Од овие постари класични ноар филмови тој по сеќавање ми дојде прв да ти го препорачам (The Killing (1956) во режија на Кјубрик) и мислам дека вреди филмот иако ми е гледан многу одамна, одлично хронолошки објаснето од твоја страна за историскиот контекст и хронологијата на ноарот, тие ноар елементи посебно нео ноар кои денес ги користат многу режисери можам да ги препознаам, тие му даваат на самиот филм доза на суптилна мистичност. Ти препорачувам да го погледнеш и овој филм The Night of the Hunter (1955) ПС Да се надополнам на претходното мислење кога ги набројував режисерите заборавив да ги споменам а никако несмеат да се изостават - Џоел и Итан Коен кои се маестрални режисери и спаѓаат во групата - категоријата на претходно наброените заедно со Клинт Иствуд и Кристофер Нолан.
Коен и Клинт се врвот во создавањето на крими ремек-дела: No Country for Old Men (најдобар филм на 21. век) Mystic River, The Changeling, Fargo, Blood Simple Го имам гледано The Night of the Hunter, квалитетен е, фала. Од Џунгла на асфалтот, не дека не постои подобар филм, ама тој ми е ноар со сите нишани. Има многу ликови кои треба внимателно да се следат како што сцените се менуваат зашто постојано нешто се случува, не е јасно кој ќе биде клучен, динамиката помеѓу нив активно се развива се до крајот.