Феминки, доколку има ваква тема слободно може да се префрли на друго место Овој мецес сакаме да почнеме со подготовките на собата, па ме интересираат и вашите подготовки. Не сакам да биде цела бела боја, би сакала да има жолта нијанса, белата и сината ми се некако ладни бои за машка соба. Дали жолта боја е соодветна за машко бебе? Дали ќе цртате нешто во собата, јас во емисијата Ајде дома често пати гледав како лепат готови тапети со ликови од цртани и слични мотиви. Јас како дете го имав Бамби со зајачето на цел ѕид, би сакала и моето дете да има нешто интересно во собата. Дали знаете каде се продаваат убави слики и украси за бебешка соба и слично. Слободно можете да постирате слики од бебешки соби и елементи што би сакале да ги има во собата на вашето бебе http://www.hometone.com/baby-room-decorating-ideas.html
Ова е многу весело и мислам дека секој може сам да си го нацрта и да го смисли со бои, без да се инвестира во тапети и специјална подготовка И ова е многу едноставно, со одбрани зелени украси е смислена цела соба И ова мислам дека може со малку воља да помине со Уради сам
Kaj една приајтелка имам видено многу убава соба за машко дете. Сами ја правеа со маж и , преовладува плавата боја, со тоа што еден зид е во риги(поголеми и помали) , светло плаво, тегет, жолто и зелено, ептен добро изгледа. Јас сум за соба со целосна приказна. Пример ако биде со Бамби да биде цела во тој стил, или пак со коли(мада мислам дека за бебе не се соодветни, туку за поголемо дете). Можете цела со морски свет, рипчиња, подморници, алги, водени меури... ќе најдеш и некое такво килимче , стикери, играчки па супер би излегло. Ние кај креветчето ставивме стикери со животинки од џунглата и морски животни. Не сакав да биде стрикно за девојче , нека биде детско.
И јас планирам сама да си ја активирам малку креативната страна и да смислам цел концепт со бои, налепници и украси. Собата секако ќе ја варосуваме овој месец, плакар и креветче ќе се купи ново, а се останато ќе му смисли мајка откако ќе ги прошета сите можни продавници и ќе ги разгледа сите сајтови на интернет.
Oваа ми се допаѓа премногу и може да си ја уредите сами А,пак овие со малку "поголем џеб" што се вели...
Oваа ми се допаѓа премногу и може да си ја уредите сами Мислам дека ваков тип на пеперутки има во Џамбо, дури мислам и цветови како тие на претходните слики дека имам гледано на истото место.
Со вакво нешто би можела да се занимавам кога ќе ми започне породилното, нема никаква филозофија, а изгледа интересно.
Идејата е супер, ги гледаме овие прекрасно средени соби и си го замислуваме бебушот како мирно и слатко спие во креветчето или па си уживка во амбиентот. Арно ама во реална ситуација и не е баш така. Значи детски соби да, aма бебешки хмм - само не можи да спие, само не знае да игра па и од таму потребата за негова соба( дури е бебе) ми е малку излишна. Во мојот пример, на почеток ми требаше бебешко креветче до спалната, па пред некој ден увидов дека и од него немам потреба затоа што брачниот кревет се претвори во бебешки лежај Сеуште на пауза стои средувањето на собата на мојот син, имавме скроз празни две соби но итноста на ситуацијата налагаше да ставиме плакари па сега планирам некое теписонче да ставам оти е во фаза на одење и му е потребен збришан простор. А голем мерак имав и јас по една ваква соба, гледав на интернет, посетував салони Како и да е, ако се одлучите бебчето да си го пречекате со негова соба ви посакувам тоа да е најубавата и најбајковитата бебешка соба
Па добро и бебешката соба е всушност детска соба, само првите 2 години е полна со бебешки работи и реквизити, инаку е исто. Јас кога веќе имам празна соба и ќе купувам креветче и плакар за бебето, логично е дека собата ми е скоро готова и затоа сакав да си споделуваме креативни идеи и информации за самоуредување на собата, да видиме како од ништо да направиме нешто. Искрено повеќе би сакала да функционира собата, отколку да се стесниме во спална и од неа да правиме 2 во 1 ,со тек на време да стане главно вртилиште и за бебето и за мене и за бабите и за жени помошнички по потреба, преполна со пелени, бебешка козметика и останати работи да не можам нога да ставам во спална, а истовремено сите останати бебешки работи да се шетаат низ целиот стан како да е една голема бебешка соба. Јас сепак од старт би направила бебешко катче, па со текот на времето ќе биде полесно да го менуваме и приспособуваме на возраста на детето. Сум видела примери со двете варијанти, мене оваа со посебна соба повеќе ми се допаѓа, ќе видам во мојот случај праксата како ќе се покаже и ќе ви кажам дали има потреба или нема
