Бовчи

Дискусија во 'Свадба' започната од Viiiiip, 10 октомври 2010.

  1. Macika222

    Macika222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Јас пак не планирам бовчи митѕ за свекор ниту за свекрва само за момчето,кумот, деверот и старосватот така се договоривме ниту тие за мојте ниту пак јас за неговите се знае кој се дарува на свадба зетот и невестата а ако ги редам сите така со бовчи кај ми е крајот плус во насиот крај се носат дарови кај кум девер и старосват и кога се покануваат за свадбата и тие дарови ги плака или свекрвата или пола пола свекрвата и бабата така да секаде е различно....
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.463
    Допаѓања:
    37.693
    Пол:
    Женски
    Јас не правев бовчи. Требаше да правам за кумата и за старосватовите, ама и за нив не направив. Ако ги дарував нив и неговата фамилија, многу трошок ќе имав.
     
  3. Gossip-B

    Gossip-B Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    Јас планирам да правам бовча само за маж ми,а за кумот,кумата,деверот,свекор,свекрва плика со пари
    :D и чао пријатно,да не се замарам со продавници и поклони,дали ќе им се допадне или пак не :lol:
     
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Најпаметно, право да ти кажам. Јас купив поклони за сите, и за некое дивно чудо погодив. Веројатно дека ги знам многу добро, се дружам со сите луѓе одсекогаш, па немав некои сериозни проблеми. Тоа го направив затоа што неможев да им дадам толку во плик, колку што можев да земам на рати, па уште си отплаќам, ама не е важно, на сите им купив нешто што знам дека им се свиѓа. Јас ни за вереникот не направив бовча, само му купивме саат што сам си го одбра, и така беше поприлично скап, и ајде чао пријатно... :D
     
  5. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    во септември правиме свадба па уште сега размислувам за бовчи за најблиските, не планирам класични бовчи како што се правеле пред неколку години (а на некои места гледам дека сеуште се практикуваат) па мислам да им дадам пари па што им одговара нека си купат. Но сега ме буни за кумот ќе биде пари но за кумата што? Девојка му е не жена па затоа незнам дали и на неа да и дадам исто толку пари како на кумот или што? Ве молам за совет навистина сум збунета, цел ден само на тоа мислам, а кумот има и брат и родители па и нив неможеш да ги одминеш па каков поклон за нив? ви благодарам однапред за советите
     
