Првиот дел е легендарен Колку интригантно и кодирано зборува за сексот татко му на Џим.Јас син ми да го фатам со пенисот во јадењето, незнам како ќе изреагирам.
Сите делови ми се гледани! И сум се смеела многу, многу! Првиот е легендата де нели, најдобар ми е. Вториот не баш многу, затоа третиот ми е фаворит одма до првиот дел. Четвртиот ми е убедливо најлош! Не знам што им беше финтата да го убацат братот на Стифлер ко демек во главна улога. Петтиот и шестиот иако не се со првобитнава постава, сепак ми беа добри. И таму имаше доста смеење. Седмиов со Книгата на љубовта мислам беше, и тој не е лош, али малце ми беше поглуп за разлика од останативе делови. Е сега, ако имало 8ми дел, тој не ми е гледан дефинитивно, сум го пропуштила, али ќе го побарам. И последниов ми е многу добар! Значи, после 10 години, или 12, не знам колку беа, пак со четворицава и Стифлер, одличен филм, достоен крај на серијалов.
Може линк, од некоја добра снимка од последниот дел? Патем, ги имам гледано само првите 3. И 6тиот дел, оти го имав на ДВД. А во компјутер имам уште 3 дела, ама уште ги немам гледано, кога видов дека не се со истите глумци, исклучив. Ќе ги гледам кај и да е.
Го имам гледано само првиот и се смеев како луда! Најјака сцена: фраерот со двата прсти пикнати во питата Порано често и на телевизија знам ги даваа, ама брат ми не ме оставаше да ги гледам
Баш деновиве ги гледав сите делови и паднав во смеење. Ама баш ме расположија. Ги гледав 4-те делови со оригиналниве глумци, тие другите не. Интересен филм, не можеш да останеш озбилен во никој случај, цело време се случуваат глупости што те тераат да се смееш како луд, те расопложува во секој случај. Ги гледав дури сега, дека не ме оставаа кога бев помала. Многу ми се допадна и што сите се дружеа, се собираа заедно, беа неразделни и како деца, и после како студенти, па и како возрасни на крајот. Спојлер Еднаш се татко ми од видеотека земавме филмови и побаравме некоја комедија. Баш тогаш беше излезен третиот дел со венчавката и тој ни го препорачаа и го зедовме. Ко се наредивме дома сите да гледаме и го пуштаме филмот и прва сцена -сцената под масата во ресторанот и татко ми го исклучи и вели -не чини лентата, расипана е.
Cвадбата никој не може да ми ја замени, последниов дел- не е тоа тоа, тие делови каде што ги нема Cтифлер и компанија не ми се ни гледани Cвадбата е врвот, мислам дека е најјак дел од сите Tој колку и да го гледам нема шанса да не се смеам, поготово со Cтифлер и гомното- Cекогаш во моето сеќавање
Последниов дел ми е нај нај...Баш вчера го гледав и дефинитивно е најдобар од сите. Као демек по 15 години се собираат пак.. Кој е женет, кој успешен, кој па истата будала од средно (читај Стифлер ) Добар дел добар... Да го гледате!
Стифлер-legend пред некој ден го гледав и јас најновиов дел што е, смешен беше ама и претходните делови си беа оригинални, како и да е никад не здосадуваат тоа сигурно
во овие 3-4 дена ги изгледав првите 3 а сега почнувам и тие со брат му на Стифлер после тоа American Reunion инаку од првите 3 дела неможам да издвојам омилен бидејќи сите се пресмешни ама најсмешен ми беше Стифлер во 3 дел - кога се правеше добар и учтив и гомното од кучето ко го лапна само штета што не беше ОЗ во 3 :/ мислам стварно, ако Chris Klein не бил во државата за време на снимањето, режисериве и директорите и др. можеле друг пат да снимаат, не бива свадба ако му фали еден од другарите.. ај шо не беше, па не го ни спомнаа од првиот дел омилени ми беа сцените кога Мишел зборуваше цело време - this one time, at band camp.. и кога и да почнеше реченица знаев што ќе речи, а најслатка ми беше сцената кога Џим зборуваше со Надја и почна да и раскажува со - this one time... и ко се гушнаја после со Мишел а во вториот, дефинитивно најсмешна сцена кога Џим маструбираше и наместо лубрикант стави лепак .. тогаш ќе пукнев од смеа xD
Обично мразам кога прават продолженија на некој ептен добар филм и одбивам да ги гледам зошто во 90% од случаевите продолженијата се хаос и го уништуваат впечатокот. Филмовиве ги гледав додека не ги променија актерите... мислам, Американска пита без Стифлер не е тоа тоа. Овој последниов беше онака, дежа ву али го гледав поради тоа што глумеа баш сите актери од првите делови.
American Pie (1999) American Pie 2 (2001) American Wedding (2003) American Pie Presents: Band Camp (2005) American Pie Presents: The Naked Mile (2006) American Pie Presents: Beta House (2007) American Pie Presents: The Book of Love (2009) American Reunion (2012)
Од првиот до третиот приказната за тоа друштво е врвот, понатака веќе ми изгледаше вештачко. И да, American pie:Reunion мислев дека ќе биде утка ама и тој испадна предобар. Искрено ретко ваков тип на филм да ми се допаѓа.