Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.629 глас(а)
    73,0%
  2. Не, никако

    602 глас(а)
    27,0%
  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    За православната црква (како и католичката, евангелско-протестантскине заедници, ИВЗ итн.) и хомосексуалноста е неприродна, изопачена и што уште не. Тоа што е нивен став, не значи дека е валиден и недопирлив. Религиозните институции и нивните догми (кои сè уште ги искажуваат и како официјални ставови, па и пропаганди - поради тие премногу почит и значење што им се даваат во секуларни држави) се токму коренот на многу видови говор на омраза.
    По државни закони можеби не, но барем според правилата на форумот треба да е забрането и такви радикалности да се редактираат и бришат.
     
    На candy.cane, Amellie13, FreeMind и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Не е проблемот во верското учење, проблемот е во 'убиство'.
    'Убиство' е директен напад врз правото на жената во Македонија, да избери абортус.


    И по државни закони е исто Спеш... само што има многу мало спроведување, како и за секој друг криминал кај нас... Пошто.. нели.. не ни се функционални институциите...
     
    На theowndemon, Tan4ence, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Кажав еднаш и пак ќе кажам.
    Прочитана библија не ве прави покомпетентни да коментирате на ваква тема. Наместо да пишувате библиски цитати и да зборите зошто религијата не оправдува абортус, едноставно кажете дека секоја жена има право на избор, што ќе прави со своето тело.
    Ама не кажувате така, зошто не го мислите тоа. Сами себе како жени се понижувате вака.
     
    На Indiegurl, Amellie13, FreeMind и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.828
    Допаѓања:
    80.768
    Пол:
    Женски
    tenor.gif
     
    На zalosna и Petra777 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    А ти... демек 'ниси из одавде'??? :D
    Ти се чини, сите оние криминали и кражби, се случија оти супер си функционира правниот систем??? :D

    Што би рекол Кили: Ма немој да ме је*еш!! :D

    Тане, за ова да го разберат, им треба уште многу ум и многу учење... Не можат во оваа форма да го разберат... За жал...
     
    На Someonespecial и Tan4ence им се допаѓа ова.
  6. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    7.913
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира зошто за ова никој од вас што тврдите дека абортусот е убиство/жените се убијци ништо не искоментира? Еве мене баш ме интересира мислење.

    Зошто обично ко ќе дојде некоја девојка/жена во темава по совет и мислење, први сте да осудувате и проповедате што и како треба да прави таа со сопственото тело. Ајде тогаш да прочитаме мислење и за оваа случка.
     
    На theowndemon, Amellie13, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.828
    Допаѓања:
    80.768
    Пол:
    Женски
    _20180814_195217.jpg

    Од мене толку. Прст на чело малку.
     
    На zalosna, Martka, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Кога ќе раѓа Роналд, а не Ненси, тогаш може да има некакво минимално право да блаботи на темава :D
     
    На Lella, NarCis@, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.828
    Допаѓања:
    80.768
    Пол:
    Женски
    Што мислиш за тоа тебе да те абортирала мајка ти? Те прашувам затоа што си ЗА.
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Ако ме абортирала, немаше да постојам и немаше да ми го поставиш ова прашање, бидејќи немаше да бидам овде... ништо посебно... во целото постоење на целиот универзум...

    Не сме толку битни, како што сакаме да си замислуваме.... Само еден блип во милијарди, милијарди години сме... ништо. Животот е тој ситен блип, и вие со што се замарате да го поминете и како?? Во себе-рестрикција, за работи кои не штетат никому.???

    Комплексно и тотално непотребно...
     
    На candy.cane, Bulka12, Indiegurl и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Токму така, да живее слободата на говорот и изразување на мислата.
    И чувството на национална припадност може да предизвика говор на омраза, дај и него да го забраниме и да не смееме да се искажеме по тоа прашање.

