Мене многу ми фаќа око мозаик руменилото што е со хајлајтер мислам. Преубаво изгледа на сликата, ама малку ми е скапо. Плус малку ме кочи тоа што би требало да го купам на тепка зашто нема кај да се ѕирне како точно изгледа нијансата. Ако некоја го има, нема сподели инфо. Инаку баш ми е привлечна козметикава, ама не ми се допаѓа тоа што нема каде да се погледне убаво и да се проба нешто пред да се купи. Само онлајн се, така?
И ја ги следам подолго време и сакам да пробам нешто, но најголем минус им е само онлајн продажбата. Козметиката изгледа привлечно, но според цените не би се нафатила да нарачам нешто така на "тепка"..
Оддамна ги имам намеркано од кај Моника Зец, и некако не знам дали сакам да нарачам, на непробано ни дали ќе ти одговара ништо.
@Mishela На Јутјуб има 2-3 видеа и едно на Тикток што видов, таму може да ѕирнеш да видиш како изгледа нијансата, ако ти е од помош