Големите цветови се викаат Божур, додека на помалите македонски превод не можам да им склопам. На англиски се: Sweet Pea(s). Во секој случај, преубави се и двете врсти.
^wow замислете ја комбинацијата на божури,крин,и алстромерија, а надолу паѓа по некоја орхидеа....се во розво бели нијанси....уф милина
Едвај чекам да ги земам сликите па да ви го покажам мојот, аххх не го ни замислував така убав, во нежни виолетово, розевки, бели нијанси и колку бев бесна кога мораше да го фрлам и кога третина се распадна . Битно спомените остануваат и не да се фалам, ама многу беше убав бе, нај чудно е тоа што од прилика и објаснив каков сакам да биде, без да прецизирам цвеќиња, одредена боја, само кажав дека не сакам да има по рабовите од тие големи зелени листови и добив повеќе од очекуваното.
^Епа ајде Абеја, може ќе ми дадеш идеа,за да и покажам на кумашинката. Инаку денес бев таму каде што ќе го нарачувам бидермаерот, за да прашам за избор на цвеќиња што и како има, и ми вели не е проблем по нарачка ќе земеме што сакаш. Ама божури ќе немало во август. А за алстомерија ќе можело да се најде...хмм Али ај прво кумашинката да се одлучи конечно,како и да е ми спомна женава имало нијанси и тонови розево бели и други цветови, дури ми понуди кај неа дома да дојдам пошто живее блиску до мене,за да видам избор на цвеќиња што се имала и идеи.