1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јас и нездравата околина околу мене!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lady.m892, 6 февруари 2012.

  1. lady.m892

    lady.m892 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите најпрво,
    Па еве ме и мене нова членка на форумов со веќе очајнички повик за помош, бидејќи во нашава средина, барем во онаа во мојот град не може да се опстанува повеќе! Попрво ќе те голтне околината и народот со нивните нечовечности и испади, отколку што сам да пробаш да си ги решиш своите проблеми. Од кога мојот живот стана мета на останатите X и Y фаци во градот еј? Во ред е до некое ниво сите сакаме да си кажуваме по некој трач, но барем да е во границите на нормалата..... Додека јас си мислев дека се ми е океј со оној живот кој го прикажувам пред останатите, дознав дека некој создава некоја сосема погрешна слика за мене. Дознавам како сум зависничка од секс, како сум пијана секоја вечер, уште да почнам да се дрогирам... Очигледно само јас и моето друштво знаеме дека сиве овие работи не се точни, а што е поголема трагедијата така се зборува и за нив! Јас веќе збудалев не можам да ги издржам овие психички притисоци и озборувања од страна некоја „чкљ“ будала што вчера научила да зборува, а денес шири муабети за кој и се најде под рака, а богами и под нога.... Ве молам советувајте ме што да правам со сиве овие озборувања како да се справам со ситуацијата, бидејќи немам сили да се борам веќе, па затоа и го направив профилот за да споделете некое ваше мислење, сакам да избегам некаде далеку да останам 2-3 месеци сама без никој околе мене да „грака“ за тоа колку ми била кратка сукњичката, колку голтки сум испила од виното, колку дечковци сум погледнала. ДОСТА МИ Е!!! Не можам да се носам со ова, а ако допре до моите родители тие ќе бидат разочарани во секој поглед од мене, а тоа е нешто што најмалку сакам да го направам, бидејќи се трудам, навистина се трудам да ги направам среќни...Но ете и мене околината почна да ме голта со злобните зборови БЕЗ ДЕЛА!
     
  2. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Е добро де малограганска работа, нормална ствар за нашиве простори.
    Не им е исполнет животот како што треба , па се занимаваат со тугите.
    Ова го има секаде, не си го ставај толку при срце.
    Тие што ти се блиски што те сакаат и што им значиш те знаат која си, што си и каква си и не им се битни трач раубриките на простата околина.Да не раздолжувам многу на крај краева не велат за џабе зад добриот коњ се крева прашина.Остави ги тие нека си го тераат своето, ти твоето.Никако не им го терај нивното со тоа што ке се замараш.Тие луге што те сакаат и вредат не пагаат под туги провокации, трач рубрики и слично.Уживај си ;)
     
    На lady.m892 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Прво и основно што и сама го знаеш, позади секој добар коњ се крева прашина!
    Друга работа е што ако девојки го зборуваат се тоа, значи дека само сакаат да бидат како тебе, слободна ко птица, прави што сака, без око да и трепне.
    И мене ме озборуваа девојки кои нормално немаат свој живот, па се грижат за туѓите, они знаат се за секого во градов, они се најпаметните, најпоштените, најубавите, а од се тоа немаат ни грам. Имав убави дечковци на кои они неможат ни да им се приближат, незнаат како да привлечат внимание, па пуштаат муабети и тресат зелени.
    Еднаш кога слушнав што зборувале за мене, само слатко се изнасмеав, едноставно не ме занима кога зборат они, пошто нели ги знаеме кои се што се и што им е работата и обврската во градов.
    Само уживај и лабаво, не ги ни погледнувај, остави што они зборат, дозволи тебе луѓето во вистинско светло да те запознаат.
    Цени ги луѓето според тоа како се покажале спрема тебе, не од муабети слушање какви се тие!
     