    Извинете девојки, премногу енергија се троши за веќе докажани работи.
    Темава не е дали жената има право на абортус, дефакто има право на абортус, а и верниците имаат право да го искажат своето мислење, без притоа некој да ги прогласи за форми без ум на кои им треба уште учење.
    Она што мене најмногу ме натажува читајќи по темиве, е што добивам впечаток дека некако има малку почит кон новиот живот. Да, некогаш е подобро да се прекине некоја несакана и несреќна бременост, но не веднаш или секогаш да се навива прво за абортус и да се смета за некоја безначајна и апсолутно безазлена, небитна процедура. Според мене, би требало да се воведе задолжително стручно психолошко советување на жените во вакви ситуации, од исклучиво консултативна природа. Некогаш, посебно младите девојки ја носат оваа одлука под притисок на околината, на предрасудите, срамот, стравот, без да бидат доволно запознаени за начинот на кој се изведува процедурата, можните ризици и можните последици на физички и психички план и без да бидат свесни дека работите можат да бидат и поинакви од она што они успеале да го сфатат или разберат до тој момент. Некогаш еден добар разговор може да ги одведе работите во сосема друга насока.
    Плус имаме еден процент на жени кои не сакаат бременост, а упорно практикуваат незаштитен секс и имаат по неколку вакви интервенции. Можеби едно убаво советување и нив ќе ги научи дека абортусот не е контрацепција.
    И да ви кажам нешто, да се сметаат жените што абортираат за убијци е стварно вон памет, но како жена со три спонтани абортуси при многу долго посакувани бремености, не верувам дека било која жена макар на момент не чувствува тага по изгубената бременост, колку и да е несакана. Од тие причини сум за тоа секоја жена да биде прво стручно советувана пред да се одлучи за намерен прекин на бременост, а исто така да постои таква поддршка и за жените со ненамерен прекин на бременост. И секогаш да се разгледаат прво опциите за, а потоа опциите против таа бременост.
     
    На tessie и Martka им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Ти вришти постот со осуди и незнаење...
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Сакаш да кажеш, најпрво да се проба со една добра манипулација на жената во еден таков ранлив момент, за да се наметнеме наше мислење против абортус, па ако не успееме, нека прави како замислила. Често работите се прилично јасни кога е во прашање одлука за раѓање на бебе, ама ум од овде од онде, од овој, од оној...и се донесуваат погрешни одлуки. А утре, замисли, сама или со партнерот треба да го гледа тоа дете, заедно со сите проблеми што од старт ги имале.
     
    На candy.cane, Yowannty, fairy88 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    @Желба
    Не, чувството на национална припадност не предизвикува говор на омраза, туку национализмот.
    Убаво си рече дека сметањето на жени што абортираат за убијци е вон памет, па токму таа реторика ја посочуваме ние како говор на омраза. :) Нема ништо лошо во тоа жена да каже дека лично самата таа никогаш не би абортирала, но проблемот е кога осудува туѓ избор, а уште повеќе кога личност без матка (маж) го прави тоа.

    Жената и нема баш ниту право на абортус секаде во светот (пред некој месец се случи референдум во Ирска која и не е неразвиена земја, со кој жените допрва го добија тоа право).
    А и воопшто не се согласувам дека се навива за абортус. Се дава реален совет на нови членки кои го бараат истиот во зависност од ситуацијата, која често им е многу комплексна. На крај ние секако им го почитуваме изборот што го направиле за своето тело. Една членка од православните верски фанатици, која дефинитивно има мнооогу да учи - во другата тема некни упорно посочуваше таков случај како наводно „лицемерие“, а воопшто не е така - токму тоа е целта на pro-choice идеологијата, само основен англиски ти треба да го знаеш значењето на второто зборче. :)
     
    На Yowannty, Lella, NarCis@ и 6 други им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Обратно !
    Ова се околности под кои најчесто една жена е приморана да роди !
     
    На candy.cane, Harper, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Осеќам дека се што ќе кажам понатаму ќе предизвика нови осуди и навредување во ракавици, така да некако губам желба да продолжам. Стручно советување било манипулација, јас сум била у незнаење...
    Немам намера да се надмудрувам, кажав свое мислење од аспект на повозрасна особа, во ниеден момент не го оспорив правото на жената да абортира, ниту нејзиното право на избор и не знам за што толку агресивно напаѓате и што сакате да докажете. Правото на жената на абортус кај нас одамна законски постои, го посочив горе и законот, не знам за што е уствари дискусијата. Дека не смее да биде психолошки советувана, некој ќе ја изманипулира да роди на сила? Или можеби случајно да помогне на некоја девојка која и може да го роди и одгледа сама, но се срами од осудата на околината и е полна со предрасуди да донесе поинаква одлука? А можеби би сакала?
    И при советување жената повторно ја носи сама одлуката.
    Кога одиме на брачно советување не манипулираат да останеме во брак или ни помагаат да ги согледаме причините за и против и на крај сами да одлучиме?
    Како што можев да забележам, има млади девојки и жени што бараат совет на форумов во врска со абортус. Кога јас би имала свое дете, многу повеќе би сакала да ја советува психолог, отколку некој непознат на форум. Толку од мене на темава, секое добро.
     