Нема врска... Додуша зависи кој како гледа на тоа. Некој одобруваат некој воопшто Моите две внуки од братучед ми, спијат сами во соба од денот од кога се дојдени од болница. Јас, здравје и живот прво, кога ќе имам свои деца ќе гледам да го применам истово. Мене ми се допаѓа
Повеќето брачни двојки избегнуваат да спремаат детски соби, а и неможат зошто живеат со родители. Прекрасна идеја е за оној кој има можност и вишок соба, бидејќи секое бебе и дете има право на свое катче, посебно ако собата се уреди со стил. Но, овие соби не се искористуваат максимум, се користат краток времен период. За да ја уредиш вака за наш стандард треба да потрошиш најмалку 500-1000 евра. А погоре на онаа слика што е со Вини Пу, цената би била отприлика едно 2000-3000 евра, ја гледав во Солун во еден дуќан, само ормарот беше околу 500 евра можеби и повеќе. Е, сега за практично не е, по мене си знам зошто првото дете го пораснав на принцип спиење до мама. Сега и за второто исто, оти ми е така најлесно, ќе се разбуди и до него си, го залулаш си заспие, ќе го надоиш и заспие, ако дојде ред да го креваш толку и ќе спие, а и нон-стоп треба да си дежурна во собата, да не поврне, да не се открие, да не се обрне итн. итн.
Бебешка соба не знам колку е корисно да се има. Бебето има потреба од близина на родителите, особено мајката. Ние имаме слободна соба но во ниеден случај не помислив таму да го ставам креветчето и да спиеме во различни соби. Нема шанса. Детска соба да, но бебешка не... не е ни практично а не е ни толку добро мислам за детето додека е сеуште бебе. Инаку сето тоа вака на слики изгледа супер.
И ние исто имаме детска соба , ама седи празна креветчето е кај нас во спална од причина што не ми се остава детето само во соба Навечер треба да се шетам по собите ,кога ке се буди Кога ке потпорасне секако ке си спие сама во соба , ама додека е уште мало бебе ке си е со нас . Нејзината соба не е целосно средена , треба да ја исфарбаме .. да се докупат уште некои ситници . Треба да позајмам некои идеи од овие слики кои ги постиравте
Бебешката соба е всушност истата детска соба што му следува на детето, нормално доколку имам на располаѓање слободна соба. Како тоа не е практична, кога разликата е единствено во времето кога ќе се спрема собата, дали ќе ја спремаме за новороденче или после 7-8 месеци или после една година. Истата соба што ќе ја направам сега, ќе ја имам и догодина и две, а за понатаму ќе треба само да ја надградувам и менувам во согласност со возраста. Тоа нема да порасне преку ноќ и да вика друштво за играње, за да не се исплати. Муабетот за непрактичност е како изговор за одложување на нешто што може да се направи подоцна. Факт дека е практично да биде бебето со мама првите неколку месеци и тоа најмногу за ноќното спиење, меѓутоа е многу пологично и похигиенски да си има негова соба, со негово плакарче само за неговите облеки, наткасна со неговата козметика и пелените, душече за пресоблекување, играчки и подароци од роднините, транспортери и сите останати бебешки дрангулии. Зарем сето ова ви го собира во спалната соба? Јас во мојата спална соба имам место само за креветчето, а за се останато ќе му спремам сама пристојна соба. Никој не вика дека треба да најмам архитект за соба од филмовите и да плаќам илјадници евра, туку затоа отворив тема за да си видиме креативни идеи и совети, како сами да направиме нешто интересно за сите оние што имаат мерак да направат нешто од собата на своето дете, а муабетот да го чувам и растам во мојата спална со години не ми беше темата на муабетов Како што се гледа по сликите, само креветчето и наткасната се неопходни за собата, се останато е креативност и желба.