1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Артистите како марионети на масоните

Дискусија во 'Политика и настани' започната од milinna, 8 декември 2012.

  1. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    И порано сум слушнала за ова, ама по интернетов можат да се сретнат се повеќе видеа кои содржат факти кои освен ако не ни се одделно посочени мислам дека не би ги забележале. За Џеј Зи, Ријана, Кети Пери, Лејди Гага, Ники Минаж и нивните видеа, како и нивното однесување пред и од кога станале славни. Shhh... тетоважата на Ријана, дека е знак на завет на молк, нивните алтег ега, енормниот успех преку ноќ,како оној на Ники Минаж... Јас не можам да кажам дека баш и поверував во ова,ама и можно е па, од кај знајш по Америкине шо прат. Ме интересира вие што мислите?
    И да,мислам дека не сретнав конкретно ваква тема, ако има,се извинувам :$
    http://www.youtube.com/watch?v=QU9m9wrG6Fg
     
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Артисти - Ријана, Џеј Зи, Ники Минаж... :rofl:
     
    На Tenkai му/ѝ се допаѓа ова.
  3. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    а добро извини за наведените,пејачи се. макар шо секој кој создава, се занимава или ја изведува/демонстрира уметноста може да се нарече артист. |( |( |(
    ама од кај би знаела ти, така? :)
     
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Навистина, од кај знам па јас што е уметност. Фала му на бога и на масоните за Ники Минаж, типичен уметник на денешната естрада.
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Ве молам, да не се полни темата со оф топици, истата ќе биде средена.Благодарам.
     
  6. catsruletheworld3

    catsruletheworld3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    27
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Значи ова е тотална вистина... Ријана, Бијонсе, Џеј Зи итн. итн. сите тие се всушност „играчки“ на елитата (масоните). Им ги создаваат тие алтер ега со измачување, тоа МК ултра што го викаат, значи ги измачуваат до тој степен што или ке умрат или ке им се создаде тоа алтер его, и со тоа преку нив уствари се влијае на нас „мравките“ во целиот свет. Т.е. на мнозинството оваа работа има огромно влијание н психата (преку песните, видеата, и се др на тв.), значи буквално ни ги перат мозоците, не прават ГЛУПИ (во буквалн смисла на зборот), а малце се тие што се свесни за ова што се случува... 21 декември- крај на светот- и тоа е нивна работа, не дека ке изчезне светот, ке се случат др работи, што поточно ни ја не сум баш упатена ама нешто ке биде.

    Незнам колку луѓе ке поверуваат во ова, ама еве јас можам да ви кажам дека се заитересирав на оваа тема пред некое време ептен, и доста копав по интернетов, и по толку време дефинитивно тврдам дека се е вистина.

    Вистинита приказна- Незнам како се викаше човекот, не е битно, ама си бил човекот голем фан на еминем, го слушам цело време, една вечер одкако ја слушал таа песната на еминем 3еј ем цел ден, вечерта во 3 стаат сабајле станал и го убил цело семејство, и пак си легнал да спие. Другиот ден станал и се пријавил сам во полиција, рекол дека си го убил семејството, не знае како што, како некој друг да командувал со него. Заклучете сами што уствари било со човекот.
     
  7. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Можеме да веруваме во СЕ, доколку сакаме.
    Најпрво, информирајте се дека во масонеријата не постојат жени во ниту еден круг.
    Да, и Тито „бил“ масон и Мерлин Менсон и Лејди Гага, Обама, дури и Tоше... Да не го заборавиме Хитлер, Гоце Делчев и уште куп историски личности.
    Не велам дека некој од нив не биле (од историските фаци) но тоа е тоа. Требало луѓето да мислат неколку века наназад. И што дека знаеме? Можеме да ги истребиме? Прво и прво на Американците невозможно е да им се објасни што е тоа светски поредок, а не пак масони, уште помалку марионети. Без навреда, но во поголем процент тоа е така. Затоашто имаат прост школски систем, фала богу дека ќе излезе глупа младина. А тоа на некој му одговара.
    И поентата ми беше: Што ако откриеме кој бил и кој е масон, или нивна марионета*? И да знаат, зар ќе прекинат да ги слушаат и Џеј зи и Гага и мн други?? - Не.

    Имате доста книги што посочуваат што всушност претставуваат Масоните, Темпларите, Илуминатите итн. Немам читано многу, но следна тема на обработка ми е баш тоа. Ако сакате да ви предложам нешто лп.


