Браво за Меги. " Што те не уништи, тоа те прави посилен", и за во нејзиниот случај. Сигурно неа ја имаше Исус на ум кога спомна новиот водач на Хилтоп. Она ми е баш јака женска. И со тек на времето, во серијата, стануваше се посилна и похрабра. Толку ми е серијава развлечена и толку помина време дека заборавив многу работи и детали. Не можам воопшто да се сетам кога и како на Рик малиот го загуби окото. Кога тој и Енид зборуваа вчера, ми се чинеше дека тотално не сум во тек, а ете немам пропуштено ниту една епизода. Сакам да почне нешто да се случува, например да го нападнат веќе тој Ниган и неговите потрчковци, сигурно ќе дојде крајот на сезоната кога тоа ќе се случи знам, ама многу треба да се чека до следната епизода
Патем на јутуб има еден дечко што анализира епизоди , филмови и трејлери. До сега сум приметил дека баш пронаоѓа некој скриени работи што ни јас не сум ги приметил. Во моментов анализира Walking dead, али истото го прави и за Game of thrones. Еве му ја последната епизода , ако имате некој 15-20 мин да потрошите , можете да гледате. треба неделава да искочи за 6 епизода.
Луѓе, ја гледавте ли епизодата вчера? Мене ми беше прилично интересна, имаше и малку повеќе акција, неизвесноста со мртвите, некако оддамна немаше "блиски сусрети" со шетачите, како да ми фалеја Патем, имаше некои мали нелогичности во епизодава (за мене ) Прво, Тара - кога прв пат се појави на "сцена" не беше волку " крупна", ми се чини како да во меѓувреме качила едно 5 килца најмалку. Едвај имаат што да јадат, нели требаше да ослабне Второ, некако имав впечаток дека со Хит беа оддалечени поприлично од Александрија, а таа од женскиот камп се врати многу брзо Сигурна сум и дека Хит е жив, баш ми е ок лик, штом не беше он кога Тара помисли да е еден од мртвите, значи жив е. И не знам како, ама сигурно некако ќе се спојат со женскиот камп бидејќи имаат тие имаат муниција, мислам дека сепак Тара ќе изнајде некој фер начин да се здружат. Најавата за следната епизода ми се чини уште поинтересна.
Толку ми е досадна сезонава, што уште малку ќе ја прекинам Последаната епизода од понеделникот уште ја немам гледано, само ми кажаа дека била со Тара... У пм веќе...
Тоа е така затоа што Аланна се породи пред некое време. За разлика од епизподата со Керол или онаа со Дерил мене оваа ми беше доста интересна. Конечно Тара после толку време, имаше повеќе акција. Ме иритира што ги кратат соопштувањето/реакциите за смртта на Глен, Абрахам, Дениз.. Наредна делува интересно,искрено мислев дека Jesus ќе стигне пред крајот на сезоната како знаат да завлекуваат
Гледаше ли некој серијава воопшто? Одлична ми беше оваа епизода, дури самиот крај скоро ме расплака (или поради избориве веќе психички попуштам ), средбата на Рик и Дерил.
@Sky-butterfly Дерил ми е срцка, најсрцка...кога го има на сцена ми се иде да го гушкам и да не го пуштам. Многу емотивно ги одглумува моментите на љубов. Средбата беше одлична и мидсизон финалево беше одлично. Конечно се мрднаа од мртва точка. Дали само јас мислам дека она што го зеде Рик од бротчето е нешто што уствари е наменето да ги зафркне оние што ќе го земаат на некој начин? Ем ради пораката ем ради човекот кој го дадоа во кадар( уствари чевлата ) Многу ми е ќеф Мишон што ја уби онаа кучката, сеа уште плавушата некој да ја среди. Исто и за Спенсер, не го поднесував. Ги следат стриповите, ја дадоа и ќелијата која е наменета за Ниган. Него Морган и Керол не знаат за дешавката со Ниган и убиствата нели?
Добра епизода. Спенсер ми одеше страшно на живци и си доби тоа што му требаше, ама затоа кутрата Оливија. Росита на моменти може да ме изнервира без разлика што е храбра, други страдаат... Јуџин конечно испафна храбар, жалче. Очекував повеќе интеракција помеѓу Дерил и Jesus, го спаси човекот буквално а ни минута не прикажаа, as usual. Наредниот дел од сезоната ќе живнат изгледа, ама далеку е фебруари...