    На lady.m892 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lady.m892

    lady.m892 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам и на советите и на мислењата и на двете :) точно е тоа дека веќе секој зборува сешто во своја а и во ничија корист, но некогаш ти доаѓа таков момент кога само сакаш се' да испоубиеш околу тебе :))
     
  5. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Луѓето секогаш ги зборат работите што им сметаат кај другите, зошто истите работи им сметаат и кај нив самите, па незнаат како на некој начин да се оправдаат пред себеси и го користат озборувањето.
    Така да уживај си, едноставно однесувај се барем пред нив како да не си ги слушнала некогаш тие работи, па нека полудат, а ти и понатака живеј си го животот :)
     
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Гледај на тоа како на комплимент.
    До степен умоболен, но сепак комплимент. Сепак најискрен.
    До пред многу кратко време и јас постојано мрчев за таквите безживотници. Не дека јас имав проблем со истите, т.е. можеби сум им била мета, но јас не знам за тоа, кога нештото не ти е од интерес и кога ти најубаво си знаеш за себеси, нема што до тебе да допира туѓата малограѓанштина, а фала Богу ако оние кои ти се потребни во животот имаат две чисти во црпките за да не поверуваат на таквите муабети, тогаш воопшто не треба ништо да те загрижува.
    Балкан сме, заостанати сме. Се стремиме кон еманципираност носејќи лажна маска на морал.
    Тебе ти е доста, на нив не им е, никогаш нема да ми биде.
    Знаеш, на некои тоа едноставно е секојдневие навлезено до тој степен што веќе не ни мислат на тоа како на ширење дезинформација, туку своето „мислење“ веќе го граничат со реалност, самите си веруваат на истото. Мислење го ставив во наводници бидејќи истото всушност е повеќе на психолошка база, претставува страв, незрелост и немање самодоверба, што резултира со тоа што тебе ти го припишуваат она кое на нив им се случува или од кое тие имаат страв дека еден ден ќе излезе како муабет за нив. А единствен спас гледаат во тоа приказната да ја смислат за некој друг со што автоматски ќе се отпишат себеси од списокот на „жртви.“ Единствен начин на билдање его им е преку спуштање на туѓото.
    А најлошо е да им покажуваш отпор, да враќаш во иста мера и упорно да се обидуваш да се докажеш. Џабе. Тогаш кафето ќе им е уште послатко со церекање на твоја сметка и ќе ги мотивира уште повеќе да си фантазираат.
    Стави ги на игнор и набрзо ќе најдат нова жртва. Помини си покрај нив со крената глава и не ги удостојувај ниту со еден упатен поглед накај нив.
    И нема зошто твоите да се разочараат, ќерка си им, те знаат подобро од било кој. А ако толку те мачи нивното мислење, седни и разговарај со нив за ова, кажи им дека слушаш невистини за себе и дека ти пречи. Родители се, ќе сфатат, ќе те поддржат, а може и ќе најдат начин да ги затнат поганите муцки. :)
     
    На Sara123 и lady.m892 им се допаѓа ова.
  7. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    А ти си правела нешто со што би заслужила реметење?
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Едноставно игнорирај ги. Тоа се луѓе кои немаат свој живот, не им е доволно интересен, па се замараат со туѓите. Такви имало, и секогаш ќе има. Ја покажуваат својата некултура и малограѓанштина. Ти не треба ништо да докажуваш, никому, затоа што најблиските, и оние кои ти значат имаат доверба во тебе и знаат дека тие глупави муабети се само измислици. Терај си го животот и не ги ставај на памет воопшто. Најмногу ќе ги повредиш со тоа што ќе се однесуваш како да не постојат.
     
    На lady.m892 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Значи ич не се замарај од едно уво влегло од друго излегло,ич да не ти чуе, тие што се околу тебе и ти најубаво си знаете каква си нема потреба на небитни луѓе да им се докажуваш.Таквите ги има секаде исто се дешава и кај мене само што јас на игнор ги ставам и секогаш се смеам и си викам Јас имам 2 животи еден мој а другиот што ке ми го измислат :D како да си немаат свои проблеми па се замараат со туѓи животи како само имаат време..Уживкај си и прави си како тебе ти одговара..позз
     
    На lady.m892 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Охооо добредојде во клубот. Такви прости работи има колку ти душа сака. И јас се изнаслушав работи за мене кои немаат ни 2 грама вистина ама главата горе и научи се да живееш со тоа бидејки нема што да направиш, таков е менталитетот на лугето сечиј живот е поинтересен од сопствениот. Да не ти кажувам какви се муабети за мене се изнаслушав, од тоа дека сум се фатила со дечко ми бидејки имал појак мотор од оној на бившиот, до тоа дека тој ме тепал, дека сум изневерувала со кој стигнам ( а 24/7 сум со дечко ми.. :x ) абе сваштарии... Знам и од кого се излезени муабетите, ако знаеш и ти ржни малку, писни очи во очи, за да престанат. А за тие муабети кои веке кружат нема многу што да направиш освен да ги демантираш секој пат кога ке стигнат до тебе. :)
     
