1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓурѓовден

Дискусија во 'Религија' започната од Zaljubena111, 6 мај 2012.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Во нашиот православен календар Ѓурѓовден е еден од повеќето празници кои се доста почитувани, а и најголемиот пролетен празник. Празникот од дамнешни времиња е поврзан со многу обичаи, каде луѓето сакаат богата рожба и среќен живот.

    Како празник на светецот, заштитник на лозарите, пастирите и стадата, плодноста, на овој ден се мешаат различни обреди поврзани со обработката на земјата и плодноста, и практики за обезбедување на здравје и благосостојба.

    Слично како и на секој празник, се очекува нов почеток - пролет, а ноќта пред празникот е полна со тајна и надеж за плодност и богата рожба.

    Се верува дека утринската роса на Ѓурѓовден има неверојатна лековита сила, бидејќи Свети Георги како заштитник на пролетната влага ја победил ламјата и ги отворил патиштата на сите потоци и реки да течат како животот. Древен обичај е капење во росата и собирање на пролетната утринска роса за здравје и плодност. Заедно со обичаите за здравје и плодност се вршат и обреди за прогонување на злото.

    Пролетната бујна вегетација, со која се закитуваат куќите и шталите, исто така е задолжена со симболиката на празникот. Гурѓовската рака или венец, изплетени од капина, глог, букови гранчиња, коприва, го штитат домот од зли сили. Во неа сигурно треба да има цветови од здравец и гранчиња од цветовите на јаболко или друго плодородно дрво. Црвениот конец со кој се приврзани цвеќињата се верува дека чува од уроци.

    Симболиката на комбинација на растенијата е следнава: присуството на капина во букет симболизира исцелување (зелена гранка капина е израз на заштита, а самиот плод симболизира многу пари); гранка глог е симбол на плодноста и креативноста; букетот симболизира просперитет, а копривата освен дека е заштитник на домот таа е симбол на суетата и гордоста. Копривата штити од идните опасности. Здравецот е симбол на пријателството, јоргованот на љубовта, а цветовите од јаболко - љубов и младост. За трпезата освен јагнешко печено треба да има свеж кромид и лук, салата, пилешко, леб и вино.
    Читајки низ интернет го најдов овој цитат за празникот Ѓурѓовден, никогаш не сум го знаела ова за овој празник. Ако мислите дека темава не потикнува дискусија слободно клуч
     
    На rose60 и The.Crab им се допаѓа ова.
  2. Mimche.B

    Mimche.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
  3. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Многу убав празник е ,ми се допаѓа многу, ќерками се роди 3 дена после празникот а со оглед да болките кои ги имав мислев на тој ден дека ќе е и дека ќе мора да се вика Ѓурѓа или некое друго што е со Ѓ :D
    Убав празник е сепак
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Prolječe na moje rame sliječe, djurdjevak zeleeni, djurdjevak zeleeni, svima osim menii.

    Среќен празник и вечно име на сите Ѓурѓи, Ѓорги итн
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.