И мене пораки ми пуштале стално за да одам да си подигнам. Неколку пати ми се случило да ми стои дека ме барале претходно а не ме нашле, а не ме побарал никој бтв.
Вип Пошта катастрофа. 10 дена им треба да ја подигнат пратката од царина, а сега 4 дена им стое у магацин. Уште да ми пратат порака да одам да си ја земам, а не верувам да имаат база во мојот град. Пратката беше пратена преку м-оне кои овде колку што гледам користат вип пошта, или ја користеја затоа што гледам новата пратка е пратена пак со м-оне но има сосема поинаков код за следење, пошнува со KAEX, карго експрес, на кои ни сајтот не им работи добро. Само да не бидат побетер од вип пошта.
Одам и си подигам лично... Не ми успеало да се објаснам дека не ми вртел курир. Иако 100 пати поубаво би било да ми ја донесат него да одам до база, барем стигаат не знам што да речам, можда се во гужви уште повеќе периодов.
Како ти пишува во пораката? На Гугл не можам за Центар да најдам дека имаат, Карпош ми дава, поточно Тафталиџе.
титовелешка , кај маџир маало а замисли пишав на вип пошта ми рекоа дека е некаде кај цветен пазар база центар....
И мене од ВИП ми стигна денеска. По цели 20 дена откако ја направив нарачката, дупло чекање. Вчера ми стигна порака дека ми е во база, но не ја подигнав и денеска ја донесоа.
so napravija so ova ddv... nisto ne mi e jasno dali treba nesto da se plakja koga ke ja podignes narackata ili treba da se plakja kargo, posta.. ne razbiram da napravime peticija da go ukinat ova
Јас колку што разбрав ништо нема да се плаќа затоа што ддв-то ќе си биде пресметано во цената на производот
Ништо не би зеле, затоа ти вика со вклучен ддв. Во цената е пресметано. А каде ви се појавува тоа ддв, кај мене нема ништо? Ова изгледа кај секого различно дава.
Што се случува во последно со праткиве не знам, конкретно мојава е летната од петокот и уште не е пристигната а денес е среда, до сега авионот валда би се срушил, еве не знам. Претходно максимум 2 дена имало од летање до пристигање. А тек кај е царина и чекање уште минимум 2 недели
Еве зеленото обоено. Посебно си пишува со вклучен ддв. Не дека е пресметано во цената. Ова го даде откако го порачав производот.
Pratki od Temu cekajte za 1 mesec ,pomina toa za 2 nedeli ..toa na pocetok se isilija posle ke cekame na carina samo stojat po 10 tina dena
Мене ми пишува на тему: Избирањето е во тек. А кај следи: пишува нарачано и ја има онаа табела. Дали е се во ред? Бидејќи до сега не ми пишувало вака: Избирањето е во тек?!
Врска неам, ама ко што рекоа дека ддв немало посебно да се плаќа, ќе било вклучено во цената, затоа и викам дека вајда нема да треба да доплаќаш. Вчера после полноќ напраив нарачка, неам ништо.. Ко порано што беше си е се'. Искрено и во цените не глеам некоја разлика, ко што кажуваат превише покачени Како може кај некои уште пред некој месец, коа спомнаа за предлогов, на скриншотите нивни да стои како би изгледало со вклучен ддв, јас неам видено ништо такво.. А вистина тоа дека праткиве различно стигаат, порачани во размак од ден, два, една едвај на аеродром качена, не мрда, друга со брзина светлината ги помина чекорите и стигна на царина, трета си дреме на царина и нема кој да ја земе.. Хаотично стана ова премногу.