    *Оној што не припаѓа во овие „тајни“ организации, зошто би ги користел овие знаци? Значи таа марионета Е во таа организација. А огромен процент од нивните членови се влијателни луѓе во сферата на политиката, бизнисот итн. ( и како што кажав, во тие орг. НИКАКО нема жени)
    Како и да е, и да постои нешто такво не праат тие ништо. Наводно има еден, што кажува како и што ќе биде. Реалити шоуто Велики Брат е олицетворение на идеата околу тоа. Она Велики Брат е всушност превземено сценарио од Орвел во 1984.

    И за она што го кажавте дека не цедат од работа како мравки - тоа е само дел на модерниот капитализам. „Не ни одговарала“ Југославија..
    Поврзувајте си логички со Историја.. И не секогаш во учебниците по Историја го пишува вистинското. Нам ни преостанува да ги дознаеме вистинските причини, без да си го тупиме мозокот.

    А што уствари било со човекот - психичко пореметување или евентуално хипноза. Може некој да те контролира и без да го гледаш. Имаш документарци, исто, ако некој сака линкови- лп. Ама и тоа не го знаеме со сигурност. Ние одлучуваме дали е тоа вистина или не.
    Пошо некој што не излегол од дома може да дојде и да ми каже дека бил во Африка и видел дека бананите растат во грмушка. И јас можам да верувам - ако сакам. И што фајде?

    Добра тема за дискутирање, ама стварно во моментов не сум во состојба за објаснување на „долго и широко“.
     
    На DzingrlakaDzikica, Nymeria и Gordana10 им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Тука во право си, а и некако се разно пишува за тие знаци, ко демек нивни се, иако се преземени од старо време, ама ко потеклото им е од тогаш.Ама не се нивни, туку за да се најде почетокот.Плус чинам ги имаше во една од црквиве тука во Македонија, конкретно не ми текнува кои знаци...Незнам и како масоните биле вмешани во крајот на светот, првпат дознавам од темава, мислам мачно ми е веќе со тој нивни крај на свет, сум кажала што им е всушност, се замараат со едни списи на Маите до сега важеле ко крај на свет, сега у 5 до 12 не важеле |(
    И мислам дека на било кој човек, односно не секому му е важно ова, си останува на личен избор дали човек ќе верува или не.Теории, заговори имало и ќе има.
     
  9. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Исто како што има добро и зло имало и ќе има.
    Иначе јас редовно посетувам една црква на која на влезот има знак за темпларите, и не е само таа црква туку таквите ги има во изобилие.
    Јас лично тоа си го објаснив со црквата, инквизицијата итн, да не должам мислам дека знаете за што станува збор... Но една персона ми посочи дека всушност тој знак е ставен по иницијатива на донаторот за црквата..
    А за знаците, можеме да веруваме и дека коса до под г'з е знак за масоните. |(
    Дека постои нешто да. Но што е, тука е. И да сакаме да знаеме нема никогаш да дознаеме што е право во врска со тоа.
    Американизацијата, технологијата, напорите за развивање на нано технологија и микрочипови, на кои што сме сведоци дека се случуваат се мал доказ за таквото постоење.
    - Факт е дека човештвото оди во пропаст, во корист на „неколкумина“.
     
    На Sara123 и antonina им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Така е, се ќе си остане на база на претпоставки, дали е стварно така или не, никогаш нема да се дознае, а дека ги има, тоа да, се согласувам.Секогаш некои нешта остануваат недоразјаснети.
     
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Никогаш не претпоставував дека ќе сретнам алтер его, МК Ултра и крај на светот во еден ист пост за еден ист контекст.

    И ти си прочита на интернет што си прочита, и веднаш поверува на тоа што прочита. Човекот што си го убил семејството, не ти текна дека можеби му фалела некоја даска од претходно и немало никаква поврзаност со песната...или уште полошо, да не е ништо од тоа вистина? :o
    Си читала нешто ама не си доразбрала очигледно.
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  12. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Можеби се случило феномен сличeн на Ејмитивајл ...
     
