1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бели кругови на јазикот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од nemir, 12 септември 2010.

  1. nemir

    nemir Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    веке некое време како приметив дека имам нешто во вид на бели кругциња на јазикот. прв пат приметив после една вечер претерано јадење сончоглед. мислев дека е од него, можеби бил нечист незнам ни ја. ама од тогаш има сигурно два месеца може и три како ми се јавуваат повремено. обично наутро. во текот на денот таман кога ке се изнервирам да одам на лекар нема ништо. имам забележано и нешто како бели наслаги по јазикот.не ме боли, не отекува, се повлекуваат од едно место па се појавуваат на друго...
    некоја идеја што е? :x
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Промените на јазикот можат да настанат од различни причини. Велиш дека имаш како бели кругови - дали се правилни или неправилни, дали менуваат боја или се исклучиво бели? Дали во последно време си била изложена на некој јак стрес? Понекогаш може од тоа да се јават. Како прво што ми текнува вака, без преглед е кандидијаза. Ама бидејќи немаш симптоми, не верувам дека е тоа. Следно што ми паѓа на памет е дека се работи за т.н географски јазик, за кој не е познато поради што настанува, ама промените се слични на ова што го опиша, а освен тоа, шетаат од едно на друго место на јазикот, некогаш се поизразени, некогаш и не се гледаат. Поради нив, јазикот личи на географска карта. Се смета дека се јавува поради алергија, анемија, некои протетски надградби на забите, или пак поради некој силен стрес.
    Оди на стоматолог, може да ти земе брис да исклучи воспаление или кандидијаза. А ако е т.н географски јазик, да се исклучи причината што го предизвикала.
     
    На luna18 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elenadaceva

    elenadaceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    5
    A AKO MI SE nAFRLUVA PRI JADENJE OSTRO NESHTO (CHIPS I SL) ILI LUTO...ILI PAK ZHESHKO I LADNO MNOGU...ILI PAK OD STRES...MI SE PRAVAT NA POCETOKOT NA JAZIKOT NEKOI KRUGOVI I SLICHNO I BELI I CRVENI.. TOA KAKO SE SPRECHUVA????/A KOA SUM POD STRES NA PR..SHKOLO I SL...NEMOZAM NI DA JADAM OD SHTO ME BOLI :tmi: :tmi: :tmi: :tmi:
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е реакција на иритацијата - луто, солено (како чипс или семки), жешко - сето тоа предизвикува иритација. Нормално дека ќе има реакција на мекото ткиво на јазикот. Ако јадеш или пиеш нешто премногу жешко, ќе се јават изгореници, пликови, како и на друго место да се изгориш. Исто се случува и со соленото, се појавуваат како ранички од интензивната дразба. Не се грижи, тоа е нормална реакција, ама ќе си пазиш што и колку внесуваш (не мора сите 100г сончоглед да ги изедеш или пак цела ќеса чипс). Ако ти се јавуваат периодично, само кога ќе јадеш нешто солено, луто, жешко, и поминуваат за ден два, немаш причини за грижа. Ама ако не поминува, ако трае цело време, тогаш да си посетиш стоматолог, и тој да ги види тие промени. И ќе гледаш да не се нервираш, знам дека е лесно да кажам, ама мораш да се релаксираш малку повеќе.