Да, после 12 недела не можеш да абортираш своеволно, освен ако не потпишат конзилијарно лекари ако е загрозен животот на мајката, ако плодот е со аномалии и др. оправдани причини.
Помина една недела а јас сеуште си крварам нормално ли е и тоа обилно крварење..Денес почнав да чуствувам пецкање и чешање дали е можно да е инфекција некоја..? Пак јас..Ако некој имал слично искуство..Кога ми ги дадоа капките после абортусот уште по првото земање имав дијареа 3дена се додека ги пиев и имав болки во нозете но мислев фека е од боксот..Вчера бев кај матичниот пак ми ги препиша капките бидејки уште крварев и имам инфекција..Уште вечерта пак исто дијареа и болки во нозете едвај се движам мунатиот пат не беа толку изразени болките..Страв ми е да продолжам со капките. Искуство некој да не имал слично..?
Капките се за затегање на мускулите во телото , а тие ги препишуваат за затегање на матката за да се врати во првобитна состојба и да се исчисти што има во неа .
Сигурно секој организам различно ги поднесува. Јас кога ги пиев после спонтаниот, имав вртоглавици и повраќање. Можеби и тебе не ти ги поднесува организмот.
После абортус и антибиотик препишуваат. Нели ти кажаа да пиеш? Капките и јас ги пиев после пораѓај ама немав такви несакани ефекти
Многу. Со тој абортус може да се прекине животот на научник/научничка кој/а би нашол/а лек за рак. Би можело да се прекине животот на детето кое во последните години од животот ќе биде заштита и утеха на своите родители. Би можело да се прекине животот на детето кое ќе биде чесно и доблесно и ќе биде нечиј/а иден/на сопруг/а. Дете кое понатаму ќе биде добар родител на други деца. Скапо чини утробниот прекин на животот на секое дете...
се зезаш? Членката праша колку чини абортус, а не да и солиш памет. Мислам навистина осет немате и секогаш се служите со ниски удари. За абортус може да си одлучуваш лично за себе и својот партнер, ама не и за непознати.
Убаво, ама членката не побара „морален отчет“, туку конкретна сума. Можеби сака да знае информативно, а и да не е така, не е твое да даваш ваков отчет некому, особено не кога не ја знаеш приказната од другата страна. @Butterfly-Girl, на форумов имам прочитано дека абортус во Систина чини 9.000 денари. Не знам колку информацијата е точна, но лесно може да се провери на ценовниците кои клиниките ги имаат истакнато на нивните сајтови.
Тоа не се ниски удари. Тоа е реалноста. Некој плаче за чедо, а друг затоа што така му текнало прекинува нечиј живот. Зар се со пари се купува? За жал, живот не. Дали се свесни жениве за последици од абортусот? Изгледа не... Не би сакала да закачам видео од абортус, премногу вознемирувачко е. Дали после такво видео каде на невин живот му се прави масакар, би се осмелил некој на тоа? Па ни на животинче не би му посакала таква судбина. Се што е вистина за некој е вреѓање и ниски удари. Тебе барем те имам читано дека си верник. Ако некоја си го убила чедото затоа што не била спремна да го чува, немој да се чудиш зошто утре плаче за да има повторно.
еј еј еј ај не драми а замисли би можело да го роди и да расте по ладни и темни соби во некој си дом за сираци па да не се најде посвоител и така да талка по улици после од како ке испадне од домот? некој и за леб плаче ај сеа сите д ане јадиме од солидарност ако не па оставите право на избор секоја жена нека си одлучува сама за себе вие гледајте си за себе
Ама види, ние не знаеме дали жената е здравствено во ред, дали ембионот правилно се развива, дали е зачнат од силување... Има мноогу причини зошто некоја се осудува да абортира. Мислиш нив лесно им е? Не им е, ама заради x причини се решила на теков чекор. Жален е абортусот, ама ни јас, ни ти, ни тој погоре, не смееме да се мешаме во туѓи животи. Членката праша цена, а некој и соли памет и додава сол на раната. Ја удира каде најмногу ја боли.
@JollyGirl @Orthophill се обиде само да и ја поткрене свеста. Не гледам тука ништо лошо. @ALISA0000 леб и човечки живот споредуваш???
@Orthophill Колку што може да се роди мајка Тереза, исто толку може да се роди и следниот Хитлер. Не можеш да знаеш какво ќе биде детето, затоа нема смисла тоа да влијае на одлуката за абортус. Само состојбата на девојката одлучува. Да не зборуваме колку подмолно е да играш на емоционалност притоа наметнувајќи сопствени убедувања. Гледајте си за себе, толку ли е тешко?
А што па вас ви е гајле за ТУЃО тело и туѓи јајце клетки? Гледајте си ги вашите и не мудрувајте .. утре не знаете каков удар ќе добиете Нема ништо пониско и пожалосно за гледање од душички кои се обидуваат на секој начин да наметнат свое мислење каде што не е побарано..
Да не си ти сценаристот на една од патетичните „Избери живот“ реклами, онаа со Бетовен? До кога бе со овие демагогии...
Само да се надоврзам на твоето мислење, ако дозволиш секако. Не мора да биде зачнат ембрион од силување или што год да е. Можеби едноставно не е време за тоа, можеби е студентка, можеби навистина не сака дете во моментов, можеби заштитата потфрлила...има многу можеби, а од сите нив најбитно е дали самата жена која го носи тој ембрион (не е чедо инаку, уште не е ниту оформен плодот до стадиум „чедо“ во времето кое е дозволено да се изврши абортус) во себе е спремна на чекорот да биде мајка. Да родиме оти, сите знаеме. Тоа е најлесно.
А уште повеќе чини животот на тоа ,, дете ,, , ако го роди... Него, дај кажи пред која црква да го остави на врата, да не речам да го фрли, оти боље тоа него ли да абортира фетус нели логички... П.С. Јас сум за бременост пред брак, па еве уште не сум трудна, нит планирам.