Не мора на Нетфликс.Истите филмови/серии ти ги дава во исто време на Online Sa Prevodom: Filmovi i Serije online sa prevodom
После сите докази, не ни заслужува да глуми. Отсекогаш актерот ми имал off vibe. Дури кога го гледав и во The Gifted.
Мене па не ми остави впечаток серијава, до ден денес се натегам да ја догледам. А баш ме хајпна трејлерот пред да искочи.
Мислев дека сум од ретките на кои им е тешко да ја догледаат серијава до крај, ми остана на пола не догледана. Некако не ми е баш нешто, а голем хајп имаше за серијата, затоа и ја имав почнато.
Втора сезона е излезена, но само 4 епизоди, другите 4 во септември. Ги гледаше некој? Мене интересни ми беа, и сега се осеќам криво што сум нетрпелива и морам уште месец да чекам за останатите.
Мене уште последните две ми останаа, сношти сакав да догледам ама ми паѓаа очите за спиење. Но вечерва ќе догледам и ќе кажам. Досега можам да кажам дека вторава сезона ми е многу on fire во споредба со првата.
Јас на првата или втората епизода застанав, досадна ми беше многу и не можам да се натерам да ја догледам. Премногу време меѓу сезоните некако и не е тоа тоа.
Јас ја догледав втора сезона, колку беше on fire. Ништо полоша не беше од првата, туку баш напротив, некако повеќе уживав во оваа сезона. Потврдена е и трета сезона, што најверојатно ќе излези во 2027. Едино тоа многу ме нервира, долгото чекање меѓу сезоните, а таков е случајот со сите серии што ги следам. Некои клучни моменти што ми оставија впечаток оваа сезона: Spoiler: Wednesday season 2 Агнес, ја обожавам. И актерката им е скроз погодена. Мислам намерно е направено да личи на куклата Анабел. Ама скроз им е on point. Ми се допаѓа како на почетокот од сезоната со Енид се фаќаа за гуша, ама на крај испаднаа бестис, триото со Вендсдеј, Енид и Агнес ми е многу подобро отколку кога беа само првите две. После најинтересниот, а воедно и најсмешниот дел оваа сезона ми беше кога Вендсдеј и Енид си ги сменаа телата. Се смеев цело време на експресивната Вендсдеј и смирената Енид со убиствен поглед. Сцената со танцувањето на Енид и Агнес ми остави голем впечаток, мислам дека е и (новата) песна на Лејди Гага, која исто се појави на кратко оваа сезона. Еквивалент на танцот на Вендсдеј во прва сезона, само далеку покомплициран. А за Гага, како и многу други мислев ќе е Офелија, тетката на Вендсдеј. Но последната сцена ни покажа дека таа всушност сака да умри Вендсдеј и е затворена поради некоја причина. Тајлер од лудница си шета сега на слобода после авантурите со мајка му и вујко му. Мислев дека нема надеж веќе за него, но ми се чини дека на крај ќе е добар повторно и ќе се контролира со неговите моќи. Конечно дознавме и за потеклото на раката Thing, ама среќна сум што сепак остана на башка од лудиот научник. Енид остана во форма на врколак бидејќи мораше да ја спаси Вендсдеј. Тука очекувам следна сезона да се обидуваат да ја вратат во човек, иако нема да биде лесно, таа е сега осамен Алфа.