка ми се големи, но за 50-60 денари сеедно. 8ца ми одговараат на среден прст и показалец, 7ца на тој претпоследниот до малиот прст. Задоволна сум горе доле најмногу од прстените не ми потемнел никој и гледам да се нерѓосувачки челик.
Mоја препорака е да си порачаш прстени што се прилагодуваат. Тие можеш на кој прст сакаш да ги носиш. Ако ти е голем се стеснува, ако ти е мал се проширува.
Знам за таа опција. Јас си имам веќе прстени зашто си носам. Ама од интернет никогаш не сум порачала. Затоа ме интересираше големина. Зашто има убави што ја немаат таа опција.