  6. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116

    Па мислам дека можеш во еден плик да им ставиш пари и да биде пликот и за кумот и за кумата, на пример 100 евра (ова ти кажувам пример, ти ќе си одредиш колку пари би им давала), а и незнам зашто би купувала и за брат му и родителите негови подарок, јас искрено не би, но ако ти е желба можеш да им купиш на брат му и татко му некоја убава кошула, а за мајка му ташна, некое поситно накитче, убава марама
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Нема да има класични бовчи, туку подарок за сведоците и деверот.
    Може вака да ми кажете одприлика што им купувавте, колку ве чинеше, и дали ги прашувавте или сами им биравте?
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Јас ги прашав кумата за бебуш што сака( и + докупив по мој избор нешто), и сведоците кои ќе ни бидат во матично, ги стокмив сите, на кумата дури и и го дадовме поклонот, а на сведоците кога ќе се видиме ќе им го дадеме, исто пред самиот чин.
    Мислам дека така е подобро, зошто и они задоволни и ти без мака и многу потресување дали ќе го погодиш поклонот и побрзо ќе завршиш.
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Јас правев бовчи за свекрвата, свекорот, деверот, бабата, дедото, кумот, кумата и старосватицата (да не заборавив некој :D ). Искрено се чувствувам како да сум испозаборавила ама мислам одприлика составот на бовчите беше ваков.. за свекорот кошула и вратоврска од Беатина, кожен новчаник од Мона, позлатена шнола за вратоврската и Антонио Бандерас Seduction in Black парфем, за свекрвата ташна со комплет несесер и огледалце од Fergie, преубава марама во ист тон од чиста свила и парфем Antonio Banderas Blue seduction for women. За деверот купив комплет бањарка со пешкир од многу висок квалитет и парфем Passenger Cruise for Men S.T. Dupont. На бабата и дедото им купив по еден пар квалитетни анатомски кожни папучи а на бабата сандали од Пеко. На кумата и кумот им купив часовници од Watch point, кумот одбра Cаsio а кумата ЕSPIRIT. Старосватицата пак си одбра сребрен накит со висок сјај од сребрара во чаршија. Најлесно ми беше со кумата, кумот и старосватицата, им дадов релативно одбрзани раце и не гледав нешто до денар и не сакав да ги ограничам иако знаев дека се скромни и нема да претераат. Старосватицата си одбра комплет од обетки, прстен и приврзок а јас и докупив и ланче по моја иницијатива. Кумата ептен се нервирав што и беше незгодно да бира и знаејќи кој часовник најмногу и се допадна го земавме тој без размислување за цената, кумот оддбра саат од 2000 го гледал најефтиниот ми одеше да го истепам :D на крај јас го довлечкав да види нешто што мислев дека е по негов вкус и во заедничка консултација одбравме. Старосватицата исто беше дирекно во сребрара и одбра и тие тргнаа на страна а јас само отидов и купив со голем мерак. Значи полесно амин, кога знаете некој што точно сака. Од кумовите јас добив кожна мона чанта која ја обожавам а сопругот одбра опрема за возење велосипед исто така по негова желба. Бевме презадоволни. Од свекрвата и свекорот бев дарувана со злато кралска сплескана плетка ланче и алка, обетки и прстен од сопругот нормално :D како веренички. Ме изненади и деверот кој ми даде преубав парфем и покрај парите кои ми ги даде за чевли, чанта и слично. Мислам дека горе долу тоа беше иако можно е нешто да сум заборавила бидејќи беше пред 2год а имаше доста ситници. И јас и сопругот си се дарувавме со бовчи со работи кои сами си ги одбравме, комплет бањарки, тренерки, патики, пижамки, јас имав и кожна чанта од Мона во бовчата, долен веш, се сама си одбрав и навистина ми дадоа одврзани раце и толку многу пари се расфрилја што веќе пукнав од мака само купувај купувај и ми викаа малку било :tmi: . Моите го даруваа сопругот со злато исто така покрај бовчата.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  10. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    180
    За кумот саат чинеше околу 100евра исто и за старосватицата за нивните дома бидејки не се мажени зенети едно шише алкохол и бомбониера за свкрвами свекорми менгуши и саат значи се беше скромно колку да се одбележе бевме така договорени без многу трошоци се си дадовме пред свадбата без камери фотографи и што ке кажат другите :D не се секирај и не се ставај во многу трошоци битен е чинот или по нашки адетот да се запази
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Е заборавив да пишам, што купивме :)
    За кумата (на бебуш, не сакаше буквално ништо, но ај за да одбележиме барем малку од адетот) земав по нејзин избор шалвари(какви што си носи она и тоа беше нејзина желба), по моја желба уште еден пар кои ми се допаднаа и ми беа баш како за неа + украс што знам дека и се допаѓа. За сведоците (наши) си сакаа постелнина, ми кажаа одприлика каква боја, па тоа и земав + за детето гардероба(4блузи, 2пара панталончиња) и играчка.
     
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Еве Сноу, јас се самоцитирам за да видиш јас како ги решив. Плус купив поларно ќебенце за баба му, и пужами од Стружанка за дедо му. Они така си сакаа, да не ме трошеле, што да им правам.
     
  13. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    морам да ви казам мене сто ми се слуЧи за свадбата моја :@

    сакајки сите да бидат срекни и задоволни ја испотросив мајка ми со скапи подароци и усте ми е криво
    на свекрвата и ,,саканата,, кума им купив ланЧиња од сваровски
    на кумот,деверот и старосватот Часовници swatch,на свекорот тренерки адидас исто тоа и на двајцата брака на мм и зосто за на крај да си слуснам муабети од кумата како ке оди да прасува и проверува дали ланЧето е навистина оригинал :o и ланЧето на свекрвата да го најдам на место каде сто секој мозе да бркне и да го земе...знаЧи сега кога мислам на тоа после една година си викам како не им купив по едно кебе само да изгледа голема бовЧата затоа сто тие двете тоа и го сакаа само :D
     
