Од спорт вижн и спорт реалити ми стигнувало дека имам прилив секогаш. Затоа и за тему чекав. На Стопанска ова. Па, кога се јавив ми кажаа уште истиот ден дека легнале. Па, по датум најдов.
Па и јас имам електронско банкарство, ама не следев трансакции баш. Затоа и не знаев за приливот од повратот. Да си видиш со банката не е лошо.
Првпат користам Тему , ве молам пишете која апликација ја имате, и дали наплаќаат додатни пари за производите кај што пишува бесплатна испорака. Дали ги носат до адреса? Фала
Да, до адреса ги носат и мене до сега не ми се случило да ми наплатат додатно. Баш пред некоја недела ни стигна пратка дома, ништо не доплативме.
Дали имате нешто нарачано од Тему за бебе? Нешто интересно што ви се допаднало? И слики ако може (облека некако мислам дека не би нарачала) повеќе некои аксесоари
На НЛБ си? И јас откажав нарачка, па по 3-4 месеци видов дека ми ги вратиле парите уште истиот ден . Не ми стигна известување, додека за поврат од други продавници ми стигнувало скоро секогаш.
Не мора да ви стига нотификација. У самата апликација ако сте на Нлб се појавува дека има прилив. Барем кај мене е вака, и за еден до два дена макс на сметка се.
Се јавив во банка (шпаркасе) ми рекоа дека уплатено е на тој и тој датум, кај мене ни во извод го немаше ама после проверив го имаше. Изгледа не сум видела добро. После 5 дена од откажувањето на нарачката ми беа вратени парите на сметка
Да, знам. Јас наназад барав нешто друго и го најдов приливот од Тему кога веќе бев откажана од тие 600 денари .
Неодамна и јас враќав пратка, ама мислев дека премногу се чека за да ти вратат пари на сметка, дека нели милион извичници имаше како не зависело од нив за колку време ќе се реализира трансферот, бла-бла...па си побарав да ми вратат кредити. Не знаев дека толку брзо одела постапката со враќање пари назад, ќе си знам за следен пат.
Алишта немам нарачано, некои играчиња, лигавчиња за бљуцки, за количка и хранилка перничиња, сега нарачав стреа за количка за сонце, и ми дадоа многу попуст на носилка исто за на колк ( за поголемо бебе), ме излажаа да ја купам.
Не нарачувајте работи што доаѓаат во контакт со бебето, особено не играчки. Знаете какви сертификати имаат производите на тему? Точно така, никакви, секој производ од облека до пластика може да е потенцијално загаден со штетни супстанци бидејќи не постои никаква регулативна. Затоа се скоро бесплатни.
Јас не порачувам облека за бебето или нешто што е во контакт цело време со него, нешто поврзано со хранење од шубе. Инаку многу е долга и широка дискусијата на темава, само ќе кажам дека бебињата после многу кратка возраст почнуваат буквално се да пикаат во уста, играчката што му ја купив да му свири сигурно нема да му биде интересна, ќе сака да го лапа даљинското што е исто од тему и папучите на татко му да ги лиже. Исто така, еве пример подлогата за под ми беше шубе да ја земам од тему, купив од голема бебешка продавница, па идентична видов на тему. Пак ќе кажам, мене сепак ми е претежно шубе, ама дека бебево е во 99% контакт со све освен со играчките мои од тему (2 на број), е исто точно.
Ама сврти било шо види етикета made in China ili made in P.R.C ... Затоа купувам се ,само гледам да е памук.
Да, тоа исто, ама јас сум малце шубаџика и не зимам работи за носење ни за нас, или прибор за храна, ете така ми се увртело. Башка на играчкава една (другата не ми е стигната уште) има CE ознака.
Не порачуваш облека од Тему од земја како Кина која е најголем технолошки гигант и една од најчистите земји, ама порачуваш од Zara (пример) која цела облека ја прават и шијат во Индија, Бангладеш и Непал а таму па знаеме како го масираат памукот со нозе Ама битно бренд е..
Леле аман ама сте напнати у темава, кој што сака од каде сака нека купува. Од крајност у крајност одите, човек да не сака еден коментар за ТЕМУ да остави. Немам време ни желба за дискусии од овој тип, кај залутав од темите за бебе тука. Свашта.