Мила, те читам одамна, баш ми е жал што минуваш низ ова. Мој совет оди на преглед кај Димчев, па следно слушај го него за насоки.
Сега те прочитав за резз од пренаталниот. Баш ми е жал , баш. Не знам што да ти кажам . Чудно ми падна како сте пропуштиле прв скрининг. Ама што е тука е. Да се помолиме амниоцентезата да покаже дека нипт-от е погрешен. И арно те советуваат , појди кај Димчев на уште едно мислење Држи се,биди силна
Многу ми е жал што го поминуваш ова. Јасно ми е, сосема те разбирам што чувствуваш. Држи се колку што можеш, отсрце посакувам ниптот да дал погрешни резултати.
Ја мислам и молам Господ да е ниптот грешен На амнио се ке испадне ок Прво преглед кај димчев па ако треба амнио за двете бебиња во систина Тоа у моментот е мислам нај ок пат
Ова е многу голем проблем во здравството што кај нас овие тестирања се ограничени. Во вакви ситуации родителите не знаат кај тераат од самата дијагноза што ја добиваат, а каде е дополнително финансискиот терет... Навистина ќе речеме не се гледаат пари во овие ситуации, ама прескапи се услугите и на ниптот и на амниоцентезата ако се прави приватно.
те исчитав во двете теми жал ми е што минеш низ ова. која недела си точно? барај си второ па и трето мислење во систина како едни од најдобрите се димчев и гордана, закажи кај некој од нив па види што ќе ти кажат што да правиш наредно.
Душо мила срцето ми се кине кога ќе прочитам дека уште една мајка го врви овој пат. Немам зборови што да ти кажам.
Како си? Шо се деси? Ја у 17 гн имав спонтан ама не раѓав него со киретажа поминав (ама на живо без анестезија) Жал ми е што ти се дешава ова Дајте ги плодовите на испитување во Ману Обично и коа се со аномалиха неретко и самиот организам ги изфрла
Сочувство нема збор за утеха. Немој ништо да држиш во себе, плачи, врискај, оттагувај. Тука сум за муабет кога и да сакаш.
Жал ми е мила, кој не го одел овој пат не знае колку е мачно и тешко, па и со ваков крај… Зошто си почнала да се отвараш толку рано, кое е објаснувањето на докторите? Да не имало некоја бактерија?