Не видов ваква тема, затоа ја отворив, доколку е дуплирана, средувајте Што мислите девојки, што е подобро за лицето, од аспект на одржување на хидратација, заштита од акни, против акни ... Ги имам и обете користено, не сум забележала драстична разлика, со цените варираат , тука така се. Ги имав овие 2, термални води има повеќе но сум се одлучила за авене, а кислородот ми го понуди аптекарката само овој Дали имате користено вие, Искуства ?
Овие се едни од производите чие постоење не го разбирам односно го разбирам како лажење на жени. Не е се на светов корисно,а едно од тие работи се овие измишљотини ко термални води и активен кислород. Па оди бре купи обична минерална вода, додади и некој суплемент ако веќе толку се лажете со вакви глупости. Активен кислород? Врска нема! Освен ако не пиете, повторувам ПИЕТЕ озонирана вода (тоа е активен кислород, чисто информативно), друго и да не разбирам. Па подобро купете озонер за вода и средете си го животот засекогаш. Има работи кои подобро ги примаме од надвор, но не и ваквите глупости. A се останато се случува од внатре, колку сакате шприцајте се и мачкајте. Сите дерматолози викаат кожата да се брише после миење зошто се оштетува и суши, овие измислиле термална вода што се упива строго со тапкање. И шприцајте се ве молам зиме пред да излегувате надвор, да кристализирате цели да ја оштетите кожата засекогаш. Се поминало на тест за токсичност, може воопшто не е штетно, ама колку е реално функцонално? Нула!
Не е нула во никој случај! За џабе ни јас не би ги користела доколку не сум чула/ видела нешто позитивно во нив. А почнав да ги користам по препорака на дерматолог, која што и самата ја користеше термалната на Авен. Пример 1: Лани летоска во грција ме касна оса, се прснав со термалнава веднаш се изгуби и црвенилото и отокот, додека па братот не сака вакви козметички препарати, а воедно и не е алергичен на убоди од инсекти му отече, му стоеше 2 дена отокот како топче, го прснав за 2 часа му се изгуби. Пример 2: Имам братучеда 36 годишна се прска 2/3 години со активниот кислород тој што е на сликата, лицето и е преодржано во хидратација и нема повеќе ни едно мозолче. Пример 3: Ми се појавија акни пред 6 месеци користев 300 чуда, испитав и хормони , се прскам веќе 4 дена со кислородот ми се намалуваат акните оние што беа поголемки, а ситните и тие што беа во почетна фаза се изгубија. Јас сум за што поприроден изглед, не ставам пудра освен за вечерно излегување, што значи не сакам да се кристализирам кога излегувам од дома. Форумов сепак е за откривање на нови и споделување на искуста од веќе постоечките производи што си ги користат сите членки на форумов.
Онда јас си го давам правото да ви ја препорачам озонираната вода (патем КИСЛОРОД како што сакаат да го подметнат, оваа озонираната има плус еден атом на кислород) и пијте ја, не само да се шприцате, ќе ги видите бенефитите. Фино лепо едно озонерче, сите ќе можете по дома да ја користите. Сепак ќе ти кажам, термалната вода не ти е ништо поинаку од минерална вода (еве да речеме да има некој друг додаток во неа,иако сама по себе содржи нели минерали, плус некој антиалерген во неа, јас затоа што имам проблем со алергија на сонце, цело лето на плажа бев со обична минерална, првиот ден бев во ужасна состојба, со отоци, значи, да не претерам, ама чувството е да сакате да си ја искорнете кожата, вториот ден од чиста случајност со минерална се измив, ми помина со благо пецкање и продолжив со тоа темпо,само издобив три лоратадина на пола литро, мака не видов). Состојба на нечија кожа е предодредена од генетика, од начин на исхрана, суплемети и хормони. Верувај дека сите вакви измишљотини не се ништо добро и не се ништо вредно. Се само една убаво спакувана комерцијална глупост и не се ништо подобро и поинакво од горенаведеното мое. Немаат никаква реална оправданост,а ви ги црпи парите од џеб. Мислам ако немате проблем со истото, јас па ич. Знаеш како оди процесот на комерцијализација? Еј ќе направиме вода за на лице, жениве се луди за свежо и хидрирано лице и онака произведуваме вода која е глупо скапа. Дали е токсично?Апсолутно не! Дали штети? Апсолутно не! Дали има подобрување? Мх 20 на 80. Како се викаме? Евијан. Опааа... бренд! Дај да му опнеме 10 евра цена... сите среќни и задоволни. Ама една друга логика ќе ти објаснам сега. Односот на луѓето према производите кои ги плаќаат поскапо. Секогаш поскапите производи имаат тенденција да ги користат порелигиозно, а додека се останато, како им текне. Затоа, поскапите производи даваат *резултати* и забележуваме *разлика*. Е тука е најголемата измама. Обиди се со друга минерална вода и ќе видиш што ти зборувам. И претпазливо во зимски период, еден час пред излегување надвор никакво шприцкање.
Не знам дали ја има готова, не верувам, затоа што има кус рок на траење (ни еден ден цел) и се чува во стакло, ама и да има, сепак подобра варијанта ти е да си купите озонер и дома да си ја спремате. Мислам спремате, тоа ти е апарат цел, нема философија во употребата. Ако некогаш се одлучите за таков чекор ќе ви објаснат како се подготвува и како да ја пиете. Изгуглај нешто околу неа и види ги примерите со овошјето и зеленчукот. Од овената марула, отстоена во оваа вода, изгледа како штотуку скината. Муабетот ми е, ако ја шприцаш на лице, би требало истото да го прави со кожата. Ова во спрејот не е ништо друго сем озонирана вода со кој знае што во неа, не верувам дека е чиста, ако е нели ќе можеш и да ја испиеш, прашај ја аптекарката, секако ќе ти рече дека не може да се пие. Ознаката на озонот е О3, така што ова спрејчево горе, не е ништо друго освен озонирана вода, со кој знае што во неа, бидејќи како што кажав, озонираната вода има рок на траење покус од еден ден.