Па не знам кого ќе зафркне оти во најавната сцена за следната епизода беше прикажан тој истиот "чевла-човек" како ја посматра Александрија. Значи ги следел, па дали е тоа човек од некој друг камп кој на тој начин открива и напаѓа другите кампови, или е некаква замка во запленета роба или нешто трето. Ќе видиме, ама би сакала побргу да оди серијава. Дерил е и мене најомилениот лик од почеток, стабилен како лик и мислам на сите им е најомилен. А мислиш Мишел ја уби таа во колата? Мене ми остана нејасно. И за тоа кој го пушти Дерил всушност? Тој на Ниган соработникот или Jesus?
И мене ме чуди тоа. Jesus да, имаше намера да го спаси но кога се сретнаа делуваше изненадено...Од таа причина не ми се верува дека е тој. Е сега дали е Двајт или можеби е девојката,кој знае..
А од последнва епизода кој е тој со чизмите што ги следи? Ја памтите скрос првата епизода од првата сезона? Ви текнува дека имаше едно семејство мексикансци (маж, жена и две деца) што си заминаа од групата? Демек сами ќе си се снашле. Епа замислете да е тој мажот од прва сезона буууммм се враќа
Јас ја следам, знаат да затупат на моменти ама во глобала интересна ми е. Ја гледаше новава епизода? Леле, инфаркт ќе добиев кога Спасувачон за малку ќе ги фатеше Меги и Дерил Oној па Јуџин, лигуш А Саша...
Ја гледав новата и затоа пишав овде да видам дали само мене премногу ме изнервира Јуџин значи која пи*ка е човече Се гледаше дека е лигуш, ама ова што им го направи е стварно нефер и нехумано. Инаку знаев дека или Росита или Саша ќе умрат... А може нема да умре кутрта Саша ама тешко некако. Многу се прват јаки а кај може сами тие две да го убијат туку ај... Плус колку се караа, а после BFF станаа. Едвај чекам да нападнат и да се спасат веќе еднаш. Следната епизода сигурно ќе биде кај што Рик ќе склучува договор со оние жени сами што се...и после веќе сите обединети ќе го нападнат Ниган
Сигурно се чувствува важен Јуџин па се уфилмал сега, таков беше и во првите сезони кога се преправаше дека е многу битен научник. Женскиве прават чисто самоубиство, во најдобар случај чичко Неган ќе ги запосли во харемот. За Саша збореа дека ќе снима нова серија, т.е. сезона од Ѕвездени патеки и таму има една од главните улоги, така да можно е тука да умре бидејќи сака да ја напушти серијава. Може и со двете ќе продолжи, којзнае. Ми фали мене Абрахам, Глен некако не толку. Исус ми е , ако е геј
Не сум знаела дека Саша ќе снима друга серија... Штом е така тогаш рачунај дека ќе умре во оваа серија Арен си е Исус... И добар и убав да го грабнеш и да бегаш. Туку и го зедоа докторот на Меги, па ваљда нема да има проблеми при породување
Зомбињата од море излезени Дефинитивно најгадно нешто во цела серија... Никогаш не ми биле олку грозни Најјак Јуџин кога и даде апче на Саша таа кутрата бараше оружје а овој апче и даде да се убие Значи осет бе...
Па Јуџин ако не за*бе, тогаш кој? А зомбињава хипици еј, мене баш ми беа интересни, сезонава у заден план се, не ги даваат доволно на екран.
Го изгледавте финалето? Јас дури сега го гледав и дојдов да видам какви впечатоци вас ви оставило ама никој ништо не пишал... Spoiler Знаев цело време дека тие од ѓубриштето се лоши Се познаваше таа главната дека не е токму во паметот....Де текни и вака, де така...Ама сепак не очекував дека олку брутални ќе бидат....Ме изненадија. RIP Саша...Душа бе...СИ замина кај саканиот Мислев и Мишон ќе умре, ама изгледа само окото го изгуби. А Јуџин ѓубре...Најодвратен лик ми стана. Следнава сезона изгледа ќе биде цела со војни.
Следната сезона дефинитивно треба да биде последна. Од добра серија ја направија очајна. Само споредете ја последнава сезона со втората или првата. Како да е друга серија.