Да, високо е, 18% ни запираат на сите пратки. Порано законот беше до 22 евра да нема данок, до 90 евра само данок и над 90 ддв + царина. Е за жал, го променаа законот заради тоа шо имаше наплив на роба од Кина за ефтино и домашните бутици, продавници буквално остануваа без работа и профит и државичево наше за да ја заштити домашната економија воведе данок и за пратки поефтини од 22 евра, е тоа направија Значи и за пратка од 200ден пример, ќе ти запрат данок 40ден..
Тогаш и бутиците нека ги тресе државава од кај им е робата, кинеско вришти по бутиците. Ако веќе морам да плаќам данов да внесам фушарија по бутициве нека носат квалитетна роба. Ама и со данок и без данок се нарачува.
А они од каде ги нарачуваат, исто Кинеска роба секаде гледам по продавнициве.. Исти фустани на тему што сум ги видела, 10 дена покасно на излог се.
Ете тоа е, намерно направија вака политичариве, а истата роба е ама да им ја плаќаш на нашиве поскапо само. Не се способни како да се соочат на поинаков начин со конкуренцијатa која е подобра со пониски цени, па мора ајдучки да се бранат со цинични даноци. Патем не само да заштитат економија, него од даноците да наполнат и буџет за да има за нивниот џеб
Кои се m-one и какви се во поглед на достава? Вип и елс после статус at distribution center многу брзо ми доставуваат, а со овие пратката цела недела ми е во distribution center.
Што значи ова дека имам продукти што се со pre-order? Извинете испамав у групава ама ретко нарачувам и ми требаат појаснувања
Значи дека како еден вид дека ја немаат на залиха во моментов за да ја испратат одма и ќе почекаш додека ја добијаат па ќе ја испратат.
Нема известување конкректно баш за ова, туку во track order ќе ти пишува дека артиклите се собрани и спремни да се испратат или се веќе испратени. Се чека 1-3 дена, брзи се.
Со pre-order произвиди некогаш ми биле готови за 2 дена а некогаш и по недела дена сум чекала додека да се собере
Ми се одмили скроз. Толку безобразни станале, рефундација не добив, џабе спамирам, нема полза. Вратен артикл бе На црна листа ми отиде апликацијава. Катастрофа се. Толку ги фалев, а сеа обратно.
Не ти ги вратија ни во кредити? Не ја знам ситуацијата, не сум прочитала, ама секако мора да вратат или пари или кредитс во иста вредност како потрошената сума за артиклот.
Можеби е рано, мене ми се има случено да ми рефундираат одма ама исто и друг пат за друга нарачка ми рефундираа после недела две...
Во кредити требаше пошо платив со кеш. Не вратија, од 27 им е стигната кај нив. Џабе шо и да пишеш, не постапуваат. Тоа е тоа Ајде да видиме. Секогаш враќаа у рок. Не порачувам више и крај.
Дали мислите дека зголемувањето на цените и на давачките е за да пак се купува внатре во државата наместо на апликации како Тему?
Искрено, откако ги воведоа давачките се супер брзи така да ми одговара ама јас купувам само ситници а не нешто поголемо и поскапо.