Моите го земаа преку некого, американски е, можам да ти дадам контакт . Околу 500 евра е. А има и на Цептер како што знам и има уште едни Нутри Вита, чичко ми тој го земале, околу 200 евра е. Разликите не им ги знам, ефектот го знам. Мајка ми и цвеќиња си вади, се чисти со сода бикарбона и оцет,а пребришува со озонирана вода. Миеме овошје и зеленчук, заплакнуваме садови, од се по нешто му се наоѓа примена. Ова не е озонер/јонизатор на воздух само, туку и на вода. Најмногу до 1 литар се пие на ден и не се пие секој ден или постојано, според потреба и проблем. На почеток ако имате воспалителни процеси и бактерии ќе ви се подслошува, па и ќе ве подзаболува по нешто, ама откако ќе ве среди супер сте. Каде и да го купите, убаво да се распрашате за примената, би требало убаво да ви кажат, затоа што е сериозна ствар. Жени златни, еликсир на младоста нема, да знаете. Не се лажете со комерцијални глупости, ама сериозно, ајде да не го кажувам она добро познатото - плаќате бренд и не само тоа, најранлива група се токму жените кои се насочени со изгледот или имаат некое искуство кое ги натерало да бидат многу внесени во тоа. Да не навлегувам во комерцијалниот дел и однесувањето на потрошувачите во ваков случај,сосема нова тема е, ама знаете, не е севте да изреагирам по темиве за козметика, зошто сакам да ја бркам вистината и реалноста. Тоа што треба да се случи ќе се случи, ако сакате прскајте и пот од еднорог, фејслифтинг, ботокс и не знам веќе што не бегаат после тоа... Како ќе си се негувате од внатре, тоа ќе гледате од надвор. Од надвор може да негувате само некоја иритација или воспалителен процес со посебен успех, се останатото што е минимум се постигнува и со пет пари да знаете. Еве девојкава што кажа на братучетка и од активниот кислород и се средиле мозолчињата. Можда не биле условени од хормони, надворешно возможно е со ова да се средат (и пак ќе речам, кој знае таа вода што друго содржи во себе за да го одржува озонот) затоа што делува антибактериски и смирува воспаленија. Ама ако имате проблем од хормонска природа, тешко дека нешто може да помогне, освен да ги смирува и да не се прави поголем проблем, нови мозолки секогаш ќе има.
Претерано е 500 евра мислам стварно,нема смисла Некогаш боже здравје можеби, но сега, нема никаква можност ни шанса да би ги лупнала
Активен кислород имам користено и користам (порано почесто), и ми беше полезен за кожата на лицето- по свежа е, особено затоа што навечер не ставам крем за лице- па кислородот ми е замена. Се изненадив кога ме болеше грло- немав таблетки за грло во мене и се прснав 2-3 пати во 30 минути и значително ми ги олесни симптомите- па поминав без таблети. Исто така се прска на кожа по агресивни третмани на кожа- депилација или епилација и многу брзо го смалува црвенилото- особено предизвикано од ласерки третмани. Не е дека прави не знам какви чуда ... но го препорачувам. За водата од Авен, пријателка ја користеше во комбинација со крем за лице- но и се лупеше лицето, папрестана да ги користи двете. Јас ја немам пробано
Па озонеров не е за лепота. Тоа ми беше поентата, дека спремни сме да дадеме за глупости секој месец пари, но не и да инвестираме во нешто вакво. 10 евра е едно шише евијан, ако го купувате нон стоп, направете рачун за колку време еве ќе дадете 200 евра за него,а сте го прскале само на лице,а со 200 евра цел озонер и со таа вода за се ќе можете да ја користите повеќе членови во семејството. Ви набројав за се што може да се користи. Озонираната вода ја уништува секоја патогена бактерија во организмот и воопшто во околината. Јас го препорачав пред се за здравје,а вие после ако сакате и лице мијте со водата.
Мене ми помогна активниот кислород за акните и општо кожата ми е помека и црвенилото ми се намалува. Верувам дека има ефект и за еластичноста на кожата. Само немам од кого да нарачам од Србија, па затоа некое време не користам. Не ми се плаќа дупло кај нас за ист производ.
Искрено јас од активниот кислород немав никакив ефекет..Ниту црвенило намали ниту акни суши ништо само помека ми беше кожата..Го користев месец ипол видов нема ефект и го баталив
ova leto citav dosta komentari okolu ovie proizvodi i mi se cini deka termalnata voda e povejke koristena
Како се користи активен кислород? На измиено лице да прснам на памукче и да го поминам лицето или да напрскам директно ? И дали смее да дојде во допир со очи, уста?
девојкии, активен кислород? може ли некоја да ми каже нешто повеќе околу начинот на употреба, дејството, каде можам да најдам и сл...
Гледам доста девојки го користат активниот кислород, па ме интересира која е главната состојка? Прогуглав нешто и ми излезе дека е paracetic acid, што е всушност за дезинфекција и може да ги иритира очите и кожата. Можеби сум грешка, па затоа прашувам