Јас сакам да умре Абрахам ако веќе некој умира, не сакам никој друг, реално не знам зошто режисерите ја имаат таа потреба да ги убиваат најомилените ликови, кои реално ја прават серијата интересна. Демек многу се јаки и тоа стана тренд во сите серии, не се интересни веќе. Инаку јас реално не сакам да ја гледам серијава ако го убијат Дерил, стварно ми е омилен лик и ептен ми допаѓа таа врска што ја има со Рик и сите останати. Глен не сакам да умре оти конечно малку среќа доживеа со Меги. Не знам се надевам дека нема да ја укакаат работава.
Инаку не знам дали видовте дека демек протече спојлер од скриптата за првата епизода во кој е опишан дел од сцените и се навестува кој умира. Многу реално изгледа и мене ми личи дека не е лажено инфо. Не спомнувам ништо оти може некој сака да се изненади, ама според тоа што прочитав изненадувањето не е пријатно.
Ја покажаа палката со крв, ги покажаа остатоците од мозокот растечен и како демек некои приметиле имало ПРСТЕН меѓу крвта па одма излегоа шпекулации дека и Меги и Глен се убиени (пошто сами тие носат прстени)...не верувам баш ама ај. Јас мислам или Абрахам или само Глен без Меги... п.с. Многу поголема гледаност ќе имаа ако покажеа кој умре. Сите со нетрпение ќе чекавме да ги видиме ракциите, сите уште ќе беа потресени...а сега му ја ебаа мајката....ја уништија серијава, 10000 пати реков и пак ќе речам. Дури и главните режисери и глупости, се извинуваа на твитер кога видоа негативни реакции пишале ова е псоледен пат вака да се деси.....значи човече тогаш сите загрени чекаме да се деси нешто и НИШТО не се дешава. Се нервирам уште неќам ни да ги гледам.
Поштено се убив од плачење! Го чекам денот кога ќе го убијат Ниган. Ќе коментирам подоцна, кога сите ќе ја изгледате.
Woooow! What the fuck was that?? БРУТАЛНО! Мислев или Глен или Абрахам, а не двајцата... Не очекував вака искрено, си останав со отворена уста. Дерил сега ќе го рушат од силување А Меги душичка... Уште сум под импресии што епизода ќе беше ова...
Мислам дека ниту еден лик не страдаше толку како Меги, остај што цела фамилија и ја изрешетија, па сега и саканиот и тоа пред да го дочекаат раѓањето на детето заедно. Кога рече "Меги ќе те најдам" мислам дека срцето ми се скрши. Многу ми беше мачна и тешка епизодава, ем поради смрта на овие драги ликови ем поради психичката болка на сите останати. Ниган од една страна се плаши од Рик, зошто тој е подобар водич од него, човечен е и тоа е голема особина на лидер. Затоа му напна толку, сакаше да го скрши психички и да го осакати физички(со тоа што ги уби сите силни мажи од неговата група и го зеде Дерил) сеа не му остана сила за да се противи, а Ниган од тоа имаше страв. Сепак мислам дека ќе најдат начин и сила за да му вратат здраво за готово. Џефри инаку е одличен актер и многу добро глуми негативец, а ликот му е одличен. Се гледа дека е психотичен, нарцисоиден и садист, најдобар од сите противници на групава досега. Генералот за овој беше бајче. Мислам дека Меги после ова ќе остане во Хилтроп(или како и да беше името). Жал ми е за Дерил, ама од една страна мислам дека е подобро да имаат човек таму, може да послужи. Не знам како Ниган завршува во стриповите, ама едвај чекам да дознаам како ќе заврши тука.
Ама на сите им е жал за Глен дека бебето не си го дочека, а Абрахам бе? Најхрабар излезе... И тој е за греота.
Абе не велам дека не е, ама за Глен се приврзав повеќе со тек на сезоните. Инаку она што го прочитав пред некој ден од протечената скрипта испадна така. Значи точно е било и очекував дека тие се мртвите.
За умирачката , досадно... Сите знаевме дека Глен ќе иде според стриповите, и се знаеше дека и / или некој небитен ќе иде т.е. маж ми број 2 Абрахам... Ај Меги или Карл да умреа, па да ми биде вау... За останатиот дел од приказната, немам коментар. На ниво, како и секогаш.