    На lady.m892 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    ХА,се пронајдов во насловот од темата,баш така,јас и нездравата околина околу мене!
    Просто се жалам.. :| Колку пати само се запрашав, ОМГ каде се запишав каде се запустив? :^)
    Околу учењето ми се погоди ама околината :x
    Знаете како викаат “ако сакаш да леташ како орел не треба да се дружиш со кокошки“ е тука сум јас и мојата околина !! Жално ..
     
    На lady.m892 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pajaceto

    pajaceto Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Добро утро! Добредојдовте во мојот свет ! :emo:
    И кај мене е исто и ги игнорирам уште од мала. Ма нека зборат шо сакаат не се замарам 8)
     
    На lady.m892 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lady.m892

    lady.m892 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Значи повторно ќе кажам благодарам на сите за убавите мислења и совети што ги споделивте со мене, со ова докажувате дека во оваа тн. државичка останале и некои чесни исклучоци кои сеуште размислуваат трезвено и со ладни глави. А останатите секако си зборуваат :)
    @Gunshine имав дечко што е 9 години постар од мене, тој сега замина да работи во Америка на една година, па ја паузираме врската. Неговото заминување ги повлече со себе и првичните трачеви колку често јас имам секс со него, па потоа следуваа и други празни муабети накитени и поврзани еден по друг така сами си излегуваа...
    Мислам дека народот не треба да го интересира колку често имав јас секс со него, и како се одвивал начинот на нашата комуникација па сеееееееееееее до алкохолот на излегување и сосема трети муабети за кои не сум знаела за некои дека сум имала и способност :D
     
  14. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Лејди Ем, не се замарај. Таков ни е менталитетот и мислам дека ретко во која маала, кој град нема да ти зборат зад грб и да шират невистини. Да побегнеш - не верувам дека можеш, но исклучи ги нив. Зошто ти да страдаш за нивните измислици? Луѓето кои те знаат, те сакаат таква каква што си. Кога веќе немаат повод, кога ќе им здосади да замараат некој што не ги се замара, ќе најдат друга мета. Јас го викам комплекс на ниска вредност. А тие секако не вредат доволно за твојата нервоза. Кулирај.
     
    На lady.m892 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Што би рекла тоа е балкански менталитет!!Ни сама не знам зошто е така,ама луѓево како да немаат друга попаметна работа одколку да се замараат со туѓите животи.Секогаш им е поинтересно да гледаат што се случува во туѓиот двор наместо прво да погледнат во својот.Но,тоа е што е....Живееме тука и доколку не ни се пружи можност да ја напуштиме земјава сакале или не ќе мораме да ги трпиме тие зборувања зад грб,без разлика дали станува збор за вистина или за измислени приказни колку да се пополни времето и да се убие досадата :)
     
    На lady.m892 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Па во оваа вукујебина мнозинството и онака се искомплексирани и просечни малограѓани кои фрустрациите ги лечат така што кај другите го бараат она во што тие самите се дават. И сето тоа се врти во круг. Ти за комшивката, комшивката за Трајан, Трајан за Петра, Петра пак за тебе и т.н. А ко по некоја случајност се двоиш од нив или отскокнуваш на било кој начин, или пак имаш нешто што тие немаат, подготви се да бидеш мета на се и сешто.Сум осетила и на своја кожа, а кој нормален не осетил тука? Им се случува тоа и на ненормалните само напишав погоре како тие се справуваат со тоа. Комплекси од самиот себе се тоа кај малограѓанштината, ништо друго.
     
    На lady.m892 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала за мене нешта кои и самата не ги знам, браво за луѓето кои ги кажале. :clap: Никогаш ме мислев дека за мене некои муабети ќе се рашират, но се случи и тоа. Такви луѓе имало и ќе има секогаш.
     
  18. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Озборувања од околината имало и ќе има, едноставно има такви личности кои си го хранат егото со трачарење и занимавање со туѓи животи. Не треба да им се посветува внимание на таквите, нека продолжат да уживаат на дното.