женски дали имате користено од одвие апчиња и дали се ефиксни , прочитав негде по форумот ама сега не можам никако да најдам мислења за овие апчиња па ве молам пишете ако знаете нешто за нив ....
Сеуште не можам да сфатам, зошто постојано во круг се отвараат теми, на форуми, или било каде, за таблети, апчиња, капсули и какви-се-ти-не-хемии таканаречени за слабеење. Зошто се лажете и зошто по секоја цена верувате на рекламните кампањи кои би направиле се' за профит? Зарем не мислите дека ако постои некоја таква уникатна таблета која ќе постигне да ја намали телесната тежина кај некого, тој изумител би добил Нобелова награда? Толку луѓе во светов имаат проблем со вишок килограми, камо среќа да постоеја вакви делотворни и здрави таблети. Наместо тоа, заинтересирајте се за здрав начин на исхрана таканаречен диета, движете се, вежбајте и имајте трпение и бидете достојни на тоа што сте си го ветиле, ако навистина менувате начин на исхрана и однесување кон своето сопствено тело, направете го тоа на вистински начин. Мислите дека тоа е здрав начин на слабеење? Зарем по секоја цена би внеле било каков производ во вашето тело за да добиете некаков си можен резултат кон физичкиот изглед? Верувајте, колку што е потребно да изгледате добро однадвор, толку е потребно да изгледате добро и одвнатре. Внимавајте што правите, некои грешки се непоправливи!
ммм даа вистина е ова што го кажува girl1985 тоа е бре чистаа дрогаа познавам една другарка којаа пие апчиња за ослабнување и баш како дрога е ако не ги испие болнаа е.. и јас имам вишок околу стомакот па не се замарам многу затоа што тоа како прво пред да ги купиш убаво размисли дали вреди да даваш и по толку пари за некои хемикалии кои иако ослабнеш за брзо време ке си ги вратиш килограмите нема да осетиш .. а доколку не се случи тоа з да ја одржуваш тежината ке треба да ги купуваш нонстоп... и за тоа ке фрлиш многу пари значи убаво размисли пред да ги купиш
ги користев пред едно 7-8 години и можам да кажам дека се ефикасни ама ако ги користиш подолго време ама според цената што ја имаат тешко кој да издржи, а и воопшто не се пријатни нон стоп треба да си во ве-це и тоа не нормално одење туку ја вадат само мрснотијата која ја конзумираш со оброците таа е и нивната намена да ја врзуваат мрснотијата и да не и дозволат да ја искористи организмот..тоа е просто кажано...
од аптека се купуваат, а колку ослабев точно не се секавам затоа што ги користев кратко време,а и не се слабее многу со нив мислам дека до 2 кг на месец..
ќе може ли дда ми објаснете за овие апчиња бидејќи јас си ги купив денеска али што читам биле многу штетни, нон стоп иделе во вц и гакичките и биле мрсни нон стоп.....дали може некој да ми каже повеќе за нув некој што е користел, ми е страв сега да ги пијам
Не ги знам апчињата ниту било какви чаеви за слабеење,не дека ви се мешам во одлуката како да слабеете ама еден добронамерен совет од мене е да не користите никакви апчиња,какви и да се,штетни се,а башка што после тоа чисто сумљам дека нема да ја вратите килажата.Не верувам во вакво слабеење со апчиња. Ако веќе психички сте подготвени за диета,односно да си го намалите вишокот килограми тогаш сменете го режимот на исхрана.Ем ќе се храните здраво и нема да имате проблеми,а и нема да си ги вратите килограмите кои ќе ги изгубите,плус ќе се навикнете на здрава исхрана. По форумот ќе најдете начини на здрава исхрана токму за симнување килограми кои се вистински избор за сите што сакате да слабеете.
дали некој друг ги има пиено овие апциња зосто јас ги земав пред некој ден ми казаа дека се медицински испитани ако некој ги пиел нека казе дали имаат ефект
Апчињава се наменети за болни луѓе пред операции кои не можат да се движат (врзани се на апарати) а мораат да ослабат пред операциите (не велам дебели, туку болни - најчесто од срцеви болести). Тие немаат позитивен ефект на здрав организам, бидејќи предизвикуваат НЕВОЛНО ПРАЗНЕЊЕ - т.е. може без да осетите/сакате да ви се "испушти" нешто, а бидејќи сте здрави и не сте во болница да ве бришат и негуваат тоа може да биде ужасно непријатна работа . Иначе гледав на тв дека ги користел и фудбалерот Роналдо бидејќи многу се здебелил и му се заканиле дека ќе го исфрлат од клуб па морал нагло да преземе нешто. И се супер, освен тоа што морал да носи ПАМПЕРС. Дури на утакмици е фатен на снимки кај што му се познава пелената )))) Се на се, треба да се трошат јаглените хидрати а да се намали вносот на масти, а не да се врзат и исфрлаат мастиите од телото. Што ќе троши тоа ако му ја скратите дозата и му ја одземете резервата? Нема да троши туку ќе се бори со проблемот и ќе задржува што е можно повеќе зашто така е програмирано - да ви го штити здравјето. Така да .... Ваша одлука...
XENICAL - НЕ!!!!! Јас ги користев уште пред 7-8 години средно кога бев... Бидејќи главно делуваат на дигестивниот систем се слабее МОМЕНТАЛНО додека се користат а после оставаат последици на дигестивниот систем кои не се лечат со години. Јас уште влечам последици од глупите апчиња и не ги препорачувам на никого !!!!
Да сме ги користеле јас и сестра ми. Најпрво ги користеше сестра ми.. и бидејќи стварно ослабе почнав и јас. После неколку месечно користење сестра ми имаше напад на бубрези и лежеше недела дена во болница.. прашаа докротите дали зема некои таблети или слично им кажавме дека користи ксеникал за слабеење.. нормално причината беа таблетите за нејзиниот напад на бубрези. Јас и ден денес имам проблем со левиот бубрег од времето кога ги пиев овие апчиња. Имаат невероватен ефект ама ете кај нас оставија последици на бубрезите, затоа не ти ги препорачувам. Плус.. секое одење во веце едноствано е одвратно ... бидејќи имаат ефект да ги исфрлаат маснотиите и салото од тебе.. се што се*еш е мрснотија како од манџа компир. На сестра ми 3-4 пати во денот и се даваше да го испушти во себе мислејќи дека ќе прдне.. Јас ти викам не ги земај и не ги пиј.. а ти како сакаш.
За ништо невредат. Ако ти треба нешто за слабеење ти ги препорачувам Lipo 6 Black series. Со добра диета ќе имаш многу подобри резултати.