  14. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Ме изнасмеја Helen.
    проверувала дали ланчето е оригинал :))) хахаха...стварно некои луѓе не заслужуваат...
    Иначе, и јас се испотрошив за бовчи...За свекорот и за деверот саат, за свекрвата чанта од мона, за кумот наочари, за кумата - алка, а за старосватицата - прстен сваровски....Се оригинал :)
    Се на куп, околу илјада евра, а да не зборам малтретирањето, шетање по цели денови во сите можни продавници во скопје и пошироко...стварно незнам дали вредеше, поготово кога го прочитав постот...
     
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Јас со сите доро поминав, освен со една особа која не знае да цени ништо што ќе и дадеш, ама пак не ми е ни гајле, за неа онака рандом купив, најсериозно. Иако се потрудив, и скапо платив, некако знаев дека дали ќе одберам нешто од 5 000 или од 50 000, она мора да најде маана, така да баш ми е гајле. Исто треба и на вас, да не ве боли увце ама ич за Петко и за Станко, вие направете си го редот ако сакате, и завршете со чест спрема нив. Останатото, гајле ви е!
     
  16. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Сеуште незнам какви ќе бидат бовчите, дали класични или пак со по еден вреден подарок. Им дадов опција сами да си одберат. Доволно сум блиска и со кумата и со старосватицата и планирам заедно со нив да ги правиме бовчите. Ќе има кажам колкав ми е буџетот и тие самите да си одберат што сакаат. Истото ќе го направам и со свекрвата и со золвата. Кога веќе купувам барем да знам дека е по нивни вкус. Кај нас ќе ја има таа „примопредаја“ на бовчи на денот на свадбата за тоа што знам дека на сите повеќе ќе им се направи меракот така отколку да им ги дадам посебно :lol: . Бовчи ќе спремам за вереникот, за неговите (комплет со сестра му, зет му и внукот), за кумовите, за старосватицата и за деверот.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Вчера сите ги стокмив со поклони...уште деверчето остана.
    За кума
    За кум,само незнам зошто на сликава е покажана како кожа, кога е целата метал многу убава плетка.
    За старосват, во самото пенкало има и USB 4GB
    За старосватица
    За ќерката на старосватите
    А за нивниот син (3 години), хеликоптер што лета - тоа сакл, барал моментално.

    Остана уште деверот, тој бараше саат. Па ќе видиме дали ќе најдеме баш каков што бара.
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.463
    Допаѓања:
    37.693
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе. Моја братучетка не се замараше со бовчите. За кумата и старосватицата купи по една ташна, за кумот кошула со кравата, а за старосватот дуксер. Тогаш ми рече - мое е да им купам нешто, а они што сакаат нека прават со тоа.
     
  19. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    4.039
    Јас на кумот и кумата им дадов по 100 евра(вк.200евра значи) убаво спакувани во кутивче им ги дадов, на старсватот 100 евра, на деверчето 50 евра плус му купив една кошула знам му се свигаше многу ова значи си се договоривме ние така..мислам дека е сосема ок. Гледам девојкава (snow-queen) погоре шо постирала што купила според цените некако е малце за кум и кума тоа али секој како си сака. Со оглед на тоа што кумот носи навистина вреден поклон и не само тоа кум многу се поштува , треба малце повеќе :)
     
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Не постои малце или многу! Кој колку му е чергата, толку пари ќе потроши. Јас може сакав стан да им купам, ама за толку имав пари, тоа беше најдобро што знаев и можев. Кум, кума, ОК ама не значи дека треба во долг да влезам за да купам незнам што. Или па стотици евра да им давам. Потрошив колку што МОЖЕВ а не колку што САКАВ. Истото важи и за Сноу, толку скромна делува на форумов, колку што можела толку и потрошила. Ако некој станал кум/старосват за поклоните, јаз'к. Исто важи и за оние кои прават свадба за пари и поклони. :o
     
    На Trendafilka, Snow-Queen, tinkerbelll и 2 други им се допаѓа ова.