Ова веќе не е нормално. Тргнале овие Немал да го убиваат мртви, ладни. Уште сериозни, па нарачуваат пиштоли, ќе си упропастуваат живот. Што треба ова да значи? Веројатно, храброст. Ајде, јас сум возрасна, ама на млади луѓе ова не смее да им се сервира ни под точка разно!
Режисерот скроз одлепил, што ли му се врти во главата на чоекот, на шо дроги е да ми е да знам, значи добра е замислата за серијата од почеток имаше добар тек, ама не требаше да ја отупува олку, има супер актерска екипа, соодветни карактери ама негативност во серијата се само лоши работи да се случуваат и тоа безпотребно, значи што потреба имаше од ова девојките да сакаат да го убијат Кемал, само пополнување на епизодите,Серкан Биринџи има изгубено контрола на настаните виде рејтинг и ја одолговлекува серијата само за гледаност, а дали имаат смисла дешавките во серијата или не мање битно.
Ја гледам моментално репризата од серијава и не можам да поверувам со каков вокабулар се зборува во дијалозите. Ова мори .. И сигурно на турски не снимена серијава со вакви безвезни реченици мори Бушро,Престани мори, да не си играме играчки, do you understand мене? Сериозно? Дно
Каков лапсуз, ги излажаа сите дека Ејлул умре, и на крај се гледа со Топрак во парк, ВО ПАРК!!! Притоа знаејќи дека Кемал е спремен по секоја цена да дојде до Метин. Овие во јавен парк ли најдоа да кријат тајна помогната и поврзана од полиција!? Боже мој
Ајде тоа, ама кога отидоа девојките да го убијат Кемал и кога ги затвори во собата Мерал немаше мрежа да ѕвони некаде, ама важно Назан кога дојде одма имаше мрежа да се јави на Серкан
Е да бе од работа така ќе излезеш ќе оставиш објект празен да следиш некој... Ќе го фатат Кемал? Преводов што да ти кажам..Сонѓул маж и детето го вика..де синко..
Спојлер Кемал сега ќе се сретне со Ејлул во болница, ама пак ќе избега. Мислам дека веќе му се ближи крајот, во утрешната или во петочната епизода треба да умре.
Многу нереални сцени има во филмов. Овој Кемал пребоден со нож и додека да ја фати заложничката едвај одеше, се држеше за стомак мислеш секој момент ќе падне, а после тоа и жена држе и пиштол ништо не му е.