    На WildMk и Martka им се допаѓа ова.
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.532
    Допаѓања:
    17.610
    Пол:
    Женски
    Ама @Желба едно е искажување на мислење, друго е кога ќе почнат некои членови да го наметнуваат своето мислење и да ствараат чуство на вина на членови кои пишуваат тука на толку деликатна тема. Прочитај малце некоја страна наназад пред да почнеш со дискусија

    И целото препукување е, тие што "подржуваат убиство" даваат совети во смисла "доколу не си спремна и немаш услови, или имаш било кој друг проблем, што и да направиш е во ред, одлуката е твоја", а според овие "вернициве" и пари за пелени да се нема, или женското ако е само и неспремно, и во дом нека го даде ама да го роди само да не го" убие". Што е битно после каков живот ќе има тоа бебе после раѓањето.
    Тоа е целата разлика во мислењета и право на "слобода на говорот".
     
    На Amellie13, Harper, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    @Желба, не знам на кого мислиш со агресивноста, ако е за мене ти се извинувам. Не ми е намерата да те навредам, те цитирам тебе бидејќи гледам дека си middle ground и имаш разбирање... од овие со говор на омраза кренав раце веќе, сè им е кажано и докажано и не вреди.

    Предрасудите од околината, стравот и срамот најмногу се насочени токму кон абортусот, дури и како изберена опција во избор на безизлез (токсична врска, немање услови, немање никаква поддршка ниту од блиските како ни од таткото итн.).

    Не го замислувам абортусот како опција која лесно и со радост се презема. Ама кога е навистина единствен излез за жената, при емоционална тежина потоа треба да ѝ се пружи само поддршка. Не треба во никој случај да слуша и чита изрази како „убијци“, затоа таквите безобѕирни луѓе треба најстрого да се осудат и побијат. Религијата не им е никаков изговор и тоа не е нарушување на слободата на говор, човечност е и заштита на жени во такви ранливи ситуации.

    *****
    А наместо тие апсурдни и невозможни претпоставки „што би мислеле ако нè абортирале“ ((facepalm)) - погледнете во реалноста, нека ви текне на децата во домовите и како тие се чувствуваат.
    (ова не се однесува на тагнатата членка)
     
    На Amellie13, Nausicaa, Snow-Star и 3 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Со тоа дека најдобро е со психолог и гинеколог да се консултира, пред да одлучи, се согласувам 100%.
    Исто, и претходно треба да ги едуцираме децата, и машки и женски, за заштитен секс.

    Кај нас има многу деца, премногу... кои не можат да разговараат на вакви теми со родителите, ниту со наставници, ни со никој. Влетуваат неспремни во сексуални активности, неинформирани и потоа се исплашени, збунети, се соочуваат со инфекции, несакана бременост итн - итн.

    За причините поради што некоја жена ќе се одлучи на абортус, ние не можеме да судиме, бидејќи секоја си знае каква и е точно ситуацијата и што е најдобро во нејзиниот случај.

    И секако, треба и повозрасните да се едуцираат за контрацепција... имаме и такви примери, каде жени неинформирано практицираат секс. Ни имаат со кој да зборуваат, ни кого да прашаат, се срамат, возрасни жени не зборуваат отворено за секс... итн итн..

    Не е страшно некој да праша на форум, доколку нема друг начин да добие информации, затоа и постојат теми на форуми со различни прашања. Не треба да им се смееме и да ги навредуваме, и посебно! не смееме во никој случај! да ги нарекувам 'убијци'.

    Проблем абортусот може да биде, единствено кога се користи како контрацепција. Не е играчка и 10/20/30 абортуси се ризик за жената и нејзиното здравје... Се' друго, не е наша работа. Ако некоја одлучи да абортира, ќе абортира, ако одлучи да го задржи плодот... нека и' е со лес.. и тука завршува целиот муабет.
     
    На Цвет88 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    @melnicanecot ,
    Работата е што таа не се кае, таа жали.
    Работата е што никогаш не го сфати како добар избор.
    Работата е што не беше нејзин избор, а нејзиниот избор за тили час стана невозможна мисија, едноставно не постоеше друго решение
    Работата е што не беше на чисто од почеток, работата е во тоа што веруваше пошто не ни беше во некоја веза без обавеза, за озбилно одеа..
    Ако некој треба да оди кај лице за советување, да се кае и да рида за прошка тогаш тоа е он.
    Дури и од религиозна точка ако појдеме, Бог на Адама можел да не му дозволи да земе од јаболкото. Кога Бог ни дава слободна воља, нам што ни преостанува?
    Јас овој пример го дадов како поука колку е навистина погрешно да се присили и стави во костец еден човек да направи нешто што не сака. Само што примеров беше за обратна ситуација, присилување да се направи.
    Притисокот и осудата како такви не се во ред.
    Вакво нешто и про лајфер и про чојсер може да направат. Пристапот, пристапот нека е океј.
    На крајот имаш про лајф и про чојс, на некој начин ни едните ни другите не се контра лајф.
     
    На violetblue и zalosna им се допаѓа ова.