1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Братот на мојата најдобра другарка.

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од The.Girl, 21 декември 2010.

  1. The.Girl

    The.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Епа вака, братот на мојата најдобра другарка ме покани да се видеме, иако и двајцата имаме подолги и сериозни врски и сме израснале заедно. Се започна под дејство на алкохол. Беше тоа минатото лето и така, си кажавме се еден на друг, и од тогаш почесто почнавме да излегуваме на кафиња, но со друштво. Вчера прв пат ме покани да испаднеме сами, и јас без размислување прифатив, ве молам женски помагајте!!! Ве молам дајте ми искрено мислење за оваа ситуација, која е целта, и дали воопшто има некоја цел? :?
     
  2. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    па тешко од тоа нешто да бидне, а и другарството со најдобрата другарка можеш да си го расипиш...јас не би се осудила на такво нешто, а сум паднала во таква ситуација...некако не ми беше нормално затоа што како што велиш ти и ние израснавме заедно па го гледав и сега го гледам како брат а тоа и го заборавивме веке , тогаш бевме мали по 15-16 год...
     
  3. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Јас мислам дека прво треба да размислиш дали има некаква иднина сето ова што го правите? Сега незнам дали станува збор за љубов или за да се гледате онака??? Прво ако станува збор за љубов и си сигурна во тој случај прво решете си го проблемот со сериозните врски, бидејќи другите двајца не заслужуваат да патат. Само мораш да размислиш дека на таков начин ќе го изгубиш дечкото и врската кои ги имаш, покасно да не се каеш? Втора работа е тоа што ако работите не испаднат како што треба може да си го уништиш пријателството и со братот на другарката со кои сте израснале заедно, а во најлош случај и со другарката!
    Значи размисли си убаво пред нешто да направиш, дали ќе се откажеш од дечкото и сериозната врска или ако не испадне најдобро од братот на другарката, а и без дечкото секако ќе си останата?
    А во врска со гледањето додека си со дечкото истовремено и со братот на другарка ти, не го оправдувам, бидејќи од седење на две столчиња на земја се паѓа на крајот :)