Евтино е затоа што нема препродавачи во целиот процес, од фабрика директ иде кај тебе. Иначе и во продавница тука да купиш повеќето од работите се произведени во Кина. Кина и не е толку лоша колку што прават лоша пропаганда од конкурентите кои губат на пазарот.
Во право си, но тоа не го негира фактот дека производството се одвива со полабави регулативи. Освен ако самиот си правел истражување, ќе го земам во предвид веќе она што некој веќе го извршил и дал таква констатација. Само што прочитав. 622 пати над дозволеното се најдени токсични материи во детска јакна. Во играчките исто така.
Дали може и која е процедурата да се врати некој производ и нормално поврат на пари да има? Дали знае некој?
@Antebellum Сега ми текна штом купуваш спортски градници сигурно и вежбаш, преубави шорцеви си порачав да си направам комплети со градниците, од долу се како бициклистички а горе широк шорц, многу се комотни, ако некогаш решиш да порачаш https://share.temu.com/T8t5ewsPEMA
Ме носи директно на апликацијата од банка. Плаќам преку неа. Индиректно плаќам на тему. Немаат никакви податоци освен прилив на пари и трансакциска сметка.
Имам прашање повеќе е како неверување, имам купони од 6000 денари, ама расцепкано. Ми вели дека со сметка над 5 000 денари ќе добијам 600 денари назад и вака 10 пати. Па со ова повеќе ќе платам отколку што ќе земам... Ќе треба да потрошам 50 000 денари...
А како да стигнам до тоа со враќање кредит? Како да го најдам и како функционира? Ве молам само точни и проверени одговори.
Не знам, ама мислам дека треба да ти даде таква опција, исто е со вртење тркало. Не дава секогаш. Треба да направиш нарачка и потоа ги наоѓаш со claimcredit на лупата, за да ги собереш за 7 денови. Мене ми давало до 80% credit back.
Јас на лупата внесувам claimcredit како на првата слика и ми отвара тркало, вртам и после отвара како на втората слика. Правиш нарачка и го собираш кредитот наредни 7 дена.
Дали кога имам веќе кредити, и направам нарачка со која ќе добијам 30% кредити назад, за оваа нарачка ќе се искористат кредитите кои веќе ги имам ?
Знае некој 001 Скопје Југ - Главен магацин од ELS каде се наоѓа ? А за достава ќе работат ли во Петок бидејќи е празник ?
Мене само такви пораки ми стигнуваат. Имаше и кај мајка ми која поретко нарачува , провери можеби имаш и ти. Јас искористив кредит од 1800 ден со доплата од 20 ден и на новата нарачка каде што го искористив и на неа сега имам 1400 ден кој треба да ги собирам до 8 јуни. Провери во пораките можеби имаш и дополнителен попуст на 1 производ до 60% и тој исто се плака со кредитот Јас добив и 2 подароци но ги одбив, се си мислев дека не е точно исто како со кредитов на почеток.