За истава серија како што гласи темава збориме? Ако е за TWD да, се подобрија оваа сезона доста многу.
Секако, од сам старт, сега веќе на стара слава ги гледам. Што се подобрува, почнаа со Лидија и малиот да отекуваат... работава Ромео и Јулија ствари...
Вчерашната епизода пријатно изненадување!! Ми се враќа жарот за да продолжам со гледање на серијава...
Боље да ја завршија сезонава со претпоследната епизода. Буквално, ништо не се деси во финалето. Што ми дава дополнителна причина конечно да ја баталам серијава. Доста беа 9 години.
Презадоволна сум од сезонава. Минатите 1-2 сезони малку затупеа, ама оваа сезона се вратија на вистински пат, немаше ниту една досадна епизода. Претпоследната епизода беше доста интензивна, така да со посмиреново финале се заокружи на некој начин дејството и се поставија темели за следната сезона. Очекувам возбудлива следна сезона во која Неган, Керол, Дерил и остало лепо друштво ќе им ја расплачат мајката на оние wannabe зомбите
Дали знае некој што се случи со 10та сезона на Нетфликс? Зошто ја отстранија? Вчера изгледав 3 епизоди, денеска гледам ја нема повеќе...
Го чека ли бе некој The ones who live? Незнам дали оваа вечер или утре треба да го дават, а незнам ни каде да го гледам. Си изгледав некои сценички на Тик Ток .
Јас сите 11 сезони ги гледав на Тик Ток . Па неам време за да седнам на ТВ бе. Еве овој типот шо ги објавуваше, ја објавил и оваа епизода од The Ones who live. Ако сакаш гледај.
Може ли на кратко да ми кажиш што ли се случува. Незнам која сезона последно ја гледав. Како испадна рик да е жив? Што се случува ? Нема ли веќе зомбиња ? @Adidas888 @allaround
Незнам како се става спојлер па ако мора, нека стават главните. После експлозијата на мостот во која се веруваше дека Рик умре, таа Џедис/Џадис од ѓубриштето шо беше, го спаси Рик и ги викна овие со хеликоптер да дојдат да ги преберат. Сега Рик и таа таму се, он пробува да избега дури и раката си ја сече од синџирите за да побегне но нонстоп го фаќат. Станува нивен војник, и еден ден во една акција, се среќава со Мишон.... До таму гледав, другите епизоди мислам не се излезени.
Жива е. Па шознам како ги викаа, не е сеуште убаво објаснето кои се и шо се, живеат во еден град а одма спроти нив има друг град во кој не смеат да влегуваат и никој не знае шо се случува тамо, односно шо прави војската тамо.