Сега чичко Ниган ќе ги посети со хебла..... Уште 4 епизоди , мислам дека би се појавил он во последната или последните 2 епизоди, следната сезона ќе биде повеќе посветена на него, би требало. И све ми паѓа жал за Глен и Маги, баш тие ми се најомилениот пар уште од 2ра сезона, све нешто ги спремаат како да ќе ги утепаат...
Да, баш човечност има во нив останато На Гленче ќе му летне главата, или евентуално Дерил. Глен кога ги колеше луѓето, нели над еден од нив имаше слики од луѓе без глави, епа, така нешто и со него ќе се деси...ни крив ни должен, после детето без татко ќе си расте
Всушност доколу Ниган ги најдеше нив, немаше да ги остави живи како луѓето во Хилтоп, бидејќи од нив би немал апсолутно никаква корист. Во Хилтоп ги чува живи поради храна, а оваа група немаат ништо да понудат за да би останале живи, така да... оваа постапка беше неизбежна...
едвај чекам да го видам тој Ниган, изгледа позабеган и од гувернерот и од оние во Терминус, инаку се согласувам со останатите коментари од погоре да не беше Рик многумина од ликовите не би преживеале ќе биде интересна и возбудлива следната епизода
Каква епизода, осмомартовска You go girls <3 Немаат утка со епизодиве, пу, пу, да ги поплукаме. На Меги и го билдаат карактерот, I like that! Tипката предобро глуми, време беше да и го искористат потенцијалот. Неможам да сконтам кој и е филмот на Керол, зашто дозволи Морган да и се пикне во глава. Многу работи немаше да се случат да не почнеше да се сомнева во себе. Во секој случај добра манипулација им лупна на овие сејвиорките. Сакав ладнокрвно да ја скине црвенокосата ама и со тоа што се случи сум задоволна. Во мојата перфектна верзија на епизодава репликата на Керол на прашањето : What are you so afraid of? ќе беше : Of what I am going to do to you now. И пресекување врат во два чекора. Бам! Понекогаш кога гледам TWD излага психото од мене
ах каква епизода , без здив останав, тахикардија цела епизода , единствено ме зачуди Керол, некако омекнала .....го запали цел терминус а и беше тешко оваа да ја реши. Меги херој на епизодава .
АХ докторката ми ја убија Буцкасто, паметно суштество...жал ме фати. Следен Дерил или Глен??? Ма да има теории, дека Ниган кога ќе ги фати последната епиозда, ќе замавне со тоа панката и така ќе заврши без да покажат кого убил...е тоа ако се деси, ќе изгубат голем број гледачи од нервоза. Мислам права глупости би била, исто ко што би била права глупост ако серијава заврши (значи скрос на крај) како Рик се буди од кома и дека се ова што се случува всушност Рик го сонува. Нели на почеток тој е ранет и е во кома...мислам ќе фатам и лаптоп и се ќе исфрлам, толку глупо ако биде.
^ имам помислено на таа теорија за Рик дека е всушност во кома, ама јас на шала пред другари ја изнесов таа мисла и тек после тоа видов дека на интернет е доста популарна таа теорија. Ако испадне така, џабе гледање, така ќе се чувствувам...
Да, и јас баш читав и се разочарав. Добро може нема да биде така, да се надеваме, сепак уште не се знае точно крајот и си кажуваат луѓето се и сешто. Сепак нека се потрудат поубав крај да биде, а не така...и јас ќе напраам серија и за на крај нема ич да размислувам, се знае, главниот лик цело време сонувал. Така направија и со Серанови не можам да поверувам, а колку ја сакав таа серија.
докторкава сама си го бараше, не се излага баш туку така надвор, веднаш се чуствуваше дека нешто лошо ќе се случи . Абрахам и го фрлил окото на Саша... , од друга страна многу ме изненади одлуката на Керол да си замине ме остави некако без зборови....
Може жив е. Може го рани во рамото или околу рамото...да се надеваме Не дека ми е некој омилен лик, ама дека од прва епизода го има човечето и ми е жал искрено ако умре. До душа секако сега повеќето ќе умрат ама ајде...
И јас ги читав спојлерите според книгата за Глен и Меги, и сите можни комбинации што би се случило. Нетрпелива сум и имам предосечај дека нема да ми се допадне кој и да го тргнат, а од друга страна серија ќе зазеде нова насока и ќе добие освежување.
Дерил, Глен или Мишон би ги тргнале сигурно, а јас сакам Рик пошто премногу почна да ме нервира човекот. А Меги изгледа бебето ќе го изгуби.
каква епизода...прво ме изнервираа што така повеќето излегоа надвор, кој по Керол, кој по Дерил, се раштракаа на сите страни...а местово го оставија Меги бремента да го чува и Абрахам?... се очекуваше некој пресврт ама јас лично не мислев дека Дерил ќе го ранат (искрено се надевам дека не е мртов),,, последнава ќе биде многу добра....и многу крвава
E стварно зошто зошто...кој беше сега.Се шпекулира на Абрахам, јас мислам дека не е тој, некој побитен е.Многу секси маж е Неган, ама одма го замразив.Ми личи на водич на култ, шармантен, изопачен и со опасни визии за иднината.Со душа го чекам моментот кога ќе му врати Рик.
Па Абрахам е битен, и Дерил, Глен и Меги се побитни... Те. Е сите се тука битни освен Росита, Јуџин и Арон... Инаку Глен е убиениот пошто има на YouTube излезрно аудио снимки од монологот на Ниган. И во серијава не дадоа ама тука убаво се слуша како сите пискаат кога ќе мава со палката, а посебно Меги се дере пишти и вика по Глен... НоооУу Глеенннн ноооо.... Значи тој е...