Имам еден проблем со Тему. Порачав паметен часовник и ми стигна расипан на 30.05. Го вратив во ЕЛС на 31.05. и тие го доставиле на Викторија Шпед на 04.06. Оттогаш му се губи траг а сеуште од Тему велат дека немаат информација за рефундирањето на пари кое го побарав од Тему. Од ЕЛС потврдија дека го предале на Викторија Шпед и дека тука престанува нивната одговорност. Звонев во Викторија Шпед и тие велат дека вршат само царина на производите. Сега не знам каде е воопшто производот и секој ден пишувам на Тему но тие сеуште немаат инфо за саатот. Дали може некој да помогне што да правам, ни пари имам ни саат имам.
Девојка ми сакала да и нарачам некои ствари од Тему, па сакам да ја изненадам со нешто плус, и гледам има доста избор на долна облека. Сте нарачувале нешто такво? Како е со квалитет? Нешто да препорачате?
Кој не искусил, не знае, Агенција за пошти ти е едно од нај-нестручните регулаторни тела, секогаш во заштита на неправото кое го сториле поштенските оператори, на кои токму они им дале лиценца за работа, којзнае под какви услови.
Првично обиди се по мејл, па во пошта, поднеси поплака и жалба до управните тела. Ако не бива, прости се од часовникот, здравје прва прилика ќе купиш нов. Колку чинеше инаку? Сакам да се пожалам од Тему. Благодарна сум за сето досега што стаса, ретко што не се погоди и во однос на големина и квалитет, презадоволна сум. Но, зошто бе мајката другите земји смеат да имаат ''free gifts'' и малтене на секоја нарачка добиваат плус нешто гратис, дур ние овде доколку не го исполниме минимумот (3 000 денари од нарачка) не може да добиеме ништо? Дали ова вака ќе остане засекогаш, задња рупа на свирало ќе бидеме како повеќето екс ју, или кога ќе поскапи дополнително и ние ќе ја добиеме таа можност? П.С. Каде се тие игрици што ги играте за да добиете нешто плус?