Сеуште не можам да се соземам од оваа епизода,ептен вознемирувачка..Ќе си имам трауми,дефинитивно најпотресна епизода до сега што ја имам гледано во секој поглед... И јас се спојлнав од скриптата,но во себе некако не сакав да верувам дека е така и баш се испадна како што прочитав.. Глен ми е омилен лик уште од прва епизода и се убив од плачење..Нема да ми биде исто воопшто без него ама ете..Меги кутрата што се преживеа,баш сите најблиски да си ги гледа каде и умираат и сепак има сила да биде на нозе За Абрахам беше жално да,ама не ми беше ништо посебно како лик. Глумата на сите им е на ниво значи немам коментар,предобри се. Ниган делува како ептен добар негативец,страшно забеган психопат,Џефри е фантастичен.Баш ме интересира како понатаму ќе се справуваат со него и што ќе се случи со Дерил...Тие новиве со тигарот, не ми делуваат привлечно.Не ми изгледа дека ќе испадне некоја добра приказна со нив и плус целата армија на Ниган.Кој знае како ќе излезе,сепак ќе видиме можеби не сум во право.
Браво за Карл...најмлад а најстабилен ми седеше. Под штрек бев цела епизода, мислев дека уште некого ќе закачи..предобра епизода.
Абе знаевме дека Глен ќе биде ама ептен неочекувно беше дека и втор ЈАК лик уби. Нели прво Абрахам го уби и тоа е тоа, сите се помиривме и одеднаш замавна кон Глен... Окото му излезе... Рик го натера раката на син му да ја пресече со секира... Дерил го зедоа и не сакаш да знаеш што ќе му прават. Побрутално од тоа амин. Рик во сите сезони се правеше некој јак, глумеше лудило и сега не можеше два збора да врзе... Трепереше цел, дткаше, ептен ги фати неподготвени. Јака излезе епизодава и се извадија дека двајца убија. Ако беше само Глен ќе беше досадно, ама ова беше неочекувано и добро.
КОга почна новава епизода мислев 5 нови страни ќе се пишат на темава ама nahhh...сепак поактуелни се украден живот и парампарче кај младинава отупеа со турскиве серии, бетер од баба. Само 2-3-4 души сме ја гледале серијава...
Досадна епизода... Јасно е дека не може сите епизоди да се wow, ама да гледаш 15 минутен монолог од нова личност, и не е баш нешто посебно интересно... Кога го видов со тигарот мислев кој знае колку е јак, тој кутриот на Ниган му служел и му робувал... Туку зошто сите овие групи не се соберат и да го убијат Ниган? Овие со тигарот, плус групата од Александрија, плус групата на Исус, и сигурно има и други групички низ градот што му робуваат нему... па сите да се соберат и можат да го убијат... Ќе се спасат засекогаш...
Истото го мислев и јас гледајќи ја последната епизода, дека ќе биде добро да направат еден сојуз со "Кралот" и да го нападнат Ниган. Жално за Глен, ми беше и мене еден од омилените ликови, реакцијата на Рик ме разочара, ако беше во првите сезони ај, ама сезоната пред оваа ликот се развиваше во побрутален правец и некако не му седеше оваа збунетост. За Карл секоја чест, расти и се развива, изгледаше поприбран од татко му. Мег душичка, нема што да се кажи, се надевам ќе закрепни брзо, за бебето. А,ќе заборавев- се надевам Керол ќе се врати на своето вистинско ЈАС, оти не ја личи да изиграва изгубен случај, ми се губи почитта кон неа кога ја гледам таква. Поздрав до сите, имате уште еден љубител во темата
И јас сум со вас. Мене ова втората епизода ми беше поинтересна, поубава од првата која ми беше премногу брутална, крвава Веќе насетувам дека со Кралот нешто ќе се издешава за да се спротиставаат на Ниган со другите заедно. Патем, мене ми е Кралот интересен лик, искрен, приземен, човечен. Серијата веќе стана преполна со зло, луѓето си губат надеж во се, го изгубиле човечното во нив, така да ликот ми дојде вистинско освежување. Во третата ќе биде за Дерил, мој фаворит. Едвај чекам.
Мене ми беше многу досадна епизодата... Нели голем дел се врти околу Морган,што лично мене ми е еден од подосадните ликови. Керол некако ја спаси малку епизодата а кралот онака. Не очекував така да биде, сепак океј ми беше. Тигарот преубав
Ете оваа си беше поинтересна. Тешко на Дерил колку јака психа треба да имаш за да останеш силен при оние тортури. Поарно нека прифати да му работи за Ниган отколку да се прави вака силен...џабе му е, не може да избега, ни пак може некој да го спаси. Сам ако не се спаси, никој не му помага... А најјако е кога Ниган поминува и сите на колена паѓаат со глави наведнати... бреееј повеќе почит има од сите кралеви и претседатели заедно во реалноста