Направив нарачка синоќа, вкупно ми фати 3276, досега ми ги делеше производите за наплата а сега цела сума ми ја наплатија.. но никако неможам да ја најдам порачката во Orders , дали на некој му се има случено оваа ://
Завчера ми стигна известување дека пратката ми поминала на Царина и дека ми е кај Виапост, вчера ми стигна известување дека во наредните денови ќе ми стигне пратката, денес ми ја доставија. Виа пост се цареви! Сега ќе биде битка со оние од М Оне. Не знам како функционираат во Србија ама кај нас се катастрофа. Оние сијаличките за на огледало ги користите со адаптер или преку лаптоп?
Вие пост и кај мене одма ги носат пратките. Исто вчера ми стигна порака дека е кај нив, денес сабајле ми ја доставија. Сијалички имам такви и ги користам со адаптер во штекер. За на лаптоп, ќе треба и тој да биде вклучен за светат сијаличките
И јас сум многу задоволна од Виа пост, последните две пратки ми дојдоа преку нив. Ептен ме изненади тоа што ми се јавија ден претходно да се договориме кога да помине курир да ми ги донесе пратките. Се надевам ќе продолжат така, навистина се океј.
Јас ги имам повеќе од година, уште работат. Постојано се вклучени во штекер. Моите не се од тему, од некоја рандом страна на фб ги нарачав, ама истите се.
За да не се лажете да купувате поскапо од кај наас од некои препорадавачи сликни ја сликата од ФБ страната на "продавницата" и натему апликацијата горе во десниот ќош каде што има камерче и следете чекори. Би се зачудиле колку се препордаваат кај нас по 1000% повисоки цени.
Имам пратка од 2300, мислев ќе ја поделат ама изгледа на куп е пратено се. Ќе го јадам ли да плаќам данок?
па мислам дека нема финти, можеш да порачаш до 1000 ден работи мислам. Ако го надминеш лимитот ти стигаат како оделни пакети, пролистај поназад сигурно ќе најдеш информации
Изгледа веќе не ги делат пакетите и лимитот е зголемен. Мислам некој и тука пиша а и на фб групата пишуваат дека им поминала нарачка над 1200 ден и тоа не поделна
Мојава последна нарачка е 1900 и сите работи ги пратија заедно. А претходно ми ја имаа поделено на слична сума. Веројатно е зголемен лимитот.
Имаш опција да не ја зачува картичката, јас така правам и секој пат ја внесувам, веројатно е побезбедно отколку да се зачува.
Да прашам како да дознам каде ми е пратката?? Требаше да биде доставена, пишуваше кај курир, помина датумот, после за рефунд ми дадоа ама сакам да знам како да ја најдам ако веќе била стигната кај нас. Не знам ниту во која пошта е. Денес вртев виа пост не добив, еко логистик исто, друго чаре?? Ептен ми е битна праткава, за подарок ми е, втор пат со неа исто вака се случува.