Затоа е многу битно смештај да резервираш со free cancellation секогаш кога е тоа возможно, особено ако резервацијата е повеќе месеци однапред, сѐ може да се случи, не се откажуваат или поместуваат летови без добра причина.
Зависи каде, во Италија има чекање, многу. Еднаш летот од Бари ги чекаше сите патници да се укрцаат и се доцнеше скоро два часа, од Милано не чекаше никого, си останаа на пасошка. Одете си на аеродором пред време, пошто ситуацијата е многу непредвидлива.
Во условите за патување стои дека за дете може да се чекира бесплатно седиште за автомобил. Најверојатно ги пуштаат долу со чекираниот багаж, а тој го фрлаат, па како ги заштитувате седиштата за да не се скршат? Дали има можност да им ги оставам пред влезот во авионот, како што прават за детските колички?
И количка може да се пушти со чекиран багаж, а може и да се остави пред влез на авион. Мислам дека е исто и со седиште.