17 епизода имаше премиера во понеделникот или не ? Бидејќи барам да ја изгледам онлајн ама нигде не е објавена .
Во право си. Се изгуби секоја смисла на серијата... Се надевам ќе и стават крај веќе, инаку нема смисла. Првите сезони едвај ги чекав, а сега заборавам да ги гледам од што се досадни.
Сеуште не можам да се решам да ги изгледам последните 8 епизоди затоа што навистина ми е досадно веќе. Се прашувам што ли ќе прават во 8ма сезона.. Воопшто не е возбудлива веќе како што беше.
Следнава сезона цела ќе биде со војна против Ниган.... Војни, тепачки, боксови, а никаде зомбиња. Мислам дека мене досадна ќе ми биде, со оглед на тоа дека не сум љубител на сцени со војување. Луѓево веќе немаат страв од зомбињата туку меѓу себе очи си вадат за моќ.
Тоа беше поентата со текот на сезоните, дека зомбите нема да претставуваат толку голема опасност како самите луѓе. Но тие ја претераа,сосема ги заборавија...Ми фалат оние масовни напади од зомби што ги гледавме често... И Ниган е веќе досаден
Уште пред 2-3 сезони требаше да дојдат до некој град/камп или што и да е каде ќе се вклопат со други луѓе. После тоа можеше уште една сезона каде наоѓаат решение како да ги уништат зомбите или да ги претворат пак во обични луѓе. А не ова истиот шаблон секоја сезона - групи луѓе повеќето лоши и тепачки и по некое зомби. Таман мислиш тргнало на арно пак почнува лошо за да има уште една сезона. А да не правиме муабет колку се неконзистентни зомбите - некогаш напаѓаат подло и брзо а некогаш се толку спори што може и дете да ги убие. Не знам стварно зошто ја гледам уште. Секоја сезона викам ај ќе ја подобрат
Ја гледа ли некој премиерава на фокс? Првава половина делува ветувачки, па да видиме како ќе продолжи.
Јас ради рада ја изгледав првава епизода Не ми е веќе тоа тоа како на почеток што беше. Единствено јак ми е Ниган, ама сигурно ќе го убијат и пак едно исто во круг ќе се вртат.
Која бре јака? Како дете да почнало да ги прави сценаријава. Ниган си се шета сам пред нив никој не го пука, после тоа пукаат милион куршуми во прозори!? Повторно долги монолози и бесцелни дијалози. Се откажувам не ја гледам веќе и онака последниве 3 сезони ги гледав ради нивната стара слава ама доволно е
Ме убива серијата... Цело време се обидувам да продолжам да гледам, се форсирам со надеж дека ќе биде подобро, но ништо. По досадно не може да биде. Требаше да стават крај одамна кога не знаат што да прават.
Навистина решија Карл да умре? Ок...Пиши пропало. И Рик веќе не сакал да снима, па се шпекулира дека Ниган ќе стане главна улога во серијата. Веќе одамна серијава ми се одмили некако, и сега кога видов за Карл беше шлагот Како читам по странски форуми, пола фанови веќе се откажаа од гледање...И јас сум меѓу нив. Имаше теории дека серијава ќе заврши како Карл веќе е старец, и серијава всушност е негова приказна...Единствен преживеан од групата, а со себе ќе ги носи оружјата на најблиските...Сабјата на Мишон, пиштолот на татко му, стапот на Морган, самострелот на Дерил, палката на Ниган... Ама ништо...Ја уништија серијава.
Серијава колку ја гледав... Али после петта сезона ми здосади и ја прекинав. Најдобра одлука во животот.
Најмногу фанови се разочараа кога на крајот на 6та сезона Ниган ги фати повеќето од групата на Рик, замавна со палката и уби главен лик ама не прикажаа кој, туку така зврши сезоната...Е тогаш сите се налутија и многу луѓе прекинаа да ја гледаат серијата. Режисерот мислел дека подобро е во неизвеснот да ги држи фановите цела година, ама не очекувал толку негативни коментари, па дури и јавно призна дека направил голема грешка и се извини на фановите. После се обиде да се оддолжи, со тоа што уби уште еден главен лик....Ама безуспешно...Серијата почна да тоне.
Последнава сезона е толку лоша, што речиси сигурна сум дека нема да ја гледам наредната. Една интересна сцена нема. Една поука нема. Само бесцелни трчања помеѓу камповите, аматерски акциони сцени, празни дијалози и успивачки драми... Ликовите ги оглупавеа, дејствието избледе. Нема апсолутно ништо интересно, привлечно и вредно за гледање. Не знам, може ќе ја догледам чисто зошто веќе 7 години ја пратам, па да не биде за џабе. Но од друга страна не ми се троши време без врска. Ќе видам на есен како ќе стојам со обврски, тогаш ќе одлучам.
И јас не ја догледав сезоната, после смртта на Карл не ги ни гледав следните епизоди. Ја нема возбудата од претходните сезони, талкањето, бегањето од зомбите... Сега скоро и нема зомби. Fear the walking dead е многу поинтересна, како Walking Dead на времето.
Сега кога заврши приказната за Ниган ( патем во стриповите има материјал само за една сезона , стварно не знам зашто толку го развлекоа и тупеа ) , почнува приказната за шетачите , со тие столбовите што беа на ливадата од последната епизода беше како еден foreshadowing за следната сезона (во стриповите тоа е границата на територијата каде што живее една по гнасна (барем во стриповите се такви) група ). Се надевам нема да ја развлечат на две сезони и да го тупат пак , плус треба една чистка да прават на ликовите , и да има доста накрвување и газење. Не знам само ова со Меги зашто така прават , али ае ќе видиме што све ќе ни покажат во следната сезона. Таа плавата постара жена што се појави со џипот , мислам дека е од една друга група со 50 илјади жители што требало да би дојде после оваа група , што значи таму 9та сезона ?