Еве уште некоја интересна статија и резултат на астрологијата Хороскопскиот знак може да го одреди обликот на очите: ОВЕН – најсамоуверени очи, кои знаат сè БИК – поглед кој пробива БЛИЗНАЦИ – искрени пријателски очи РАК – срамежливи очи со јасно изразена белина на окото ЛАВ – разиграни очи кои како да велат „не сакате да си имате проблеми со мене, но ако го сторите тоа, нема да биде залудно губење на времето!“ ДЕВИЦА – љубопитни очи кои критички одмеруваат ВАГА – вечната надеж и постојаното одмерување на опциите се чита и во нивните очи СКОРПИЈА – продорен поглед што ќе ве „закова во место“ и ги пробива сите оклопи СТРЕЛЕЦ – мудар, тежок поглед кој ве тера да се почувствувате неудобно дури и тогаш кога ништо не сте згрешиле ЈАРЕЦ – забавен и харизматичен, но не го интересира ништо што се случува надвор од неговиот свет ВОДОЛИЈА – нивните очи искрат со добрина, а нивниот поглед постојано лута наоколу во потрага по нешто што ќе ги разбуди нивните уметнички склоности РИБИ – влажен, сонлив поглед и очи кои како да гледаат во иднината Спојлер
Напишаното за риби може да се каже дека е точно ама сликата . На сестра ми и мајка ми им има погодено на сликата.
Точно е и за мене, а уште поточни ми се очите, како можеше да се толку погодени, и не само за мене, и на другиве знаци им ги имаат погодено очите како што гледам
ЛАВ – разиграни очи кои како да велат „не сакате да си имате проблеми со мене, но ако го сторите тоа, нема да биде залудно губење на времето!“ не сум толку лоша и злопамтило, па за ако ми згреши некој... ваљда
Всушност таа сликата ми даде идеја за шминка. :geek: Никако да се научам да ставам туш. Да ми стои убаво со отворени очи. Така да, благодарност до Савана.
ВАГА – вечната надеж и постојаното одмерување на опциите се чита и во нивните очи Може да се земе за точно. Што се однесува до формите од сликата ,моите очи се Овновски (па добро ,месечината ми е во Овен ,мора да игра некоја улога ,а и повеќето карактеристики што ги имам ми се микс од знакот и месечината ,овој Раков ѓоа подзнак ама слабо се манифестира )
Горе доле точно за Овен. Средна големина, само темнокафеави, е сега дали даваат впечаток дека знаат се, незнам, треба некој друг да каже.
ЈАРЕЦ – забавен и харизматичен, но не го интересира ништо што се случува надвор од неговиот свет. И за формата на очите погодено, само мене ми се мааалце покрупни.