@tropic123 Ондак не нарачувај ако еднаш си се зафркнала. Никој не те натерал со сила после едно зафркнување пак да нарачуваш парталчиња, крпчиња и холахопки. Ако теписите на фб за 1100 ден (кои патем нели на слика ги гледаш и нив) се поквалитетни од тие на тему што би нарачувала скоро два и пол пати поскап? Јас ниту еднаш не изнапишав глупости туку совет што да се припази кога се нарачува. Ти изнапиша 3-4 пати есеи и глупости (ова по твој речник) исфилозофира за ништо. Прескокни го советот ако не ти се свиѓа, не нарачувај од тему, нарачувај од фб. Остави не нас што живееме во заблуда и сакаме парталчиња и крпчиња да си нарачуваме од тему. Поздрав и имај убав ден, олабави се.
Ајде девојки, доволно беше со расправии. Ве замолувам да си продолжите со дискусиите на мирен начин, без кавги и препукувања за да не се бришеме.
Немав некој период порачано од Тему ајде сега да видам ситници и оп на крајна сума, import charges и тоа не сума за занемарување. Ок, читав дека од јули се воведува во Еу ама вака директно ме мавна сега и веќе одма не ми личи така евтино како порано.
3 евра е по продукт. Барем кај мене. Баш се жалев во СДК. Ама гледам дека почнаа да имаат магацини на Европското тло, што значи верувам дека нема да остават туку така да губат муштерии. Цел континент е афектиран очигледно.
Прва проба ми беше "роденденски" работи. Топер за торта, балони, ќесички, ми даде плус 199 денари. Втора проба, рандом работи, фустан, ранец, балони, коцки за играње, плус 580тина денари пишуваше.
Има врска и дали од исто место нарачуваш. Мислам дека кај еден ист продавач ти смета 3 евра за сите. А ако шараш наваму натаму за се посебно ќе ти наплати. Мене нарачката последно ми беше нешто околу 30 евра и гледам 50 евра ми наплати. Ама си споредив на амазон истите работи, па пак поефтино ми дојде.
Ми дава постојано 4 бесплатни подароци но да направам нарачка за секој подарок. Нарачал некој за да знам колку вкупно ќе ме фати?
И кај мене го има import charges. Но тоа е нели само ДДВто кое и онака го пресметува во цената? Само сега како одделно го прикажува. Ние не сме во ЕУ да ни пресметува по 3 евра плус на производ.
Не е 3 евра по производ, ама како ја определуваат сумата, не знам. На 13-14 производи, сумата беше 1530, и кога стиснав за наплата ми покажа 1780 ден. Е сега локални магацини, ама кај мене тоа го нема. А и да го има, сигурно ограничен број на артикли ќе има.
Од Виа Пост вчера ме побараа за достава на порачка ама неможев да ја подигнам ова ми се случува прв пат , курирот го замолив за денес вика незнам ќе видиме да чекам или може некаде да се јавам да прашам?
Има некој искуство со детски училишен ранец на тркала? Вака по слики и рецензии ми личат океј, ама ранецот што ни го дадоа гратис во прво одделение е стварно убав квалитет, да не се разочарам само за да купам нов со тркалца.
Не златна, до вас е Вие нешо сте проблематични, дали тело дали градба, има нешо Више коа многу знаеш да дрндаш, морав Броевите си се точни, као по мерка праени. Да пробував па нема така да погодам. Знаеш фустани од кај нив како јако стојат? Солиено! Л увек зеам, Л и кај нас обично носам. Пак ќе кажам, до тебе е нажалост И не туку ги вреѓај членкиве, потсмири се, не ти се они криви шо не ти пасуваат работите.
Дали има некоја порачувано облека за вежбање? Да ми препорачате некои хеланки, маички, сетови? Порачав за прв пат од Тему и катастрофа ми стигна, ужас материјал, провиден, а на рецензиите и сликите беше прекрасен, плус и со 3000+ нарачки. Не сакам пак да се зафркнам, па ако има некоја од прва рака да ми каже.