Го гледав активно порано. Сега у живци ми гази. Едно исто, та едно исто се врти у круг. Една сцена убава, наредните 15 лоши дешавки. Им ги научив реакциите која како реагира, како се погледнуваат кога ќе се случи нешто лошо. Сега само на поминување го гледам, кога искачам од соба само.
Исто и јас....само на минување ако загледам....Добро започна серијата, но сценаристите и режијата сакајќи демек да направат тешка и жална серија, направиле блуткавеш, крај неемат несреќите и тешките моменти низ коишто минуваат девојките, што веќе не е возбудливо, си знаеш секоја следна серија очекуваш да страда некоја од девојките...Содржината со несреќите станува банална, измислуват веќе ептен блуткави счучки, еве пример моментално содржината со Сонѓул брз врска е, можеше да помине без да се појави татко и во серијата, ако е само за 5/6 епизоди, кога нема никаква поента, да пополнат епизоди..... ...а улогата на Фериде од комична, станува идиотски глупава.
Покрај глупавото сценарио, одвратна ми е синхронизацијата на сител. Еден актер синхронизира по 5 лика истовремено. Да не зборувам колку ме иритираат гласовите на сите девојки, од прва до последна, особено Сонѓул и Ејлул. На крајот на денот, барем Кемал ме изнасмева.
Нивни има 113 а кај нас ги делат на 2 така да околу 200 и нешо. Сега епизодата кај нас што ја даваат кај нив е 60-61.
Зошто оваа цимерката на Фериде (ќерката на Нериман, заборавив како се вика) му испрати цвеќе на Фериде во име на Ведат поранешниот вереник, потоа му испрати маил на Ведат од компјутерот на Фериде со цел да се скараат Фериде и Топрак и таа да биде со Топрак.