  13. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Имате право дека можиме во шо сакаме да си веруваме, и дека некои работи ќе останат шпекулации и неразјаснети, ама некои факти едноставно ме терат да се подзамислам...Од кај дојде Ники Минаж? Лил Вејн ја пронајде (за кој такоџе се мисли дека е припадник) и преку ноќ број еден хитови на Америчка листа, број два (деби) албум на истата. ( на Канје Вест албумот е број еден;ова за пред некое време зборувам,не знам сега како е) Јас не знам многу за Масоните,ама еве ако велите дека не може жени да се припадници, не мора да значи дека се, мажи им се како ментори, и на Ники Минаж, и на Ријана и на Бијонсе... и трите имаат алтер ега. За она на Бијонсе не знаевме се додека не се омажи со Џеј, кај имаше та алтер его ко си беше Дестинис чајлд...
    И друго, сите интервјуа на Лејди Гага шо сум ги гледала,та постојано зборува дека била аутсајдер на школо и дека тука е за таквите како неа,шо се осејќаат така(а нели ворлд вајд ги има многу) и дека само за нив постои и се така нон - стоп... Поизмислен лик од неа не постои! :|
     
  14. catsruletheworld3

    catsruletheworld3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    27
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    епа направи мало истражување, ке сватиш како се поврзани.
    а тоа за човекот, може да е вистина. може да не е, не реков „леле луѓе што се десило нема да ви се верува, ова 10000% вистина, абе ТВРДАМ!“, туку само го напишав текстот што го имав прочитано. Не реков ни јас дека верувам или не верувам, го ставив во постот како надоврзување зашто е во врска со темата.
     
  15. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Епа и мама и тато ако се имаат пари ќе дадат се за да станам славна и богата. Така?
    Споредете Ники колку само пробува да биде бледа копија на Гага. И отворено ќе си кажам, извинете на вулгарност, се‘ се сведува дрога,пари, цицки, газови, не е голема границата помеѓу порно и „нормален“ спот. Кога светот има изопачени вредности оваков е резултатот. Како што е денес. Разработете ги реченициве, од нив вадете ствари... стварно немам време за поопширно.

    [​IMG]
    Овде ќе си го поставам добропознатото прашање: WTF?

    Mоже и јас да излезам со ќесите ѓубре закачени на фустан и пискам како квачка ќе станам позната.
    Гледам огромна разлика помеѓу Гага и Ники, ама ниту една од нив не почитувам. Гага е оригинална и иновативна, на светот му е чудна таква контроверзност. А оваа шо прави? И Кеша пробуваше нешто, ама будалата остана на пат..


    И главното го заборавив: Масоните немаат НИКАКВИ пратеници ! Тие самите дејствуваат !!! Исто, информирајте се дека не се влегува така лесно кај нив. Прво треба да имаш висок коефициент на интелегенција, второ да си богат. Ете така стојат работите. Кој би бил доволно глуп да прави пропаганда за нешто што веќе одамна се случило??? Не не и не. И нивните знаци, стратегии, идеологи и теории не смеат да ги спомнат ни пред семејството. Во спротивно, главата им лета ;)
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    АРТИСТИ-МАРИОНЕТИ НА МАСОНИТЕ

    Ти го знаеш воопшто значењето на алтер его?
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Абе, како се однесуваат девојките откако станале славни им зависи на секоја до карактер, сигурно си биле грл некст дор како и секоја друга неславна додека не биле на екран. Какво алтер его си создале за на бина е до нив, ваква на јавна сцена со цел собирање поголема публика, поинаква надвор од сцена, или ако не е добра глумица па иста ќе е и там и там.

    Нема жени во масонските ложи. Има посебни ложи само за жени ама во главно не им се признаваат од страна на големите ложи, кои се од мажи исклучиво, претежно овој избор е поради традиционално водење. Носење наметки на митинг, тајна долга поздравувачка, да пукне горе, да пукне доле, ај двете раце позади грб, фати си носот со пказалец и уште еднаш да пукне горе :D Аха, и ти си еден од нас, дај кажи некој добар мајстор од ложава ако знаеш да ми поправи чешмата во купатило. Тоа се масоните овие денови :wasntme:
     
  18. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Да, милина и јас сакам да чујам твоја дефиниција за алтер его. Онака, кратко и јасно.
     
  19. Tantica

    Tantica Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    И јас имам гледано мн. клипчиња на youtube за beyonce и jey-z дека биле припадници на илуминатите (знам дека не е исто со масоните :? ) ама претпоствувам дека е истата приказна и по другите клипови и што се случува, има група youtube-ери кој детално им ги разработуваат сликите, спотовите песните (та дури и снимки од наназад пуштена песна се вртат :fubar: :fubar: ) па одат слики како детето им е всушност кукла.... глупост до глупост...мислам PEOPLE GET A LIFE. Мое лично мислење е дека тоа се живи глупости и дечките што се замараат со вакви работи, таа посветеност да ја пренасочат во нешто попродуктивно многу проблеми во светов ке се решат
     
  20. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    Другата во мене. Измислен лик. На пример Нумериа е дрска,нападна,не толерантна додека девојката која навистина постои во реалноста е мила, полна со разбирање, гуд лиснр. Пример. :D 8)